Ја да имам магично стапче, би си направила едно пет-шеснаесет магични стапчиња, бидејќи во последно време сум склеротична и заборавам кое каде ставам ...and world peace ...thank you...thank you... http://www.youtube.com/watch?v=3st-Hai1y54
Пипиди - папиди, пипиди - папиди, пипиди - папиди - БУП! ... и би ги вратила стрелките на часовникот едно 15 саати назад, БУП - 5ка на рака, Мара под рака.
Ооооо да имам магично стапче ќе те направам пак да бидеш мој и да се однесуваш пак како што сакам јас.... Би ги отстранила од планетата Земја сите што ги мразам и сите што прават зло. За да не се жалат луѓето би им дала на сите работи.... Но сепак првата желба ми е најголема и за жал никогаш НЕОСТВАРЛИВА
Да имав магично стапче би си овозможила една не лимитирана кредитна картичка, огромна куќа на периферија, совршен прекрасен маж, би си остварила уште неколку желбички (малку злобни)
Па кога сега би имала магично стапче би направила да се најдам со другарките во друштво, би го стопирала времето само за да имаме време да си се доискажеме и после заедно со нив би видела за што и како ќе го употребиме магичното стапче... А да, ќе заборавев, одма ќе си земев диплома од факсот
Да имам магично стапче, ќе направам нешто кое ќе биде за век и векови, а не нешто секундарно. Ќе направам светот да престане да биде материјален, чувствата да не водат, да ни бидат репер во животот, да не се водиме од тие проклети, мочани пари. Да имам магично стапче, би отишла на некое отуѓено место, сама со себе некое време, со мене ќе понесам книги, штека цигари, и многу чипс и пица. И ќе ги лечам маките така. Да имам магично стапче, би ги поправила сите маани кај луѓето. За да некогаш се каже дека тоа нешто е совршено.
Јас кога би имала магично стапче би се претворила во невидлива и би го следела секој негов чекор,тогаш би знаела што прави навистина,што јади,што сака,како се чувствува додека ме нема,дали е со некоја или ме чека,што го нервира,кога плачи,кога мисли на мене,се! Би сакала сега да имав едно Или би се претворила во пеперутка и би го следела,на крај можи и би умрела на неговата дланка...
i will be invisible хахаха ке си направам ооогромна куќа со сваштарија во неа ке го направам брат ми помал од мене,да види он како е би си направила неограничена банкарска сметка ке си купам nikon, он е на ред би го укинала средново ке се спасам јас од онаа ѕверска наставничка ..па и основното,ке ги спасам малите ке им помогнам на сите болни и ке ги делитнам сите болести и то. ```њањања би можела вака до бесконечно али доста се ..
Пааа ќе си направам усте едно стапче во случај да ми го земе некој и после се знае пари љубов бла бла и една посебна магија за против нервози
да имам магично стапче,би направила да одам негде сама потполно сама и никој да не може да ме најде,се додека не се одморам убаво од сите и после ке си си се вратам
Би си го исправила забот! 3чето малку ми е криво а не сакам протеза да носам, па ете скромна ќе бидам.