И мене ко така ми стојт работава, Ливинг, плус ја вкопав пред малку на темана за Економскион факултет од Прилеп имаше остаено мислење, не беше сеа за факултетот, ама пак шо ја влечит натака, не ќе да е џабе,м ?! Абе ќе ја чашитвиме упорно, све негде ќе се издајт! Сеси,да,да за Битола шо велиш,м?
Леле па зош да се затворе темата? Нека се преместе или у кафе муабети или па еве у насмевка, ама да си прајме муабет пак...И онака виа муабет не е ист со муабетот шо се праве на чет обично, поинаков е малце, па се се врте околу градовите и дијалектите. Ми треба сега едно смајли шо се моле за да а замолам Горде да не а затвара темата
Амор морав да пишам се пренервирав, ак не и одел факултетот право не чинел, ај јас пример студирам во Штип и не положам нишо и веднаш отварам тема дека не ми чини факултетот А остајте ме веќе шо е битно од к`ј сум мојт сум од Крушево од к`ј да знајте
Никој не рече да се затвори темата. Туку почнува да налкикува на два три реда муабет, а за тоа се има чет. Доколку имате нешто специфично да кажете на дијалект, некои контрасти на зборови, како е во едниот дијалект, како во другиот, па да се направи споредба. Тоа сакаме да го кажеме
Башка, грд ми е изгледон на четон, вака пубо ми е и попрегледно кде-кде. А да организираме петиција за незакључвење на темава, ево јас сиве цветчиња ќе и дам ак‘ требит за то темава да не се затворит, со мене сте, аљ не??? И Сеси не те оставаме ќе ти се залепиме ко пијајци дур не дознајме, е сеа олесни си самата па признај и сеа ќе требит ко Мето да пцујам, ам ај ќе се контролирам џо...
Еве и ја мојте лајкови ги давам за да не се затвара темата! Дигам две прстиња Реинбоу, ама добро еве и да не а затворите ни викате да пишиме помалце, а нас баш тоа ни е интересно, и вака испаѓа дека од две зла треба помалото да го избериме, ама алчни сме ни, сакаме добро да избериме, неќиме ни едно од лошите АЈ нека се преместе од тука, а ни еве че ветиме дека тука само вакви глупости че си пишиме и нема да ги занемариме другите теми, оти колку шо знам, на два три реда муабет за тоа беше затворена нели? Еве ја давам чесен пионерски збор дека ја нема да придонесам ваа тема да стане каа два-три реда муабет
Или па нека се отвори тема -'' На два три реда муабет, на дијалект" и нека не се бројат мислењата од таа тема . Друг начин :- да си отвориме во форумски игри таква игра (тема) ионака таму не се бројат мислењата
сеси цело време ти ги читам постојте и никако да сфатам од ке си? за тебе зош сите дијалекти ги владејш на сите не избуна хахаххаха
Ти мор од Вевчани дан си Абе јас сум од секаде, т.е. се дружам со луѓе од многу градови и само снимам што зборуваат интересно ми е Ама за да не ме караат дека ја направивме темата како чет, јас се повлекувам од неа, само девојки жал ми е што не можете да сфатите колку е смешно, мене искрено ми се продолжи животот од смеење деновиве, ама сите имаме различна смисла за хумор, па кога не ни е интересно нешто ајде да го нема, нели Ајде останете ми со здравје, јас во живо ќе си зборувам на дијалекти, овде да не ја трупам темава
Еј знајте шо? Се осеќам ко мало момиче шо седело со другарчињата се смееле си играле супер им било, и на крај дошол некој голем и им рекол: "Шо прајте овде собрани ајде сите подома . Офтопик сте " Инаку, го поддржувам предлогот од Кате за да се отвори ваква тема на друго место, затоа што навистина ни треба, а оваа нека се преименува во "Дијалекти", па нека се обработуваат стручно.
Еј баш супер е темава, интересна е, ги прочитав повеќето постови и не е баш лесно да се препознае кој од каде е. За мене мислам нема да биде тешко да се погоди
Кој не оговарат бе да видам јас овде? Шо е ова? Кој велит дек немат Стружанки? Катка ја заборајвте? Ах леле...
Ме бараше некој? И ви имам стопати речено да не ми зборвите зад грб, нарочито важит за оние користачкине од Охрид, само за бурек долг босанЦки шо се...