Се согласувам со тебе. Пред мои очи да направи некој такво нешто на било чие и било кое животинче , блага пченица ќе му носат. И во затвор да одам , барем знам дека го нема и нема да мачи други невини суштества.
Женски, потпишете ја петицијава за заштита на животните во Австралија. https://www.change.org/p/senate-committee-stop-ag-gag-now Накратко, сенатот во Австралија сака да донесе закон за заштита на насилниците и убијците на илјадници животни секојдневно, со тоа што ќе ги забрани сите истраги поврзани со насилството врз животни. Петицијата истекува денес, а уште многу малку гласови фалат за да се стигне до целта.
ВЕ МОЛАМ ЛУЃЕ, ПОМОГНЕТЕ НИ... ДОСЕГА НИКОЈ НЕМА ДОНИРАНО...ИТНО НИ СЕ ПОТРЕБНИ СРЕДСТВА ДА МУ ОБЕЗБЕДИМЕ ДОМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ ОСТАНЕ НА УЛИЦА...ВЕ МОЛАМ ДОНИРАЈТЕ
Мазата Аби бара домче. Сабајле кога одев накај школо ја сретнав, како и секое куче, ја погалив и почна да ме следи. Стигнавме и до школо, таа чекаше во двор до голем одмор. На голем одмор, отидов со неа и уште неколку другарки до маркет. И' дадовме 3 пакувања паштета. Ја оставивме пред маркетот, но таа пак се вратила во школски двор и не' чекала до 6ти час. На крај ја земав со мене, отидов до пет шоп, и' купив апче против глисти и ја однесов дома. Ќе можам да ја чувам уште 2 дена максимум. Со неа ви давам и 2 кила храна (дехидрат) и половина од апчето против глисти. Ви гарантирам за верен пријател и одличен чувар на вашиот дом.
Папи κаде живееш ти?Зошто јас му баρам κутρе на дедо ми, неговото почина пρед месец дена и сега со баба ми се жални без дρуштво, ама аκо си од Сκ нема да имам можност да го тρанспоρтиρам.
Ништо тогаш, јас не сум ни од Сκ и не одам со κола κога си одам на виκенд.Баш ми е жал зошто ептен е слатκо и мило, се надевам деκа ќе му најдеш дом.
Луѓе ве молам потпишете се! Анима Мунди со меѓународна иницијатива за затворање на Вардариште - http://www.thepetitionsite.com/966/392/511/stop-killing-dogs-in-skopje-shut-down-vardariste/
Ете и тоа постоело. Мислев договориле се' тоа да испадне дека само таа си знаела, домашните не, божем не е проблем кучето, може да биде неприметливо. Се решив да најдам друг вдомувач, ако некој ја сака, нека ми пише ЛП. Кутрето врши нужда само во земја, знае команда "не" и "седи", многу е мирно и тивко. Ве молам, барем привремен дом зошто смеам да ја задржам до вечер.
Ткавите гадови што повредиват жизвотинчина не заслужуваат да се наречат луѓе!! неможат да се силат на некој по силен од нив па најдоа на животни ...ЃУБРИНА!
Девојки,денес се случи тоа од што се плашев најмногу.Уличното куче што го ранам,има добиено и се спари со друго куче,и тоа си отиде..Жал ми е кога ќе се окучи,неможам ништо да направам за кучињата,единствено можам да ја ранам кучката.Ама,проблемот не е тоа,туку 100% сум сигурна дека кученцата нема да преживеат,поради ненормални луге! Па уште од сега,дека е рано,да помогнеме да ја згрижи некој кучката,или да ја однесеме негде,на сигурно место..Инаку се наога во Драчево.Ве молам споделувајте! (Многу мило куче е,сака да игра,многу сака деца и тоа женски )
Страв ми е да го пуштам видеото http://a1on.mk/wordpress/archives/470566?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook Сестра ми ми кажа за некое вакво видео што го гледала, веројатно е ова. Ми вика: Не го гледај, јас уште сум истрауматизирана. На слики се потресувам, не пак на видео со крици и вресоци. Не знам што да кажам за вакви луѓе што уживаат во насилство врз животни. Анима Мунди нуди 10 000 денари за веродостојна информација и сведоштва кои ќе помогнат во судска постапка за да се фатат сторителите. Споделувајте ја статијава, ништо нема да ве чини. Не знаев каде да ја оставам, ако сум во грешна тема префрлете го мислењево, само не го бришете ве молам.
И јас не се осмелив да го пуштам видеото зошто знам деκа нема спијам цела ноќ.Но од она што го пρочитав ми се згади и животот и тоа што сум човеκ, не можам да веρувам κаκви бедни и злобни луѓе постојат, после сеκое ваκво сведошто се молам на Бог да не истρеби и уништи зошто не заслужуваме живот или баρем неκа ги κазни.Да сум била таму аκо не сум го застρелала па еве, ќе го лежев затвоρ.Κаκо немаат душа и сρце, да даде Бог милото му чедо да му стρада таκа, знам злобна сум ама јас веρувам во оκо за оκо, ништо аρно веќе да не види.Се надевам деκа ќе го најдат и дебело деκа ќе плати.Да цρκне во најлоши маκи.
Какви се луѓе не постојат. Да ти е гад што одиш со нив по иста земја! Со што заслужила таа невина душичка ваква судбина? Па, тоа е само едно животинче. Прочитав само мал дел од текстот и немам срце за понатаму. А, не пак да го пуштам видеото. Веќе се расплакав. Не знам навистина што им минува во главата на тие луѓе. Ненормални, буквално. Страшно, морници ме лазат само што го прочитав. Се што му направиле на кучето, милион пати полошо да им се врати!
Ао не ми се верува.. Болен навистина е болен во умот оној кој го направил ова.. Страшно.. Се потресов од самиот текст, видеото не можам ни да го погледнам..