Да на кумановски или паланечки се пишува и изговара Слбице . И се однесува на дрвени скали за берење на овошки.
Да овој збор на паланечки е дрвени скали за берење на овошки, а бетонски скали се викаат степеници на паланечки.Ако не е тајна од каде од Крива Паланка е твојата баба?
Мислам дека се викаше Добри Дол, ама барав на карта да проверам и го нема местово таму сигурно сум помешала. Ми кажуваше баба ми дека ептен било ретко населено местото, куќи преку километар, тоа до '52ра некаде, после тоа се преселиле со дедо ми во околината на Скопје.
Јас имав баба по потекло од село Отошница, а живееше во село Петралица. Додека другата баба ми е од село Псача, така да јас сум чистокрвен паланчанец. Инаку и мојата баба со дедо ми исто тој период дошле во Скопје. Инаку селото од кај што е баба ти изгледа се вика Крстов дол. Јас овде на фемина пола што ги најдов и запознав дознав дека ми се земјаци.
^А можи и да сте роднини,а појма да немате дека сте Туку,шо си прајте бе луѓе,гледам умрела темава,толку не ви се збора на дијалект бе? Многу литературни сте станале,по по поооо
Отвори портите и кепенците за видело да вденам петличето за на блузето и копчето на кркма да го клавам. Па да ом аџеле по чикмакон до гранап не се можи поќе без локум тутун чакмак и стило Еми така е ко ми се пие тутуно. Ами чакати нема а муфте не дават. Шо таксират ме фати без чакати?? Аххх па ќе ми збораш што си уљандисана? Чактисва?
Ам ништо чудно мор,отприлеп сум ја... Леле море 2 дошло,а ја гајле си немам Кој че станува утре уште во 8 сато
Ова па @CaraMia изгорена е да збора ко мене ти мори да не имаш некој корен од ваму чим збораш толку убо @kikkki ете видиш,те сетиф дека комшивче ми си знаев по она ЧЕ оти от Прилеп си
И корен од таму и лавот мој ми е од конзулскио град. Але ке ти прекажам се ко ќе играме зарои или бељот.