Ауууууууу....Желудник ќе те скине од толку кафе. Само нес признавам. И макијато. Несот најчесто со млеко го мешам.
И да и не. Кога ги гледам сликине во темата за кафиња ми се пие ми се плаче. Ама после па кога ќе се напијам ем не ми е ништо посебно ем некад знае тахикардија да ме фати или пак да ми се спие одма. Немам навика да пијам кафе воопшто, немам пиено повеќе од пола година.
Ептен голем љубител на кафе сум, ама не претерувам, до 2 макс. во денот. Го обожавам мирисот на мелено или свежо приготвено кафе, ми се чини пола од дејството на кафето ми доаѓа од миризбата дур го пијам. Сакам да си инвестирам во некој мини-кафемат, сличен како оние во кафичиве и да го баталам нескафето.
Дефинитивно да. Голем љубител сум на кафе, турско ретко пијам ама затоа нескафе можам 5 да испијам во денот и ако не се напијам глава ме боли
Сакам кафе, но се трудам да не пијам многу често. Во овој период од годината знам еднаш до два пати неделно да се напијам капучино. А летно време ладно кафе, освежително.
Јас пијам по три обични кафина во денот и тоа во точно време, ептен сум зависна на сабајле станвам и прво кафе варам.
Не мислам дека е штетно ако не се претерува. Јас пијам по едно на ден, ретко некогаш две. Всушност, имало и придобивки, како што сум читала информации.
Дефинитивно да. Ако се пие во нормални количини тогаш не е штетно, напротив има и корист од него. Пијам само по 1 на ден и толку. Еден период почнав по 2, но не ми влијаеше добро и си се вратив на по едно кафе на ден. Вака ми е таман, баш ми дава енергија и ми подобрува расположение.
И јас сум за кафе пиењето кафе наутро ми е убав ритуал го пијам сама и уживам , пијам турско кафе без шеќер.