Еј девојки ај ке ве молам да ми напишете нешто на ваш дијалект. Имамм за домашна,ама незнам што да пишам.Некој текст,песна,раксаз,состав.Што и да е.Ке може? :geek:
Девојки ај ке ве молам да ми напишете нешто на ваш дијалект. Имамм за домашна,ама незнам што да пишам.Некој текст,песна,раксаз,состав.Што и да е.Ке може? :geek: Ако ве мрзи нешто мало,2 реченици барем,поговорка некоја......што и да е само на дијалект.Ај ве молам.
Си била една момичка била ного убава , ама била ного лоша.Сите кога ке а виделе право са заљубувале во неа.Ама ваа толку са ценила и не сакала никој.Сите што и кажувале оти а сакат она ги одбивала.И нејнта реченица била Ха!Мер не са погледнав ти каков си а јас каква сум?Стварно мислиш оти јас би била со тебе?!И така ја после неколку години оште сама е .А ми стое оти и сама ке остане до крајут на животут. са надевам дека ти помогнав.
И ете га најпосле т'ј славан 2. Мај. Будиш се рано од сабајле од шатор и гледаш дека лединка на коју деца си играле до синоќа е преплавена од људи, свак дошја што порано могаја за да фати боље место. Затој одед'нпут, простор за дишење ти е скучен, и трчиш брже-боље и ти да распалиш скару, иначе фатисва ти га и т'ј мал простор што ти останаја. Фрљаш поглед наоколо, и просто не ти се веруе: дошле зурле и тупани, рингишпил само што не почнаја да врти, сергије су веќ спремни а наоколо се шири испомешан мирис од шеќерну вуну и ќумур од скару... Ммммм, живот! И све тој пред 8 сат сабајле! Деца су веќ спремни, па или си ги нашле другарчиња од школу што дошле на еднодневан излет, или веќ се организирале па сви заедно идев од сергију до сергију и играв томболу да ги се падне некој тракатанац, или па собирав паре да купив сусамчиња и ушеќерени јабуке. Веќ е пладне, а оро се развржало. Снајке ситнив ли ситнив, док мушкарци га там'нив веќ четврто пиво, расоблекле ги кошуље и седив по бели домаќински маице, а на главу сви натакнале по едну молерску капу од новине пошто сл'нце веќ жеже... Док да се освестиш, скара е готова и деца пробуев да играв топку док влечев кременадлу од уста, а мушкарци веќ мортус пијани исполегале по жбунови и ниско растиње и тражив сенку да отспиев по едну, пред да се смркне и да мора да се враќав дома. Звук од зурлу пол'ка га заменуе звук од хармонику, па после тој звук од жагор на људи како пол'ка си га прибирав циганл'к, и на крај остануе само звук од реку која едина остануе сведок на луду чурљаву што се збивала за 2. Мај... Извор