Шо е ова цела тема охриѓанки ја изнапишавте Туку овде са спремат да врнит, ма нервират времево и ладно е Арно Петок шо дојде малку да одморам од ова училиштево, ма нервират и Понеделник не учиме, радостии
Ту, бре сиве да се бунеле смо знает, ам није не ви браниме да си пишите и вије, пак ќе речам јас по 101 пт нек ме карат ак сакат Сеси зш се повтрорвам, ама све ова ради љубомора шо немате езеро е, не од друго, башка није вака скратено ко шо си зборвиме и простор заштедвиме. И Ливинг, точни ми се годините на профил .
Море ја посвоивме темава требит озбилно да ја прекрстиме Вистина Хипи, не жали се шо бил стар, битно ти поделил комплименти, камо мене да ми поделеше некој денеска, одма ќе пишев во темана: Да се пофалам. Е кај шо спомнавте кафе, морат да се напија едно сега, вчера за јадење, денеска за пиење, којзнајт утре шо ќе бидит тема на муабет
Ти мор Волфче само дојди си, кафе имаме не го жаљиме за тебе. Е сега , во помало фиљџанче ќе ти дајме, знајш од оние охрискине за гости шо ги чуваме, едвај да го фатиш со два прста. Ам арч е, не за друго. Туку ај јас да си пушчам филмче, се сетив на Blue Skies одамна го немам гледано... Ај шом сме на филмојве - она киноно планирет некош да го напрает асално да мојме да ојме без да не убиват промајана и на сред лето? А Сеси мојт да е од Битолана, шо знајш.
Ам ак не за филмој гледање си имат и друга примена киноно - ак сакаш да настиниш и да се разболиш да ојш таму.
Ко сме на тема пијање знајте Варошанец како јајт јогурт? Ем сега си велите види ја оваја згрешила пијат се велит, не јајт, ама не е грешка. Зш јајт јогурт со виљушка за да му останит, е така да знајте. А шо им велит на гостине на сјодвење- „Шон останавте ќе изваев и рипче и ракивче, ам ко сте решиле да си ојте шо да ви прам.„ Тук убо шо си ја имаме Ким од управава на форумов зш ќе не избркаја од темава зш вистина ко смо није да сме овде присАтни.
Ам ова не се однесвит смо на комшиве од Струга, пошо го делиме езерово, а за останатите и да имате нашено е поголемо, подлабоко и со појќе уникатен свет во него а за најубо ич да не спомвам то и врапчињана го знает !
Охриѓанки поздравувам ве и морам да ви кажам епрен ми фалеше Охрид пред некој ден. Абе сонце пекнало и си викам сега само у Охрид да си у КАДМО на кафенце на платформата убавини после кафенце прошетка накај горица1 абе убавини и на крај сладоледче од Летница или од Палма оф оф убавини
Не е така Тодорке то за варошаните, туку ам шо станавте да си ојте и риба ќе испржевме, или жено дај нешо за јадејне можит гостиве сакет да си одет имат ушче ама ај да не ви досадвам.
Да си ја напиша сабајлешнава случка Ода ја нашколо денеска сабајле, а требаше да пра писмена работа по македонси, арно ама су ја заборајла тетратката за писмени и слага долу гледа другаркие ме чекаат, а ако не брзниме мојме да закасниме и само што слегов долу одма ми текна дека ја има заборајно дека не ја стајв/кладов в ташна и ода до нив затрчана и ми текинат и со трчање се враќа и им вика чекајте одма се враќа. И така ја шпринт со трчање назад поскали, отклучува вратата, влага ко фурија внатре со најлонот од физичко в раце зема набрзина тетратката заклучува и пак назад со трчање кај нив. Ме сретна комшијана и ми викат Лукс кај брзаш толку да не си за со кола? Не, не брза ме чекаат и со трчање задишана кај нив појдов и им вика, ај сеа да брзниме оти ако се повлечкаме уште малку ќе не запишит.
Ете Кичевчанка, Лукс ве барав вчера на темава, така да си знајте. Е богами, јак ви е дијалектот, ев признавам.
Море сограѓанки мој, ко ќе ви удрам еден ќотек, нишчо да не се знаело од охрицка култура! То со рибите не го викет Варошанине, туку Пештанци, е така да си знајте Иначе Волфче во Скопјево сум јас. Претходниот викенд си бев Охрид појдена.
Јак ни е јак, ато лесно се препознава дека ваму на запад е, да беше кон исток од трет пат ја не ги погаѓа, интересно ми е ко ќе слуша некој да зборуват на дијалект, сите дијалекти интересени и специфични на свој начин, ама овие западниве, југозападниве посебно си ги сака
Ајјјјј,Кичевчанка колку се израдвив, ам јас ептен си го љубам кичевскиов, појќе да ни прајш муабет, убо ? Амор, јас бев да се кпам, ама дома во купатилово, дан помисливте во езероно. И заборајф да напишам зш морат да се имет калци за влегвење во брак. И калците близу до брачниот кревет да стоет, на дофат на рка. Спијате двајцата, ниедновреме е. Тој-„Станви,мори,станви!!!„ Ти-„Шо, бре куќава дан горит???„ Тој-„Не, мор јас горам. Види ноѕеве колку ми се ладни „ и се кезит ко зелен. Без „ко„. Ти пушчаш рка изваваш калците и со ваков опуљ му вриштиш најљуто шо мојш - „Земај калциве и да си се стоплиш, а мене ак ме разбудиш уш еднуш на сред нош бел ден не ќе ти се видит,РАЗБРА„ .
Убо, убо а што се тие калци ? И заприметувате дека многу зборој што ги имат во нашиов јазик се изговараат различно во различни дијалекти, добро имат и многу исти, ама некои одредени пример ова калци ја појма нема шо е ?
калци се еден вид на папучи. Плетени се, и не се ни чораби ни папучи, нешо измеѓу се, как да ти објаснам не знам, еве Теодора можит ќе знајт пубо. Ак сакаш имам дома сто пара, баба плетеше ко на норма, ко ќе дојш ќе ти дам едни.
Не зна како ги викаат, ја ги зна ко волнени чорапи, глеаш ни на крај памет немаше да ми текнит дека се чорапи