Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да им помогнеме на животните

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од RainBow, 4 април 2012.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.041
    Допаѓања:
    12.451
    Пол:
    Женски
    На страната на Анима Мунди налетав на една објава за Тео:

    Тео го знаете, има хендикеп поради удар од кола, неговата приказна доби ФБ страна https://www.facebook.com/pages/TEO-...ing-and-finding-home/1680601252166348?fref=ts и е позната и надвор од Македонија, но сеуште нема човек за да го вдоми. Тео е херој!
    _


    Нема ни неполн месец откако згрижив кај мене уште едно куче (и покрај останатите миленици на кои им обезбедив храна и место) на кое му се закануваше опасност да остане на улица.Меѓутоа, покрај ова, немам повеќе услови за вдомување.

    Би сакала да ве замолам сите кои ќе прочитате, доколку има некој услови, да го згрижи.Нека не ве задржува неговата состојба.Знам дека и тоа е причината поради која ретко се вдомуваат ваквите миленици, најчесто зашто кон нив се има поинакво гледиште од останатите кои се без хендикеп. Нека не остане Тео сам, туку нека добие нов и постојан дом!

    Чекам, со надеж дека ќе напише некој/а член/ка дека веќе е вдомен :nod:
     
  2. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    3.614
    Пол:
    Женски
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2015-10-26-15-55-09.png
    Мачево денес ми дојде на гости. Можам да го примам максимум една недела. За тоа време има ли некој кој ќе му подари дом каков што заслужува? Мажјаче е и многу е мило.
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.205
    Допаѓања:
    4.249
    zastitazivotni.png
     
    На SV1911, sanjaeva, Bozica1980 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    ^ Убаво кажано се, и ми се допаѓа горенаведената фотографија, но уште поубаво би било кога сите се вклучуваат. Само една ластовичка, не ја прави пролетта.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Започни од себе, и ќе направиш промена.
    Еве јас го правам тоа :)
     
    На SV1911, Bozica1980 и Kaetana им се допаѓа ова.
  7. Smoky

    Smoky Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Во Струмица имаме повеќе случаеви со лишманиоза, односно паразит кој се шири во крвта на кучињата и полека им ги напаѓа и органите и резултира фатално за нив. Лекот за тоа е милтефоран кој не е регистриран во Македонија и мора да се порачува преку Грција. Терапијата трае 28 дена, но чини многу пари. 30mg - 105 евра, 60mg - 205 евра, 90mg - 305. Ве молиме помогнете да ги собереме парита за да можеме да им помогнеме на нив, а и на луѓето, бидејќи болеста е пренослива и на човечките битија доколку не се инвестира во кучињата и не им се стави скалибор, противпаразитна каишка.

    https://www.facebook.com/leishmaniasis.strumica/

    Помогнете ни да ги спасиме овие мили души.
     

    Прикачени фајлови:

    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    3.614
    Пол:
    Женски
    На theowndemon, cooll и MilaP им се допаѓа ова.
  9. HellAngel

    HellAngel Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2016
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Машки
    [​IMG]


    Animals' Voice - Здружение за заштита на животни ВЕЛЕС Помош за кучето со тумори на очите! Вознемирувачки фотографии.
    пред 18 минути ·
    Откако на фб се појавија фотографии од кучето со крвави очи, едно хумана девојка од Радовиш го згрижи за потоа во договор со наш активист да биде организиран превоз и носење кај ветеринар,

    Кутрето од Радовиш донесено е денеска во Скопје на ветеринар каде што е избашато и истретирано за надворешни паразити (болви и крлежи). По општиот првичен преглед јасно се забележани и устанвени ТВТ тумори или стикер тумори на повеќе места на телото како и очите ист односно многу близок случај како Шаи куче кое е спасено од Египет во Америка (на фб: Shai’s story from Egypt to New York).
    Ги исконтактиравме луѓето кои го посвоија и спасија Шаи и она што ни го кажаа е блиску до мислењето на ветеринарот во Скопје односно потребна е цитолошка анализа и комплетна крвна слика за да се добие подобар увид во мометалната состојба и доколку кучето е спремно веднаш да се почне со цитостатик Винкристин кој е конкретно за ТВТ тумори.
    Во наредните неколку дена ќе се следи општата состојба на кучето, како јаде, пие итн. ќе се направи комплетна крвна анализа осносно крвна слика, биохемија и уште неколку дополнителни параметри како и цитолошка анализа и евентуално ренген снимки за да се види дали се развиени метастази бидејќи уочени се потешкотии во дишењето.
    Во моментов итно се потребни 1000ден за да може уште утре 26.04.2016 да се направи комплетна крвна слика, 1000ден за цитолошка анализа како и донација од 2900ден за дополнителни тестови (за да се елиминира потенцијалнa ерлихија, анаплазмоза, хартворм итн.) и донација од лименки кучешка храна (Chappy или Darling по можност). Ќе одиме чекор по чекор, ќе повикуваме за помош и донации во зависност од тоа што е потребно во моментот, прерано е а се каже, но се надеваме дека не е предоцна и дека кутрето ќе има можност целосно да се опорави и да живее среќен живот како и Шаи.
    Покрај потребната првична помош од 4900ден и лименки храна истотака потребна е помош и за име на кутрето кое е мал раст, машко и е старо околу 4-5 години.
    Лице за контакт за директни донации е Виктор Мазнев, контакт телефон 077 815 078 или Алексадра Николовска 071/226-935
    Сметка за донации со Назнака : Куче - Радовиш
    Здружение за заштита на животните ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ Велес
    ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300270000101436
    ДЕПОНЕНТ: КОМЕРЦИЈАЛНА Банка АД Скопје
    Донирате по своја желба !!!

    Ви благодариме однапред!
    [​IMG]
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. _malechka_

    _malechka_ Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    imam malecko kucence masko e dokolku moze nekoj da go zgrizi ke mu bidam mnogu blagodarna jas cuvam i macor i kuce i ne go prifakaat dobro zatoa ve molam koj e vo moznost da go zeme da mi pise vo sprotivno ke moram da go ostavam nadvor ..
     
  11. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Зашто си го земала ако после планираш да го оставиш на улица? цц
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.538
    Допаѓања:
    166.387
    Пол:
    Женски
    ^можеби ѝ е најдено, можеби подарок, можеби не очекуваше да не биди прифатено.
    Јас верувај би сакала, ама сега не сум во можност за кученце :(
    Патем @_malechka_ од голем или од мал раст е?
     
  13. _malechka_

    _malechka_ Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    @kim.k kuceto go zemav bidejki bese ostaveno na pat pokraj reka a go vrativ pak na ulica bidejki kuceto i macorot sto momentalno gi cuvam ne go prifakaa i doma mi bese vojna
    @theowndemon mislam deka bese sarplanince ama ne sum sigurna
     
  14. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Што да им помогнеме на животните? Ќе сретнем некое гладно куче по патот и ќе му скршам малку ѓеврек. Само да настрвам сиротото. После имало шпедиции за малтретирање на животни, па и парични казни за злосторниците. Што ли размислуваат луѓето? Секакви ги има!
     
  15. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    13315497_10210121374701981_2955692656074703743_n.jpg 13315497_10210121374701981_2955692656074703743_n.jpg 13315758_10210121555866510_4313580822346870346_n.jpg 13344512_10210121374461975_3089938727494404958_n.jpg

    Некој ако сака да го вдоми душичево, нека ме контактира. Премило е и многу игриво, го исчистивме од паразити, но неможам да го чувам повеќе бидејќи другото куче е љубоморно многу :)
     
    На girl-miri, SV1911 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Ве молам, земете барем 1 маче, ќе ви овозможам реквизити и ќе ви објаснам како да се грижите за нив. Нема да можам долго да ги задржам.
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На girl-miri, SV1911 и kjukli им се допаѓа ова.
  17. Таа од соништата

    Таа од соништата Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Јас и мајка ми сме големи љубители на животните и сме против секое малтретирање врз нв. Имаме миленици дома секако не можеме да ги земеме сите што ќе ги најдеме на улица што во последно време ги има се повеќе и повеќе исфлени мали маченца уште не опулени но се трудиме ги пријавуваме во здруженијата што се з азаштита што ги земаат па ги даваат за вдомување. И тие се душички јас незнам зошто ги врлаат веќе кога имаш женско маче ако нејкеш да ти раѓа стави му инекција поарно отколу после да ги фрлат мачињата кои ретко преживуваат сите ако не ги најде некој. За уличните кучиња да не зборувам баш се душички тие бегаат пошто ги тепаат постојано и тоа што велат дека напаѓаат ги касаат за без причина јас сум баш сведок на повеќе настани каде што врвам по улица и тие ги гибаат почнуваат да ги маваат со камења да му викаат да ги клоцаат па и како сите остаати сушества се бранат исто како некој мене сега да земе без причина кога одам по улица д аме мава со камења сигурно нема само така да седам исто и кај нив инстинкт на одбрана.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.222
    Душичево е два месеци старо, девојче. Игрива е, јаде самостојно и има стекнати хигиенски навики. Кој сака да ја вдоми, нека ме контактира преку лп.

    Aviary Photo_131108422892758663.jpg
     
    На kjukli, LivingGlam, girl-miri и 2 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.952
    Пуфле бе :) Мојов е страшен према мали мачиња (имавме неуспешен обид за уште едно да прибереме), иначе ќе си го земев јас :) Со среќа домче да си најде :)
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.222
    Се надевам дека ќе најде домче. Нема да ја исфрлам на улица во спротивно, ама подобро би било за неа доколку биде нечива мала кралица, пошто мачките се тоа. :D
    Има уште брат и сестра, бело со портокалово се, ама речиси е невозможно да ги сликам додека се будни од што се активни низ двор.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.