Да се јавам и јас ево и да ви пратам еден поздрав од Охрид шо прајте,како сте? шо имат по другиве делој од Македонијава? појлите на викенд, дур немат почнато да врнит секој ден ко некој со тенџере од горе да туриват
И јас сум тукааааааа. Лелее да видите како врнит овде! Жива среќа шо не требит вечерва ни утре нигде да одам, иначе потоп ќе се напрам. Ко со 10килни лонци некој да турвит, не е нормално ова.
вака незнам од кога немат врнето! ко излегов од кола дур да стигнам во кафичов жива вода се напрајв.. да не прам муабет ко си одвев, се цедам дома сега.. се збудали времево! едит: го зареков времево со претходниот пост, уш еднаш не си фаќам работа со него.
Јас ами петокот, од нашкола до Мини Маркет комбе да чекам ојдов, ко турвеше најпојќе. Де трчав де одев, не знаев и јас веќе шо да прам. Пак ни стреа нигде немаше, Господ да чуват. А ко слегов од комбе сонце огреа. Ебати среќата. Кј вас шо имат ново? Како школоно?
шуќур јас барем петокот од дожд куртулив, баш ко излегов од нашкола сонце угреа Кј нас нишо ново, сите нови професори ни дојдоја и некако поглупо ко ќе си 3та, не е толку интересно. Мојш да не посетиш некој ден, не ти забранвиме . Ќе те частиме по еден лахмаџун. Или појќе преферираш донер? Како кј вас со прва година сега?
Нит едното нит другото го знам, ама ко ќе дојдам ќе ми дајш да пробам од двете. Ќе си платам, фер да е. Со прва .. глупо. Таман се навикнав со овие трета шо се сеа, си се запознав со појќе деца и заврши годинава. Факт ап .. Ама ај догодина пак заедно ќе сме, милина. Овие од прва (женскиве поготово) ми се кренати многу, шознам. Зад школо пуфкет, се прает фраерки и ходницине ги мислет модна писта се, ама наа, ќе ги видам ко ќе им дојдет униформине шо ќе прает. Се чекат екскурзијана кј нас, топ тема ни е то сеа. Ајде уш малу, 20тина дена негде и заминвиме. Вие ќе ојте негде годинава?
Абе овие помладиве генерации как шо идет средно мислет одет на избор за мис. Страшна работа! Ги гледам и јас кј нас, вртет со косине нешо се прает и цигарено незнајт да го држит ама викат дека пушит. Господ да не вардит од такви фолирантки. Фала богу шо не се сите такви. На екскурзија ќе ојте? Блазеси ви! Кде?? Ние годинава незнам дали ќе ојме негде. Знам дек онаму кун мај се ојт Турција за факултети да видиме ау бау нешо, а вака ак се организираме ќе ојме ак не никому ништо.. Убо да си помините! Умот в гла!
Стандард: Прага-Виена-Будимпешта-Карлови Вари и можда уш некој, незнам.. Тука ќе е умот, ќе си го чувам нон-стоп.
Убо, си си промуабетивте а? Охрид уште врнит? Скопје врнит али не цело време.. ајде ако ми се пружит шанса да си идам викендов што следит Охрид, ми фалит.. Вие арни сте?
Мораме на фемина вака муабет да прајме, зш во живо нигде немојме да се најме Охрид де врнит де не врнит, нон стоп се менвит. Во еден момент дури и сонце угреа. Јас сум арна, демек ќе фатам да учам ама нишо ич! Времево ми е само за спијање Ти арна? Шо имат по Скопјето?
Аристокет а ти Охрид живејш? Кое годиште си? Скопје исто, де врнит де не врнит, али сонце уште не се појавило, а и не вервам дека ќе се појавит денес.. Исто и мене, нит ми се учит, нит ми се работит, само за спијање е работава..па и да излези човек неможи лом ќе се напраи, ево веќе неколку сати врнит..аман времево, а вечер треба да излегвам.. Ајде, ваљда ќе си дојди на место за некој ден.. Идам да се кпам ја, али не венѕеро, туку во када
да, Охрид живеам и моментално сум трета средно а ти? Наздравје да ти е кпењето, за кпење војзеро ќе почекаме до Водици
Јас Скопје живеам и сум 1ва факс сега Фала ти, ајде убав ден на школо утре..мене ќе ми е прв ден утре, уствари на сите шо се факултет па ќе видиме како ќе иди работава В гимназијата учиш? Имат Охрид љуѓе? Мојте се вратија денес од Охрид, убаво било иако врнело, али езерото било мирно.. ајде можи идниот викенд ќе одам ^^
Со среќа на факс! Иначе не учам гимназија во Охрид.. Во Охрид немат појќе љуѓе и досадно станвит.. Немат појќе шо да се прајт Ск како е? Журки нешо таква работа?
Фала ти, исто и тебе на школо Еј немат, ќе се дружите со Охриѓани..сеа туристи знам немат, не е гужва, али љуѓе мора да имат Ск е супер, бар засега..Имат журки и те како..за тој што сака, ќе најдит и в пустина ако требит