Ам шо му се смејте пак вије на дедое од Ливинг? Јас ко мала велев фтици за птици не зш не знаев тук вака поинтересно ми звучеше, . Имав кукла Црвенкапа неја Напанка си ја викав, ем така за инет, ми се можеше, не за друго. Баба ми моја пак за флипери велеше клипери - К‘ј е брат ми? - ќе ја прашав. -Ам, ојде да играт на клипери . Марамче, на здравје да ти е кафето и крв да ти се сторит.
Дедо е закон чоече Теодороооу јас шо имав една кукла знајш как се викаше? Ало Амбуланта Со име и презиме. Според она песнана ја знајте: Ало амбулантааа овдека е Дараа.
ааааа ливинг мааа, ме пресмеаа...хахаххахха Ало Амбуланта.... Иначе јас сите кукли Сузе или Анче ги крштевав!
Е,со имево на куклава ме надмина Ливинг признавам, . Тук јас си имав едно убо долго косиче,до полојнче ми беше ич не шишано од бебе малку потскратвено де,да не фатит метиљ,па ко ме ишишаја кратко ко пајнца,а то зш редовно плачев и се удирав од земја ко ќе ме чешлаја за да ми прает репчиња со кикици,мајка ми имаше преубај кукли од сегде ги имаше купвено кј шо шетала и јас мало-будало ги ишишав кратко сите со ножици ,шо смо јас да сум со кратка коса тије сите со долга,кј можело то така?!
не сум од Богданци инаку во класот што сме миравци негорци гевгелија сите наоколу имаме некои разни дијалекти интересно е па и сами се зафркаваме
Крај ми ја срушивте репутацијата , епа арно де, не си од Богданци, ама си на неколку км од таму, сега неемам Google Earth да ве ловам точно
од гевгелија сум иначе как шо глеам понагоре спомнале ајвар епа ние викме пинџур и нема кука шо не праве понџур најмалце по 50 кила пиперки
Да бе, сега ми текна, па и гивгиличани викат мисур И после шо брке ваа тема со дијалекте на фемина? Е како шо брке, како ќе научеме шо е мисур а :geek:
Сеси, има сепак разлика уд Богданци ду Гивгилија...дека гивгиличајне глагулто завршават на „ум“ фор екземпл-лафум, а уф богданскит дијалект најнормално на „ам“ исто за пример-лафам.
Шо лафеш ма ? Еми не знам, тој регион ми е најсмешен, Гевгелија, Валандово, Богданци- кога ќе шујам трчкиш, бркиш, јабулка, паѓам А бај д веј шо е трчкиш?
да стварно ни е интересен дијалектут дури на дека гупски ми тепе иначе ма интерсире как викте на црпалка знам надека дојран викат кутлача (скоро дознајав )
Најјака реплика- Сања, шо брке ваа ташна тука? Ти друго шо ќе ми полафеш, дај да научум уште нешто, не знам многу гивгилиски, слаб ми е речнико, ама разбирум
Ние на црпалка викме ч'рпак (чарпак евентуално). Иначе Сеси ноу проблем, кажи си слубодно шо та интересире спремна сам да ти објаснам, па и на гивгилиски и на валандовски ако знм нешто.
хах негледам ништо чудно во репликта за ташната иначе мојта ташна гледум некак џорнана е да земум да а спремум за школо иначе незнам шо да ти лафум за мене се си е нормално и незнам шо да издвојум нешто шо не го знајш пити па ке ти кажум
Ги испадите охриѓанките, шо беше тоа, само они тука са прават главни, е нема така Па, не знам шо да ва питум, ама вие пишете, јас ќе читум и че си учум
бие од подалекто знајте на шо викме ВОНКА? иначе на рака ние викме рка а учиме македонски дека негде викат и ренка,ранка,рока и чидно меј знајте ли дека викат така?