Да имав сега би го ставила на мојата душа и би исчезнала целата болка што ја имам во мојата душа,би го излечила таткоми и би вратила еден ден од моето минато среќен ден еден од најсреќните...кога би имала
Да би имала магично стапче најпрвин на своја сметка би си направила да има пари бесконечно секој ден дупло од тоа што имало претходно, со тоа ќе можам да си купам се што ќе посакам најубава облека би идела у модно студио на некој спорт или фитнес без да мислам месечно леле колку пари за ваму таму и сл. друго и си ѓи зголемила градите и задникот зашто прилично ми се мали и малку карактерот би си го сменила и малку повеќе желба за учење би си додала хаха ) ама да би имала магично стапче
Да имам магично стапче би направила оние кутри луѓе во Африка да живеат пристоен живот,да нема војни,оној диктаторот во Кореја да биди човек во вистинска смисла на зборот-да им се подобри животот таму на тие мачни луѓе,да нема глад во светот,да нема ендемични видови,да се негуваат животните,во Македонија секако Швајцарија на Балканот да е,да има мир,слога,љубов,верба,надеж шо е најважно... Абе ко Мерлин волшебникот од кралот Артур таму шо е...ех,да имав такво стапче
Би си направила луксузна куќа само за мене, мм и синчето. Кредитна картичка без лимит за да не треба да работиме повеќе. Вила на море (било кое)
Да имам магично стапче би се шетала со него околу светот...Ех колку убаво ќе си поминам и јас и сите тие што ќе ги сретнам.
Да имам магично стапче прво би се напраила едно 10 кила послаба (моментално идам на аеробик па се надевам нешто ќе симнам и без магично стапче), после тоа идам правец до Америка ја собирам сестра ми и идеме на Бора Бора. Пиф Паф Пуф!
Да имам магично стапче ќе направам да исчезнат сите болести, ќе направам дом за сите бездомници и ќе си извадам пари за едно патување со дечко ми.
Со магичноо стапчее би билаа најмноќна личност...па затоаа во иднина да завршам школо со господ напред кога би се вработила би имала свој бизис би помагала на сиромашните и беспомошните колку што можам и нормално на моитее што ми овозможуваат да имам се што ќе посакам
Би го искористила да го чукнам и да се најдам на одмор на Миконос две три недели, па во Сен Тропе малку па во Канкун и на крај може на некоја швајцарска планина да полежам уште некое време за да одморам од бурните ноќи и така... Желбите ми се тинејџерски ама ете мое си е стапчето бе, како сакам така ќе си го искористам
да би имала магично стапче би се потрудила кај сите ФОРУМЏИКИ на врата да тропнам И НА СЕКОЈА ШТО КОД ДА И Е ДА И ИСЧЕЗНЕ БОЛКАТА РАНАТА МАКАТА И ДА БИ ВРАТИЛА НАСМЕВКА НА ЛИЦЕ НА СЕКОЈ КОЈ НЕКОГАШ НЕКАКО ОД БИЛО КОЈ БИЛ ПОВРЕДЕН.!!
Да имам магично стапче би направила сите болни деца да оздрават,паровите кои неможат да имаат деца да имаат по 2најмалку,да не постојат педофили би направила и силувачи да нема.
Да имам магичн стапе нема да има гладни, болни, оставени, тажни и исплашени деца. Нема да има кучиња скитници. Нема да има насилство. Нема да има сиромаштоја. Нема да има тајкуни. Нема да има војни и природни катасртрофи. Нема да има атомски бомби. Нема да има ЦИА, ФБИ, КГБ, МОСАД... Нема да има секти, фанатици, радикалци. Нема да има дикратура, нема да има поглавари, водичи, тријади, масони... Нема да има болести, тага, осаменост. Ахх има многу работи кои би ги уништила и заменила.
Би ја исчистила цела планета од ѓубре и отпадоци. Би им дала на сите луѓе подеднакви услови за живеење. И за себе би направила едно куќиче на дрво, високо, високо... Колку мојата фантазија.