https://secure.avaaz.org/en/petition/STOP_TORTURING_ABUSING_Dogs_in_Romania/?sCUHieb Потпишете ја петицијава...
Претскажано беше дека на планетава постепено сè повеќе ќе се отелотворуваат посветли и почисти душички кои ќе живеат во единство со и за природата и животните, а не против нив. Еден ден, преку постепената смена на генерации Земјата навистина ќе стане рајска градина. Во тој контекст споделувам два инспиративни линка. Еве како во Македонија децата активно се залагаат за помагање на животните: https://www.facebook.com/LdPistoler...330489.95472.404026066359109/809347775826934/ Но и на другата страна од планетава (мислам Бразил) исто има деца со повисока духовна свест. Видеото е титлувано на англиски, и искрено верувам дека ова светло резонирање сè повеќе ќе се пробива и доаѓа до израз во иднина.
Велите неможам да гледам некој да малтретира животни, а не па да ги убива а на крај секојдневно ги јадете. Коа иронија..
Imam persijska macka od 2 god,veke ednas ni bese ukradena no so pomos na prijateli si ja najdovme.Sega povtorno se sluci istoto,ili nekoj ni ja ima otrueno ja nema od sinoka,ogromen problem e sto imame 5 mali macinja od 12dena probav da gi ranam so spric no mnogu se mali,vo komsii imame macka so mali macinja no ovie ne saka da gi doe i navistina neznam sto da pravam,ako ima nekoj sovet neka kaze ve molam..
Дали вие ја оправдувате постапката на жителите чинам на Аеродром беше кои се обиделе да го заштитат агресивното куче, но притоа не сакаат да понесат одговорност и да се грижат за него? Јас да си кажам дека воопшто не ја оправдувам таа постапка и преголем е ризикот да некој настрада или недај боже некое дете. Ги сваќам сите оние кои ги ставаат животните на прво место, но ставете се на местото на родителите кои имаат мали деца. Ок, ако веќе толку тие луге се грижат за тоа кучето, но моето прашање е зошто некој од нив не го земе како домашен миленик.
И според тебе кое е решението? Да го заловат кучето и да го убијат? Бидејќи тоа е процедурата по заловување на веќе обележано и третирано куче. Јасно е дека не може да се вдомат сите улични кучиња, но постојат луѓе кои се грижат и за нив и им обезбедуваат пристоен живот макар и на улица. Или уличните кучиња немаат право на живот? Не ми е јасно како размислувате вие кои немате емпатија спрема останатите живи суштества. Не е оправдување безбедноста на малите деца, се работи за мирно куче кое никогаш не покажало агресивност, како истото би претставувало закана за околината? Секој кој има малку логика, знае дека кучињата се агресивни кога им е загрозена безбедноста или кога се прегладнети. Што е многу чест случај во нашиов град и затоа не можам да сфатам како наместо да се третира тој проблем, упорно ги напаѓаат кучињата и ги убиваат. Се додека не се изгради пристоен стационар каде што нема да гладуваат кучињата, кој нема да биде извор на разни смртоносни болести, граѓаните и државата немаат право на глас. Македонија е хорор држава за љубителите на животни, тоа е јасно. Некој од петни жили се обидува да им помогне, а некој од забава ги убива без око да им трепне и без издржана причина, епа не може така. Мило ми е што народот полека се освестува и се надевам дека ќе има уште многу вакви случаи во иднина.
Само Анима Мунди. Ако се сметате за вистински љубители на животни, земете си една тегличка, и секој пат кога нема да отидете на кафе или кога ќе ви се најде нешто ситно по џебовите, донирајте во Анима Мунди или купете храна и нахранете улично животинче. Анима ги предложувам први затоа што со свои пари финансираат кутриња и мачиња со инвалидитет, со солзи во очи си заминав кога отидов да однесам храна и пелени. Кога ќе згазнат кутре или маче на улица, се прашувате кој после тоа го вдомува? Анима Мунди. Девојките што ги запознав по 12 часа на ден се со животинките, и после тоа што го видов не ми дава срцево себе да се наречам љубител на животни и да сум во иста категорија со нив, вистински љубители, во секоја смисла на зборот. Еве го Чико, кутрето што го запознав кога бев да ги посетам. https://www.facebook.com/pages/Meet-Chiko-the-Wonder-Dog/254832358038021?fref=ts
луге, имам комшии што чуват кучки со мали кученца, некои ги подарија а тие што останаа брутално ги тепаат, и тоа без причина, кога видам со каков стап ги тепаат срце ми се кине, сеа сакам да знам ШТО можам јас да направам да прстане малтретирањето,каде да пријавам и ако ги пријавам дали ќе си имам работа со нив, или само ќе им ги одземат кутренцата и никому ништо, затоа што ако знаат дека сум јас несакам крвнички да ме гледат хаха, ама стварно ми е жал за кутрево,3 мес.има .....
probajte so rakija. prsnete i na mackata rakija vo liceto i posle poprskajte gi malku macencata so rakija(so tie so se kako kaj frizerkite so spricaat voda,valjda dobro objasniv ) i podmetnete gi na mackata. vaka imam gledano zajcinja,kozi,ovci,telinja i kucenca kako podmetnuvaat malku se prska i na mackata vo liceto i malku vrz macencata(nemora na liceto kaj niv) ne e opasno
Пиши им на Анима Мунди, кажи им дека сакаш да останеш анонимна бидејќи ти е страв. Тие ќе помогнат некако, најверојатно ќе ги земат кученцата. Одвратни луѓе бе
Мачорчево вчера го најдов додека го шетав моето куче. Преноќи кај мене, но максималната нега што можам да му ја пружам е надвор, пред врата. Ппради тоа го вдомувам, ако е некој заинтересиран за ова игриво и мило топче, нека ми пише по ЛП.
Потпишете се, да собериме 10 000 потписи и да се обидеме да придонесиме за заштита на животинките http://www.petitionbuzz.com/petitions/foranimalpolice
Луѓе овие кученца се од бездомна мајка која поминала се и сешто во нејзиниот 3-4 годишен живот, а доказ за тоа е и џумката на нејзината глава, постојано со наведната глава и опашката меѓу нозе, со изгубена верба во луѓето. Но, сепак се најдоа едни добри луѓе кои прифатија да ја посвојат, и покрај тоа што знаеја дека е бремена. Е сега, откако ја спасивме неа, да не дозволиме нејзините деца да ја наследат нејзината судбина. Ве молам, кој сака да вдоми миленик, слободно нека ми пише. Ќе бидат среден раст. Само да ги видите, нема шанси да им одолеете. Спасете живот!
http://action.peta.org.uk/ea-action/action?ea.client.id=5&ea.campaign.id=32963 петиција отворена од ПЕТА за стопирање на убивање на кучиња поради нивната кожа. Мислете на сите овие невини животни кои страдаат поради нечии си хирови нареден пат кога купувате кожни работи!
Мое мислење е дека претерани се реакциите на анима бунди и сличните невладини околу ситуацијата со Вардариште. Во ред е да си ја тераат нивната агенда, ама при неверојатно голем фронт за работа со која можат да се справат, постојано рчкаат во работи за кои немаат капацитет да ги свртат кон подобро. Онлајн петиции и фејсбук омасовувања не се ни педа од јуришот кој треба да се направи кон газење на Вардариште. А од она што го видов, стационарот па и не бил нешто страшно. Еве мое искуство: Сакаме куче за по двор дома, а купување ни е без врска при еден куп напуштени и без дом кученца, па пред недела дена на поминување свратив до Вардариште. Луѓето професионално се однесуваа уште од самиот почеток. Ме пуштија внатре во хангарот каде се изненадив од условите кои ги имаат кучињата во споредба со она што постојано се збори по медиуми. Очекував смрдеа, темница, мизерни услови, а наидов на храна и вода пред секое куче, пространи кафези, ладовина, инсталирано парно и радијатори, свеж воздух. Услови кои многу кучиња на улица, па и по некои домови ги немаат. Баш тогаш вадеа едно од кучињата за кое рекоа дека било истретирано и му завршил периодот на престој и ќе биде вратено на местото каде е заловено. Иако кучето се тегнеше и ржеше, најчовечки и без намера да го повредат луѓето го однесоа во возилото. Штета што имаше само 5-6 кучиња и тоа сите некои големи, па се вратив со празни раце. Ми рекоа почесто да навраќам, зашто малите кученца брзо ги разграбуваат.
Вардариште е буквално затвор за кучињата. Анима Мунди предлагаат секое бездомно куче да се фати да се кастрира, вакцинира и повторно да се пушти бидејќи проблемот е големата бројка на размножување на кучињата-скитници. На кучињата не им треба само храна, вода и кафез од 2 метра, туку им е потребна нега од ветеринар затоа што повеќето се болни, а бидејќи не добиваат помош завршуваат со смрт.
Петиција за стопирање на фестивалот на кучешко месо во Кина кој ќе се одржи по неколку дена. Згрозена сум! http://www.stopdogmeat.com/