Еееее алал да ти е, шо го имаш научено неговиот дијалект, ја не само шо го неам научено дијалекто на маж ми од Струга, туку има моменти го прашувам по 2 пати да ми повторе шо му значе некој збор , и он знае да ме погледне чудно ако почнам на мојо штипски дијалект Затоа по дома гледаме на литературно да збореме , хахахахха , жив циркус сме
И јас уште се чудам на некои зборови на маж ми. Го направи? Они викаат Направи ли го? Ќе го направи. Они викаат Ќе го направе. На некои зборови последната буква им ја кратат. На пример.. Турскиот кафиќ - Турскио кафиќ. Маж ми ти бил комшија. Од блискиот град е.
Е добро чим е од мојо крај, полесно ќе се разбереме. Добра ти е забелешката посебно ко ќе почнеме со нашето : ја беше, ти беше Нели пишував на форумо шо се подновиме за блек фрајдеј и купиме перде, арно ама долнио дел ногу длг беше и му викам на. маж ми ој да купеш крафици за да направам едно моделче ми текна у врска со пердето. И едно 15 минути тражиме на гугл да се објаснеме шо му тражам јас оти у Струга не ги викат крафица туку да ме утепаш сега не знам како го викат, уфффф тежок збор Кај 14:30ч ќе си дојде од работа, ќе го питам како викаа за крафица , ептен друг збор, никако не можеме да се разбереме
Те го те дојде и одма му се закачив на врато да го прашам за зборо како беше Ми вика. : чапраџе Ххахахаххахаха какво чавче бе нема шанси да го запомнам зборо. И тоа е, мора на литературно за да се разбереме ко човеци Гасам се сега, време е за ручок.
На мака се модераториве со вас, си го наоѓате патот, @st-el не знам дали ја видела темава, ќе ја запали со дијалекти
Абе џабе нема да ни даат и тука да си прамее мабеет ..зшо тка ни ја затворија трета смена не знам @Anyshka направи ли некој зелник или некооо пита тама.