Апсолутно да! Уживам во кафето, пресреќна ме прави и вкусот и самиот тој ,,ритуал". Најубаво ми е кога сама ќе си го направам и кога ќе го пијам во тишина, тоа ми е нешто непроценливо. Искуство вредно милион долара. Сакам секакво кафе, освен турско и еспресо. Едноставно не ги можам, еспресото ми е прејако а на турското вкусот не ми се свиѓа. Обожавам да откривам нови кафичи со естетични кафиња, ако имате некои препораки кажувајте.
@bookslover ме изнасмеа Ги знаете оние луѓе што едвај чекаат да се разбудат за да пијат кафе? Е таа сум обожавам кафе и вкус и мирис, првото ми е секогаш после појадок. Нема кафе кое не го пијам сите ги обожавам, само има некои поретко што знам да ги нарачам во кафич. Омилени ми се турско и макијато и обожавам да ги пијам некаде седната кафич/ресторан во комбинација со некое благце а посебна убавина ми има кога ќе ми направат coffee to go и ќе си шетам некаде низ град, некој парк итн @Panda00 за такви убави кафиња служат во 7 грама студио, во Центар Breadway а сега го меркам кафичот Paname таму да одам, објавуваат кафиња во пре убави шољички па во послужавниче а и кафичот ми е убав на око, мора да се отиде
Сабајле денот не ми почнува без турско кафе, кај и да одам станувам 2 часа порано само да си сварам турско кафе. Инаку 2/3 на ден обавезно ги пијам. Порано претерував по 5/6 се труев, ама намалив.
Леле дааа, 7 грама е според мене едно од најубавите местенца во градов. И самата атмосфера е некако чил, а и кафињата им се превкусни и уникатни. Баш пред некој ден го пробав новото Teddy Bear Ice Coffee, кој сака благи кафиња го препорачувам. Мечето поклон го даваат. Орео е убаво исто, Marshmallow, Рафаело, ма сите им се убави! Breadway немам коментар, во секоја сезона е преубаво украсено, да ти е мерак да си седиш. Таму искрено најмногу ради декорацијата сум седнувала. Paname на Ленинова така?
Мене добитна комбинација ми е убав естетски кафич/ресторан и кафенце во убава шољичка со благце во овие спаѓаат и маалски местенца онака опуштено како по дома Даа, на Ленинова е. Мене ми е подалеку ама се за добро кафе, пак ќе се оди
@Panda00 Да одите во Myway, во Чаршија, преинтересни кафиња прават. Исто така и во Мола ми е многу убаво кафето, исто во Чаршија. И во Drip coffe, да пробате.
Wow шо интересно Обожавам таква кул атмосфера, кафињата колку знаат да се естетични, само за сликање Ама пак ќе кажам, не сум воопшто зависник, никад не се заљубив у кафето, скроз можам без него. Пречудно е тоа што огромен фан на благо сум, а кафиња благи ми се претешки Едно обично нескафе па колку знае да ми е тешко после него.. Ко да неам никаква потреба, не можам да се замислам со по неколку на ден
Мене па обратно, Центар ми е поблиску ама Аеродром многу го сакам баш ради тие кафичи. Имам познаници и роднини таму ама повеќе ради кафичиве одам, баш ко што рече ти за добро кафе вреди патот. Многу сакам кога е естетичен амбиентот, плус и кога е мирно, кога нема гужва и гласна музика, е тоа ми е добитна комбинација! Тогаш уште повеќе уживам во вкусот на кафето. Други такви места во Аеродром знаеш? Во Myway имам само еднаш седено пред некоја година, додека студирав. Стварно беше убаво кафето, а за естетично да не збориме. Каква сакаш таква слика прават. Не знам зашто не сум седнала пак. Од Мола имам земено за носење во кокос, ама такво нешто слично имаше и во парк. Место во чаша, во кокос и ананас служеа. А највкусното нескафе, воедно и најевтиното е во кафичите во Мавровка. Студентите од Правен, Филозофски, Филолошки и Економски знаат за што зборам. Тоа беше ритуал после секое предавање/испит. Би го препорачала и Добар бар во Влае, амбиентот таму ми е баш ко дома. Е за викенди знае баш да има гужви. Баду не ми е за кафиња, ама за Монин летно време обавезно и за топло чоколадо во зима. Central Perk кафичот исто, амбиентот е ко да сте во Friends серијата. Тебе со мајка ми да те здружиме, она не може да смисли благи кафиња. Строго само турско без шеќер пие, не сака да чуе за друго. Нес матено сака само кога ја ќе ѝ направам, не да се фалам ама најубаво го правам. Овие што ги збориме шанси нема да ги проба. И така женски, си направивме кафе муабет.
Ама турско неќам Уште горко Би ги пробала овие, сакам чисто да знам какви се од љубопитство, и поише ми е за да сликам него што да пијам
Аа пандичка па ти така кажи дека тука кај мене си доаѓаш на кафиња кафе муабет си направивме виртуелно, ќе ја викнеме @Mumoftwo30 и она мислам е тука некаде па заедно ќе пиеме Не сум била, интересно ново местенце ми е Sweet Eva, Дион во Аеродром ми е баш како по дома, таму така релакс се чувствувам, Aviator е исто супер местенце, Палма исто, како по дома има доооста места за релакс Јас кафе пијам горко, само турско со минимално шеќер затоа секое кафе ми е пар со благце
Обавезно, кога сакате. Уште ова и не замарам веќе, ветувам. Sweet Eva во кој дел се наоѓа точно? Морам да го посетам, преслатко изгледа. Потсеќа на Pink Dot во Солун.
Големо ДА. И уживам и не можам да замислам да не пијам, а има конкретни придонеси кон здравјето. (до 3-4 шолји веројатно, околу 240 мл). Редовно ги следам тие студии. Големо НЕ за кафе со млеко и кафе со цигари. Не се здрави ни двете комбинации, иако многу, многу повеќе цигарите. Овие за комбинацијата меѓу лактоза и кафе помалку, но сепак. Одлични препораки за кафулиња погоре! Ги проверував. Фала.
Нелиии!? Истото си го реков, на Pink Dot ме потсеќа ти да не си јас или јас сум ти? што сличности ќе имавме Инаку Sweet Eva е (по улицава што ја видов на мапа) кај црвените згради полицајските кај Рамсторот што е на сама улица тука тој дел кај новите згради, ова е стариот дел на Аеродром, моето местенце од детство