Аааа можда си од Тетово, убо рече Теодора. Само она дејќе ме збуни, јас го знам ко дејче Иначе одма ќе те провалев, сВите да си знајте!
Хаха епа и горе у текстот што го постиравте нели имаше „дејќе“ (множина од девојки) споманто...па затоа...
Ам‘ не за друго ние не од шо сакаме да чашитвиме тук од чисто развивање на туризмов ви ги шпијунираме дијалективе,шо велиш ти Ливинг,м?
Абе ние полиглоти сме, шо ти е тебе Имат нешо шо не знајме? Немат! Можда не не’ сакет, ама ни е гајле. И без Т збор не бидвит Вајлд Грл убо е, дојди в Охрид да видиш, само пази во кое такси влегвиш
Ам‘ сега за сакањево шо да речам,нек‘ не не‘ сакет,ама нек не не‘ пЉукет безврска,ко демек ние никого не сме сакале?! Ам‘ јас знајш колку си се сакам сама, па никој толку не мојт да ме сакат . Абе,абе само муабети да се извавале,за инет,не за друго .
хахха девојки ама ме насмејавте..него јас ептен бе тапа сум била со други дијалекти охридски тетовски аииии да пукнам ако можам пола да изговорам од тоа што сте напишале....
Мори Мерлинке не греши душа. Љуѓе се викат, а не луѓе Ај да едитирам: Охриѓанчиња видовме дека не’ имат, тук кажете Влашкамалки дан сте? Од к’ј сте поточно?
Е мене ме подизмами,мор Мрелин не ја видов Љ дек ја немало во љуѓе!Убо шо те примети Ливинг ти нешо ко да шпијунираш ми стојт работава,м?Дан‘ си од Преспа или Дојран пак сега овде финти ни прајш? Ливинг,јас сум од Даљан и езероно ми е на нецели 5 минути.За инет сега ќе се фаљам дек ми се мојт!Е,не .
Бре, чоек ќе излезит на два сати и одма пропуштат нешо. Блонд не' замами со патлиџанине џо поевтини биле таму и се изгуби. А иначе колку е интересно, појќето шо ве читам често сум навикната литературно да ми пишите и сега ми е чудно ко ќе видам познато име кај шо зборвит на охридски дијалект Иначе не' исколнавте за убово време и ни' заврна и овде Ц ц ц, све бре против охриѓани се собрало
Абе ме пресмеавте, ама доста чашитвите од вас човек да не можит друго да си работит. И не туку се занесвите, зш не ви идиме летово
Каков Дојран, Преспа, какви бакрачи... само Струшко крајбрежје признавам. Е така да си знајте, ак ве прашат некој... и не ме нападвите сега, греота сум, сама да не се опервам од бранење... живи леб
Ај мајката ам‘ сиВе се разборвија охридски,работава ми е сумЉива дури.И виде Нелче усти неубај и времево ни го расипаја.
Нелче комши остај ти овие источњациве шо си ги фалет патлиџанине, не си может со охридскине. Јес да се поскапи, ама равни им немат. Плус в двор си ги растиме, најслатко е ко ќе си скиниш и ќе си касниш. Туку пред некој ден бев на кафе излезена и не знам шо ни текна, Ројал седнавме надвор езероно да го гледаме, и колаче ни дадоја со кафето. Секој ден различен колач имало, 60 денари е колач и кафе, 50 чај и кафе. Јас ко бев имаше касато колач, големко така машала, ко џа’, и ногу убо беше. Да ојте. Ем кафе ќе се напиете, ем благо ќе јајте. Кој ти дават колач беспари? Ти мор Сеси откај ни си?