Да им помогнеме на животните

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од RainBow, 4 април 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.732
    Допаѓања:
    53.428
    Пол:
    Женски
    Активистите на битолскотот здружение “Мали херои” привремено го згрижија несреќното куче со две скршени задни нозе во импровизирано живеалиште, откако пред два дена, го извлекоа од канал кај Сточниот пазар во Битола. Кучето таму било оставено со недели, неподвижно и во болки. Се претпоставува дека кутрото животно било удрено од автомобил, а потоа за да не пречи на патот, некој го врзал со јаже и го одвлечкал до каналот со отпадни води. На задните нозе тоа се уште има траги од јажето.

    -Во 2 часот по полноќ ни јавија дека има повредено куче во каналот, а ние веднаш се организиравме за да го спасиме. Првата средба со Лаки беше трогателна. Кога се доближавме до него, не поздрави со тажно цвилење,а очите му светеа во мракот. Задните нозе му беа во ладна вода со денови, едвај го извлековме од каналот. Веднаш повикавме ветеринар, кој го прегледа, му даде терапија, но рече дека овде во Битола нема можност да се направат рентген снимки,за да се види во каква состојба му се нозете, изјави Светлана Марковска, од Зружението за заштита на животните “Мали херои”.


    Несреќнотот кутре сега чека помош. Активистите на Здружението ‘Мали херои” кои го спасија од сигурна смрт, се надеваат дека ќе соберат пари и ќе му овозможат на Лаки операција за скршените нозе. Веруваат дека сеуште има надеж за ова куче и дека еден ден Лаки повтроно ќе трча.

    -Ги молиме сите оние кои се во можност да донираат пари или пак да помогнат со возило да го однесеме кучето во Скопје, каде треба најпрво да се прегледа, а потоа доколку е возможно да се направат потребните операции”, рече Марковска.

    Здружението „Мали херои” утрешниот светски ден на бездомните животни, 4 април, ќе му го посвети на кучето Лаки. Ги повикуваат сите оние кои се во можност, на 7-ми април (сабота) да донираат средства на штандот што ќе биде поставен на битолски Широк Сокак и да помогнат за лекување на Лаки.

    Тажната приказна не застанува тука. Се обидуваме да го спасиме, меѓутоа немаме доволно средства, немаме каде да го сместиме, ни треба некој со топло срце да му овозможи засолниште. Без скршеницата изгледа како сосем здраво куче, мешанче од аљаски маламут.Се молат сите кои би сакале да помогнат, да донираат средства за кучето.
    Трансакциона сметка:
    [​IMG]
    Слика од Лаки во спојлер
    [​IMG]

    Иницијатор: Meandyou
     
    На coki35, DimovskaSandra, Blume и 22 други им се допаѓа ова.
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.539
    Да му помогнеме на Лаки

    Уште утре одам да уплатам. Липам ко мало дете и се молам дека ќе се најде спас за кученцето.

    И како после да се има верба во човештвото, кога постојат монструми способни за вакво нешто.
     
    На coki35, cooll, Juicy03 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Да му помогнеме на Лаки

    Најмилите на белки да му прегледаат да даде Господ...
    Срамота!
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.275
    Да му помогнеме на Лаки

    Ме боли што живите суштества не се третираат еднакво.
    Се делат, едните се луѓето на кои се им е дозволено, па дури и да ги убиваат, да се изживуваат, да ги носат на себе како акцесорис, да ги дерат, да ги измачуваат и да бидат крволочци на други живи суштества, во случајов кучињата. И притоа луѓето тоа го прават без да се казнувани и уште полошо без грижа на совест.
    И потоа кучињата биле лошите во приказните? Да биле, зашто тие приказни се измислувани од оние бездушните, оние кои мислат се им е дозволено.

    Ме болеше додека читав за Лаки и додека читам други приказни за овие беспомошни животинчиња, кои се оставени сами на себе.
    Секој што е човек со срце, секој кој одделува од својата заштеда за донациите на луѓето кои им се потребни средства за подобар и поубав живот, истите тие човечки е и да не останат рамнодушни на овие приказни.
    Овие денови ќе ја извршам донацијата, за Лаки и за сите кучиња кои добиле судбина која не ја заслужуваат, кои биле препуштени на немилост од бездушните луѓе.
    Светот ќе биде многу поубав без поделби, затоа живите суштества се едно исто, љубов сите даваат, сите примаат, само треба да им се овозможи тоа.

    Штом ги погледнам тие тажни очиња на Лаки имам испомешани чуства. Горчина за безобразлукот на луѓето и но гледам и огромна љубов од Лаки, душа убава, колку само живот има во неговите очи, да му ја овозможиме, а тој ќе успее благодарение на добрите луѓе. Да си жив и здрав Лаки.

    И да постојано читам коментари за убави животинчиња на сајтовиве. Еве и на фемина.
    http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B1 ... 1%82%D0%BE
    Кученцево е прекрасно и успеа само ради добрите луѓе.
    Не е доволно да ги гледаме клиповиве, да искоментираме колку тажна, колку слатка приказна, колку убаво кученце, маченце, папагалче итн. туку помогнете.
    Уплатете. Или вдомете. Или доволно е ако сретнете кученце дајте му нешто од дома, лепче барем. Ќе добиете поглед со љубов кој ќе ви го исполни срцето.
     
    На piksooki, Juicy03, BoaVista и 4 други им се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Да му помогнеме на Лаки

    Ох леле златце малечко.Значи плачам како мало дете кога ќе видам вакво нешто ;( .
    А како може да се донира?

    Се надевам дека ќе се соберат пари и ќе се спаси кутренцето.
     
  6. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Да му помогнеме на Лаки

    уште утре ке уплатам.. камо да можев да сторам нешто повеке!!! :devil:
     
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.875
    Да му помогнеме на Лаки

    Утре ќе одам да уплатам.
    Душа најмила, се надевам дека ќе успеат да го спасат...
     
  8. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    754
    Да му помогнеме на Лаки

    ;( ;( лелеее сонценце, да беше татко ми тука ке го однесевме и до белград да треба ама јас незнам да возам и неможам да ви помогнам во овој случај. Абе како може да има толку суров народ јас незнам, немале ни малку жал за кутрето ;(, нешто слично му се деси и на мојот шарпланинец, се одврзал испаднал пред куќа и го согазиле, и никој не викна да рече излезето кучето ваше дане е извинете несакајќи беше, абе како ништо да не направиле си продолжиле по нивниот пат, кога го видовме со татко ми веднаш го однесивме на ветеринар но за жал двете задни нозе неможеа да ми ги повратат, и после 2 3 дена мачење умре, до ден денес кога ке ми текне на мојот оскар ми се солзат очите многу го сакав.
    пак куче не земавме, па имав мачки, и едната од нив ми беше посебна и нејзиниот брат исти беа бели убави абе лепотици, и кога женската ми се омачи комшиите ми ја разнесиа пред очи (и ставиле бензин во г*зот, и ќибритка и ставиле ја запалиле и ја врлиле во воздух да испука и во тој момент јас на прозор гредам мачката ми лета иии пуввв крвови на сите страни, штом тогаш не умрев уште многу ке живеам, абе плачев викав, полиција му викнав, и ѓабе тие си се смеат мака немаат, полицијата ништо не превзема, и мачињата мали една недела стари лелеее секој 3 саати со сприц ги ранев додека да пораснат, и последното нешто што ми направија мачорот 5 години стар, согазен на улица го најдов, и тие од комуналец го земаа и во отпадот ми го фрлија со ѓубрето, и тогаш плачев викав многу ми беше тешко.
    утре одам и ке му пуштам на кученцево некоја паричка да го опорават, се надевам колку можам ке помогнам
     
    На rozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    193
    Да му помогнеме на Лаки

    Јас утре ќе одам да уплатам некој денар на оваа сметка :sweat: ќе соберам и од колешките на факс.

    Срце убаво. Имам две кученца од улица вдомено. Само тој што ги има дома знае какво е чуството кога некој уште од рано изутрина ќе ви го разубави денот.
    Не знам зошто овој клет народ не сака животни...зар има нешто послатко и почисто од нив?
    единствените безгрешни суштества...
    Се прашувам како може да се нема грам совест?!? како? зошто не се стават на нивно место?
    Како би им било на нив да се прегладнети, жедни, премрзнати, цели сокршени и фрлени во канал!?
    Не можам да си го објаснам ова, жими се не можам. Го мразам народов.
     
    На elenkata20, enca.69, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    583
    Да му помогнеме на Лаки

    Сигурно веќе исконтактирале, но ако евентуално не се, предлагам некој кој може да пренесе до член на друштвото од Битола, да го исконтактираат др Анастас во Скопје. Редовно работи со улични животни за кои дава попусти, а и плаќање на рати и сл. Не го рекламирам чисто давам предлог само иако сум сигурна дека веќе исконтактирале.
    А за ова веќе еднаш се изјаснив во еден пост, премногу сме себични ние луѓето и никако не сфаќаме дека секое живо суштество на оваа планета е наш сограѓанин. МОРА да живееме во една симбиоза, инаку планетата не би ни била каква што е. Секое животинче, растение е со причина создадено. Но кој да сфати.. Проклети сме.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Да му помогнеме на Лаки

    Страшно е тоа колку човекот знае да биде суров!
    Не, не, срамота е! :@ :swear:

    Ако не е пратена сторијава на здружението за заштита на животни - Анима Мунди, предлагам веднаш да биде тоа сторено! Имаат голем број фанови, кои се љубители на животни и секогаш нудат помош!
    Јас веќе собрав неколку илјади денари, заедно со другарче.. Од роднини, од комшии, од школските.
    Не се многу но ќе придонесат. Утре ќе бидат пуштени парите :)
     
    На antonina, meandyou и ludoto19 им се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.205
    Допаѓања:
    41.264
    Да му помогнеме на Лаки

    Имаше број на Т-мобајл редовно праќав пораки за на Анима Мунди е тоа,донации за мачиња и кучиња. само сега сум на ОНЕ да не знаете кој е бројот за донации? дали има на ОНЕ?
    А за случајов
    А може колку сакаш пари да се донира За Лаки?
    зашто гледам 50 денари за членарина пишува?... :^)
    За греотка кутрево. ќе донирам и за него.

    плус луѓе, кој има колку има, на фејс на нивната страна има една Тетка Даниела, има вдомено 20 кучиња, жената е иналид со социјална помош, и бара помош, како храна, или пари. Кој има нека и однесе нешто.
    јас ќе одам да земам некои ефтини салами во една продавница кај нас, па сакам да и однесам, Ако има некоја фемина заинтересирана, да се здружиме, заедно да купиме, па да и однесеме на женава
     
  13. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    534
    Да му помогнеме на Лаки

    ^^^
    Од Скопје си?
    Јас би сакала да донирам за кучињата...
     
  14. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    193
    Да му помогнеме на Лаки

    Може да се донира кој колку сака. Ова 50 денари е месечно кој сака, секако може и повеќе. Јас утре ке одам до банката.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.205
    Допаѓања:
    41.264
    Да му помогнеме на Лаки

    Eве од фб страната

    POTREBNA E FINANSISKA POMOSH ILI POMOSH VO HRANA ZA KUCHINJATA ZA KOI SE GRIZI DANIELA.
    KAJ OVAA ZENA VO MOMENTOV SE ZGRIZENI PREKU 30 KUCHINJA,
    A TAA ZIVEE OD SOCIJALNA POMOSH.
    SITE ZAINTERESIRANI HUMANI LUGE,LUGE SO GOLEMO SRCE I DUSA
    DA JA KONTAKTIRAAT LICHNO NA TEL.
    078 313 655 ILI 078 313 656.
    VI BLAGODARIME OD SE SRCE ♥
     

    Прикачени фајлови:

    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Да му помогнеме на Лаки

    ^ Јас сакам да купам храна за кутрињата и да и однесам... До дома кај неа се носи или?
    И ако е така, те молам кажи ми каде живее :)
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.205
    Допаѓања:
    41.264
    Да му помогнеме на Лаки

    Hе знам каде живее,само ова го има на фб, јави и се утре, прашај ја, па ако си во можност донирај :)
     
  18. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    120
    Да му помогнеме на Лаки

    плачев кога го читав како може да има толку гадни луѓе според мене би требало да се отепат гомна едни гнасни ;( оште си плачам ко малечко дете и за кученцето оваа слепото на видеото и за оваа срценце може ли и од странство да се донираат пари да имам ке донирав милијон не 50 денари.
     
  19. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    193
    Да му помогнеме на Лаки

    Може зошто да не :) ќе стигнат најмногу за 4 дена.
     
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    754
    Да му помогнеме на Лаки

    е постојат, постојат за жал и полоши од овие луѓе, ти ми викаш плачиш оти сум ви раскажала, ами тогаш не дај боже да видиш, :hug: