babylove овошни кашички

Да им помогнеме на Игор, Спасе, Никола и Филип!

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од cupcake19, 18 април 2012.

  1. cupcake19

    cupcake19 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Обавезно прочитајте ја оваа тажна приказна и покажете ја вашата хуманост донирајте некој денар за овие 4 златни дечиња ова е жиро сметката на нивниот татко
    200001425395689 Стопанска банка, ВАНЧО ПОПОВ ве молам да му помогнеме на овој голем човек кој со бори за неговите синови,тој вели ако треба тој нема да јаде, ама нема да дозволи неговите деца да не одат во училиште.
    Маките на четирите деца-ученици од велешкото село Слп


    Игор, Спасе, Никола и Филип немаат пари ни за кифла!


    На возраст од седум до 13 години секојдневно патуваат со воз до Велес за да ги посетуваат настава во основното училиште "Васил Главинов". Железничката станица Рајко Жинзифов" е нивниот втор дом. Од селото доаѓаат на станицата и со часови го чекаат возот со којшто патуваат до и од училиштето. Нивниот татко Ванчо вели дека со тешко срце ги гледа своите деца како се мачат. Игор, Спасе, Никола и Филип не добиваат ни кифли за ужинка како сите други ученици во училиштето


    На маките на четирите деца на Ванчо и Славица од велешкото село Слп, и покрај ветувањата, и понатаму им нема крај. Игор, Спасе, Никола и Филип, на возраст од седум до 13 години, секојдневно патуваат со воз до Велес за да ги посетуваат настава во основното училиште "Васил Главинов". Железничката станица Рајко Жинзифов" е нивниот втор дом. Од селото доаѓаат на станицата и со часови го чекаат возот со којшто патуваат до и од училиштето. А тој често и со часови доцни. А за да стасаат до станицата, треба да испешачат десетина километри по земјен пат. Нивниот татко Ванчо вели дека со тешко срце ги гледа своите деца како се мачат. На децата им е особено тешко зиме и кога врне. Училиштето во селото Слп не работи со години, зашто жителите се иселени и нема деца. Таткото Ванчо вели дека институциите со години немаат слух за нивните проблеми. Минатата година општината им ветила помош, меѓутоа по само еден месец таа помош престанала. А децата и нивниот татко не бараат многу. Бараат само да им ги платат месечните карти, што Ванчо го чинат околу педесет евра месечно, и децата да добиваат барем по една кифла, како сите други ученици во училиштето.

    Лани ни дадоа пари за само еден месец и толку. Повеќе не плаќаат за патните трошоци. Ниту храна во училиштето не им даваат. Нивното школување ме чини скапо. Земам само седум илјади денари од бирото. Од Колска, каде што работев, ме прогласија за технолошки вишок. Сега сум под бирото. Сите само ветуваат, но никој не помага", рече таткото Ванчо.

    За да биде проблемот уште поголем, таткото Ванчо ни рече дека од неодамна му бил укинат и месечниот паричен надомест за детски додаток. Од Центарот за социјални работи не му објасниле конкретно зошто му е ускратена помошта, туку, едноставно, откако бил прогласен за технолошки вишок, детскиот додаток му бил укинат.

    "До пред неколку месеци земав детски додаток за децата. Со тие пари колку-толку затнував некоја дупка. Но, сега веќе не ги добивам овие пари. Бев таму да ми објаснат зошто ми ги прекинаа, но ништо конкретно не ми кажаа. Ми рекоа дека е така зашто сум бил технолошки вишок. Јас кога работев, земав 15 илјади денари и добивав детски додаток, а сега земам седум и не добивам ништо за децата. Навистина не знам зошто", ни рече Ванчо.

    Игор, Спасе, Никола и Филип не добиваат ни кифли како сите други ученици. Нивниот татко вели дека нема пари да плати, па неговите деца понекогаш од дома си носат парче леб, а многу почесто се гладни. Првите луѓе на Општина Велес, кои наголемо минатата година ветија дека ќе им помогнат на четирите деца од Слп без поголеми проблеми да учат во Велес, не го исполнија ветувањето. Требаше само да им обезбедат месечни карти. Ништо повеќе. Зошто? Одговор не добивме. Секна и едномесечната помош од некои фирми кои им ја дадоа минатата година. Се е по старо.

    И без ветената помош четирите деца и понатаму секое утро со воз доаѓаат во училиштето и по наставата повторно се враќаат во својот дом во селото. Тие и нивните родители Ванчо и Славица не ја губат надежта дека некои од институциите ќе им помогнат. Нивниот татко вели дека ако треба тој нема да јаде, ама нема да дозволи неговите деца да не одат во училиште.
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    227
    Да им помогнеме на Игор,Спасе,Никола и Филип!

    Сите кои се заинтересирани да помогнат, може во сабота во 17 часот да дојдат во кафе ЕГО, поранешно Енигма се наоѓа во центар кај главното T-Home. Собираме облека, училишен прибор, храна и веднаш ќе им бидат однесени на дечињата.
    Сигурно ќе ни бидат многу благодарни.
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.341
    ;( оф златни тие душички...
    Се надевам ке има многу феминки кои се во Скопје во Сабота.
     
  4. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Ја видов прееска темата и ептен се натажив. Во сабота обавезно ќе однесам облека, училишен прибор и храна.
    Сигурна сум дека скоро сите имаме еден куп облека од браќата кога биле помали, и ја чуваме дома. Вака барем некој ќе се облече.
    Да отидеме во кафиќот и да помогнеме!!
     
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.765
    Слушав за дечињава на вести неодамна, и кажаа дека градоначалникот (ако не се лажам тој беше) дека ќе им помогне со смештај и ќе добијат стан во градот.
    Ама изгледа ништо од ветувањето!!! :^)
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.351
    а нема телефонски број за донација?
     
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    11.015
    Пол:
    Женски
    Ме натажи ептен нивнава ситуација. Обавезно ќе однесам облека и храна во сабота.
    Нека помогне кој колку може, во право е Лакримоса, 100% дома сите имаме некои стари, мали алишта што не ги носиме.
     
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    Saturday
    17:00 until 20:00
    Enigma Bar (До главното Т-Мобиле на плоштад)
    Има ли нешто повредно од детската насмевка и од исполнетото детско срце?

    Група на граѓани, заедно со младите луѓе од невладината „Млади за Љубов“ организираат хуманитарна акција се со цел да им се помогне на Игор, Спасе, Никола и Филип.
    Ве покануваме сите хумани луѓе, дотолку сте во можност да дојдете и да донирате облека, школски прибор, прехрамбрени продукти ( брашно, зејтин, ориз и слично), како и парични средства.

    Да помогнеме на овие дечиња да им се вратат насмевките, да им се исполнат срцата за да може и нивниот татко да им се радува.

    Истотака отворена е жиро сметка на која можете да ја дадете Вашата помош за овие четири дечиња.

    200001425395689 Стопанска банка,Ванчо Попов.
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    Да им помогнеме на Игор, Спасе, Никола и Филип за пристоен живот! Жално е што никој не им помогнал досега. Не сфаќам како државава е толку сурова спрема одредени личности, како и овие дечиња. За да се едуцираат поминуваат низ долго патешествие! Пренесете ја информацијата, донирајте нешто што вас не ви треба а за нив ќе биде и радост и олеснување макар и краткотрајно

    https://www.facebook.com/events/283307781754732/
     
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    18.437
    Ебан и неправеден свет е ова !Ќе помислите мешам баби и жаби али се помалце праведности и добрина има
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    Ракометарите од Металург ќе помогнат на децата од велешко
    петок, 20 април 2012


    Ракометниот клуб реши средствата собрани од продажба на билетите од натпреварот Металург-Вардар, закажан за 26 април да ги даде за помош на Игор, Спасе, Николаи Филип од велешкото село СЛП



    Металург ќе им помогне на децата од Велес, чија животна приказна пред некој ден беше објавена во дневниот весник Вечер. Ракометниот клуб реши средствата собрани од продажба на билетите од натпреварот Металург-Вардар, закажан за 26 април да ги даде за помош на Игор, Спасе, Николаи Филип од велешкото село СЛП. Билетите ќе се продаваат по цена од 100 денари, на касата на салата Автокоманда. Натпреварот започнува во 18 часот.

    Се организира и акција за собирање помош за велешкото семејство. Настанот ќе се случува утре во 14 часот во Енигма бар.

    А и рекоа до железници одсега бесплатно ќе патуваат! Ах.. се наежив..
     
    На srcekrsacka, ilovecupcake, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    18.437
    Отидов и донирав ,се вртев малце како п...та не бев сигурна длаи е таму и вегов дадов ......се надевам на радост на овие дечиња
     
  13. ilovecupcake

    ilovecupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    77
    Отидов денес во Енигма Бар, се претставивме и оставивме полно кутии ... Имаше премногу облека, храна, школски прибор и пари во кутијата на шанкот. Рекоа дека во недела околу пладне ќе има организирано комбе кое ќе ги однесе сите работи кај дечињата во Велес.

    Ептен се радувам што донирав и што дечињата барем накратко ќе заборават на сите грижи, ќе може да имаат една пристојна ужинка во училиште.

    Помагајте кога можете. Можеби тоа за вас е ситница, ама на некои живот значи.

    Ништо поубаво од тоа да бидеш хуман.