Би направила ситни промени во мојот карактер, да не сум премногу чувствителна и да одлучам што сакам од иднината. Би направила да не морам да пазам што јадам за да имам убава линија би го наполнила плакарот со разни комбинации........ би си исполнила две-три стари желби, без да има последици. Би го прошетала светот. И за крај, би отишла две години во иднината.
Ме изнасмеа.. И јас така сакам.. Иначе, да имам магично стапче би си направила еден чопер на кој никогаш нема да му снемува бензин.
Хмм.. прво би станала згодна, да го имам телото што го замислувам. После тоа, само љубов и здравје во семејството. Па еден згоден и добар типац да си фатам И на крајот парии парии
Би се вратила години, многу години наназад, но некои работи би ги оставила исти, некои луѓе би останале исти, но ќе се сменам јас... Но едно нема сигурно да направам, нема да влезам длабоко во оваа ситуација во која се наоѓам сега
Би го променила мојот физички изглед. И така, неколку картички со огромна сума на пари Ах, би сакала да научам уште еден странски јазик, до перфекција. И би си дала некој талент, бидејќи ни еден немам.
Би направила сите во светот да се среќни да нема глад и сиромаштија и да имам крилја па да го прелетам цел свет
Би направила сите во мојава фамилија да се бесмртни и би си го вратила дедо. Би средила све што треба да се симне со диета и вежбање, еден стан би си створила, баш таков како што го замислувам, би си земала нова кола али без да си ја дадам оваа, најујбав поклон ми е Би си ја напунила сметката у банка, и би го зголемила уште маалце лимитот на дајнерс Па со зголемените средства ќе средам се останато. И да, за дечко ми работа тука, може?! Фала многу
Би го избришала она тажното во луѓето.Би го избришала бесот и гневот. Би ја уништила тенденцијата на “кубење коси“(вербална и физичка).Би многу би... ама немам
би го сменила својот физички изглед,би било моето помнење перфектно а може и повеќе пари да се врткааат,да си купувам се што сакам (во нормала) инаку кој би посакал би му ја покажала неговата иднина така што би можел да си ја измени
да имам магично стапче би купила куќа само за мене (иако е егоистички ова), би имала многу кучиња, би направила сите да се почитуваат меѓусебно и да нема кавги. би имала домашна библиотека со огромен број книги.
EEEeeeee,јас да имам магично стапче би си го сменила местото со Бил Гејтс....одтука натаму,знаете....
Да имам магично стапче би направила моите две деца да ме слушаат секогаш и да станат најдобри деца на целиот свет.Исто би направила да ми прекинат сите нервози и да ми се исполни секојдневието со убави и позитивни нешта кои секогаш ќе ме прават задоволна и среќна.Да имам ама немам...