Е баш ти фала, Guinevere . Има еден колега на факс што така ми е симпатичен и го слушнав баш кажа така и си помислив дека е од Прилеп, ама не бев мн сигурна. Сега знам дека е Прилепчанче Позз
е не мора да значи ние у тиквешијата си викаме исто така че и: чоам че јаам че доам а ? ги кратиме сите зборови па пази може некој кавдарчанец или неготинец да испадне. а знајте ли да ми каижте животно со 5 збора секој збор со два слога а ? хихихих ај мислите со таа главата
Ај јас само да ве поздравам и да ви кажам дека уште едно прилепчанче се јавува на рапорт. Ај ом сеа да преспијам оти сеа си дојдоф од факултет и че збудалам ако поседам уште тро...
Мислам дека не е од тиквешијата, некако поинакво е вашето че од прилепското, кичевското и тие од Западна Македонија. Овој си го кажа така убаво, цврсто тоа че . Ај да се надеваме дека набргу ќе откријам од каде е
Moре таман си помислив ја единствена грајџанка од Прилепов сум, глем имало и други тука. И вистина е она дека прилепчанкиве по нојчниве смени сме. И јас нанојче дремам тука
Чупчиња битолски кај сте бре, никоја да се разбора битолски. Иначе јас на факулет во моја генерација имам само 2 битолчанки и то бааги некомуникативни, па цело студирање со скопјани сум. Редовно ми се смејат за: ќе дом, ќе ом, ќе јам, ќе прам, пеесе, шеесе, але шо прајш, аемесен, и уште еден тон извлечкани зборој. Сме пееле битолчани, не сме зборале. Имало и интересни случки од типот одам в продавница и барам ТРУЛЕКС, а продавачот се смешка под мустак и ми дава ДУРЕКС. Имам објаснувано 100 пати до сега шо значи ПРЕКУ ТРУПА, редовно има смеење кога ќе спомнам нешто од типот ПО ПАТО ПРАВО. А да, и ПУФЛИ имаме а не ШМИЗЛИ и еден тон КАБАДАИИ
Конечно прилепчанка во темева. Едно време не имаше тро појче, па ни се изгубија. А пинк4евер да, прилепски е