Мојт, оти да не. Праќам кај што сакате или кај мене. Ак си за чоколадна со лешници, бадеми и плазма, идај слободно, додека имат.
Јас изедов едно парче, не можев да чекам да стегне. Погодена е, сигурно. Затоа давам торта аххаха....
Се собра друштвото. Добро е! Ај , да не кажувам оти ќерка ми свеќа дуваше на тортата и две кучиња си стави во шлагот.
Да знајте, да ви кажам- ко ќе имате деца, секоја торта мора да е со свеќа. Инаку, не бива , работата. Мора да се пее песната, плус. @coki35 Поминат и е роденденот, но меракот да дува свеќа е поголем.
Супер тема за дискусија и дружба, ајде , да се потсетиме какви родендени сме имале ние. Да се посмееме малку. Јас, некаде 2 одделение си го поканив цел клас на роденден, дома. Страв ми беше да кажам што направив и си молчев. На мајка ми и кажав дека ќе дојдат децата со кој најмногу се дружам. Тазе преселини на горниот спрат од куќата која додуша беше во фаза за досредување. Си спреми мајка ми масата и таман после школо сите дома кај мене. Тоа, хаос се створи дома, едни девојчиња( група) се заклучија во тоалет, друг дел слегува по скали горе- доле, едни играа ,скокаа. Мислиш роденденот на палавковци се дешава. Хаахх им текна и на баба ми на прозор да и тропаат.
Мама секогаш ми правеше торта во некаква форма. Дали то ќе беше зајак, куче, маче не беше многу важно. После едно време почна да прави со оние готови слики лепенки за торта. Полесно и беше изгледа. Ама еднаш неуспешна и беше сликата, измачкана се преслика на тортата. Некој години за роденден нарачвеше торти, еднаш имав со кочии и принцези, многу лична беше таа. А еднаш, толку беше неуспешен пандишпанот, го издробивме, фил и напрајвме ,,бомба" торта. Таа цела беше за тато. Се нагости тој. Ние друга печевме.