Ак сакаш да се искапиш во крстена вода чекај сеа до водици амор мерлинке ние генерација сме биле лелеле
врска немам шо зборвите И не е фер вака ама ај. Спаркс нареден пат кажвам убавезно, без да кажам в Прилеп појќе не одам Ти Сеси не се секирај, ќе те чекаме да се вратиш. Еми тука сме кај ќе ојме. То е шо ќе прајш. Едит: сфатив шо била работата, ко некоја неонка се палам.
Кааај сте бе цуретини? Се шлаете а? Ја чисто онака да ве поздравам пошо така ми дое па да идам да глеам ова фудбалов, мада мислам почнат е веќе а? Ја уше не научив ниеден дијалект ко шо треба, али еве Ливинг и Теодора коа ќе ме подберат, има охридски да цепам ко да сум се родила таму. Најбоља ќе бидам! Со такви цури не може нишо помалку да биде чоек
Ќе те средиме ние, ич без гајле да си (смајли шо ги триет рацене и злобно се смејт). Само да ни падниш в раце.
Пирамидче, ам имат време до на лето све имат да научиш да зборвиш и шо требит и шо не требит, само дан добијаме цензура над темава после ...
Пирамитке ни ја не знам ни еден дијалект ко шо треба,дури ни скопскиов. Кога бев помала,мајка ми ме учеше да зборам политературно и едно другарче од улицата кај шо живеев ме прашало - Дали сакаш да искочиш ? Јас само сум го гледала бледо прашувајки се - шо збори детево ?! Ама откоа почнав со школо,попримив од дечињата па како-така почнав и ја да станувам понелитературна. А највише ми се бендисуваат ми се охридскиот,битолскиот,прилепскиот...ма сите тие западњачки говори! И јас би сакала некои од овие битолчанчињава,охриѓанчињава да ме поднаучи..Просто,дијалективе ми се музика за ушиве мои..(во случајов за очите )
Охрицки сакаш Розич , а? Не е проблем мор , немат појќе ШТО ПРАВИШ , имат шо прајш , к'ј си ? А з'ш така , з'ш така требит.
Зш пак, на струшки шо му фалит? Пример де Ај да ви пожелам убо утро и најубав ден, и уште поуба вечер, и умни да сте, и то. Мамичка ми е по пат... Еве сме ја и мамичка после пола сат
Аууу Мерлинке шубо. Ти теквит на онај филмон со Паца во Австралија ко ќе ојт порано ногу популарен шо беше? Таја како велеше "Ја без мајка нигде не ода". Така и јас си вељам, една е мајка де. Него сега шо ми текна. Од Лабуништа некој дан имат на форумов? Е то е дијалект, не вашиве. Ај она Вевчанкана ак дојт на темава можда ќе знајт некоја финта лабунишка, дек близу се де, гс и гашти се. Е шо да не не случајно?
Аморе Охријџанки, шо е пајнца или пајцна така некако? Имам една колешка овде и само пајнца та пајнца, и не ми кажува шо е то чудо, па јас одма реков овде да си прашам? Море лујџе ова Охријџаниве шо зборој имале да не можиш да разбериш шо зборува џанам... Ај че биди некоја љубезна и че ми одговори?
Ам ич не знам прао кажвење, не им редам ич кусури, пошто крајот не мојш да им го фатиш на тије вевчанците. Аман. Ја сакав да прашам, какво ви е временцето Охрид? Мама моја замина по работа нешо имаше, па ја да искористам да поманијачам овде. Убо ми текна, не? Ој ти, појче Искра шо не те викам - пајнца е чинија, тањир... Пајнци по гла ти скакале
Мори Спаркс пајнца не знајш шо е? Ам пајнца, лајца, виљушка, се’ си спаѓат то во прибор за јадење. Мерлинке убо е не е лошо времево, облачно е ама топло, и се’ си миљам дек ќе заврнит. Да ги збираме пљачкине од тераса ќе требит. Спаркс аку не знајш шо се пљачки кажи, ќе ми ти објасниме. Зш имам едни другарки скопјанишча шо не знаеја, ногу културни се тие немој молим те.
Лееее, чути аман, ти се вервит дек еднаш КАРПУЗ ко спомнав, еден мој колега мислеше дек за џомлезец му зборвам?
хахаха а јас ако зеам да зборам на штипски бе луге? интересно е ваште дијалекти ми се чудни особено кумановскио едншка беме на одмор заедно со едни кумановци едвај се испоразбраме