ај море љуѓе кј сте? ретко некој да напишит два три реда во темава, а една од поинтересните е Шо имат по другиве делој од Македонијава? Ученици, се навикнавте тро со школава? Мене ми фалет уш 2-3 месеци распуст, не се одморив доволно. Поздрав и имајте уба вечер
Ко можи сега да ја гледам темава хахахах. Си се изнасмејв со дијалективе значи се има низ Македонијава. Струмичкио ми е најтежок за разбирање . Инаку вечерва дома че си седам че си се досадувам и така... Отепав и јас малку Прилепски ама ко вејче зборуваме на дијалект можам слободно да си пишувам овде.
Охо ,наеде се како свиња сг ме боли стомак , ама добро е .. Како сте ви? Што ќе се пофалите Куманово , Куманово <3
Кој сее нафаќа да ме научи кумановски ке му бидам благодарна до крај на живот хахаха мору да га научу (и ова не ќе да е точно ама ај..) :geek:
Ева човеци јас не ја бех видела ваа тема .Ако ако убаво со ви текнало .Саках да ви кажам нешо ама забрих со беше ,несто денеска сам како расеана
Тешка работа кој ќе не разбере нас струмичане. На охридски ќе стааш едно т на крајо и право охриѓанец си, наместо џам ќе кажаш пенџере, тенџере, такво нешто и скопјенц си, ама со струмичкјо нема зафрканција тва тее тотално друг јазик од тај литературњо. Ја си у Струмица, ја си у Кина исто ти се фаќа коо прааме маабет за разбиране со народо. Ај мош некој друг пат ак ми текне па ке пишам до тогај бацовки до сите.
Еее па блиску сум била а може да ми кажеш како се викаат некои општи изрази како што праиш како си и некоја смешна реченица за да ги зезам сите
И јас как Black Piano ќе си поговорам малце на Струмички да ми олекне на душата, тва литературното веќе омрзна ми, само незнам шо да пишам. Стемна ме а треба лектира да пишам, тва невремето и професоорто ги наљути та бапнаа ни по едначка. Ај чао до другио пат, ак ви треба преведувач од Струмички, слободно кажејте ми
зш нагоре? надолу не се излегвит? шала на страна, поздрав од дождливиов Охрид шо уш малку ќе муфљосат од дожд! требит книга да фатам неделава саде тестој сум гла неможам да кренам ама пуста мрза! имајте уба недела
добро и гивгилијскиут не го разбират ного љуѓе,ама ако. вонка туруве дожд, ма направи дудуле, ако барем вода видех ај сеа един поздрав од гвг ке пишум и друг пт
Извини сега видов :geek: Епа : Што пра'виш ? Како' си ? Куде' идеш ? (тоа ' ти е акцент ) А некоја смешна реченица сега не ми текнува да ти кажам , тоа некој што живее со постари луѓе што употребуваат такви стари и смешни кумановски изрази (а да , како на пр. наместо зборчето "само" старите викаат "сал" )
Што правите , форумџике ? Много сте неактивни у задњо време. Ја дојде да ви кажу по некој збор на кумановски . Искрено , много ме нервира овој невреме , негативно ми се одразуе на расположење , ама гледам да попуну време на форуми и други стране . Па ајде поздрав , па ваљда ме разбрасте нешто