Да му помогнеме на Лаки Уплатив од мене и мм,само нека биде во ред,дали некоја ќе знае да ни каже што ќе стане со кученцево ,дали ќе се спаси ? Душичка убава,со жални очиња,грев ми е како за жив човек исто
Да му помогнеме на Лаки Јас стварно нејќам да живеам во овој свет! Ја избегнував да ја прочитам приказната, читав само понатака како да помогнам, ама не знам што ми требаше ја прочитав, и не не можам да се соземам! И не е фер...животов проклет не е фер, не е фер креаторов на светов, што исто како нас чувствуваат глад, жед, болка, а немаат како да се борат, освен да не молат нас НЕлуѓето за корка леб и за голтка вода во сред жештините, да те гледа милно во сред очи, а за возврат клоца да добие! Мислам дека ќе препукнам од болка, 3 недели во такви маки....... Кажав неколку пати, дека за вакви случаи треба да се извести анима мунди, функционираат и низ другите градови, нема шанса да не помогнат, да се однесе кај доктор Марин, тој ќе го излечи па после ќе му се плати, затоа што е најголем стручњак, и неверојатно хуман, им пишав веќе на здружението мали херои, ама не ми одговорија, ако некој има начин нека пренесе, анима мунди ќе обезбеди и превоз, и толку ли нема некој кој би овозможил превоз до Ск? Да бев во состојба да возам толкав пат, веднаш ќе тргнев и покрај се. И ќе го чувам потоа ако треба, веќе чувам едно маче најмило на свет кое е инвалид, само затоа што еден ништожник безвреден решил дека дневната забава ќе му биде пукање во мачки со воздушна, го пукнал ова во `рбет, и е инвалидче со задните ножиња, ама го чувам и го правам среќно, и го сакам најмногу, иако плачам секогаш кога се влече да ги гледа мачките други како играат во двор! Ѓубриња, ѓубриња луѓе, најлошото им го посакувам од дно на срцево, во најтешки клетви ги ставам! Најмило куче, да го спасиме некако само
Да му помогнеме на Лаки Ова е повеќе душевна болка тие чуствуваат кога некој ги сака, не можам да опишам колку сум приврзена за моите две лепотици. Од кога сум родена не знам колку улични кучиња сме прибрале дома, си играме нон стоп во двор, татко ми буквално ги гмечи од милост сите трчаме како споулавени со нив тие ако не ми го разубават денот кој? Исто го мразам народов, посакувам истото да им се врати и на нив да видат како боли кога нема кој да ти даде корка леб и малку љубов. Единствените суштества што можат да се задоволат само со една прегратка.
Да му помогнеме на Лаки e знам само можам да замислам како си се осеќала ти во тој момент иначе кога ке си дојде мајками ке га земам картичката на т-мобиле (во нејзината ташна е ) и ке донирам ОБАВЕЗНО! А ДА заборавив кој број да свртам мислам- како 00389 или директно да си вртам немам поима
Да му помогнеме на Лаки Имам информација дека Лаки е во сигурни раце и има тим доктори што се грижат за него. Колку да ве утешам бар малце од малце
Да му помогнеме на Лаки Вака сега. Лаки е во ветеринарен факултет. Утре треба да дојде доктор од клиника за да му се направи MR. Баш изгледа нема да се убави вестите по тоа што го дознав денес, но не сакам да навлегувам пред да имам официјални вести. Сепак како утеха ќе ви кажам дека Лаки ке живее.
Да му помогнеме на Лаки Срце малечко И друг пат како мала имав видено едно куче со две скршени (веројатно прегазени) ноџиња. Се влечкаше одвај по улицата Камо да можевме да поможиме некако поќе освен да уплатиме пари на сметката
Да му помогнеме на Лаки http://www.youtube.com/watch?v=TYtOgn1E ... e=youtu.be Одам денес да уплатам... Туку, ме буни дознакава, како точно треба да гласи дека е конкретно за Лаки? Донација за Лаки, или? Бидејќи ако напишам нешто од понуденово на сликата, парите може да бидат пренасочени за други цели од таа организација.
Да му помогнеме на Лаки Прекомплицирана е операцијата за Лаки. А и многу ризична со знак прашалник дали ќе е успешна а уште полошо дали ќе ја преживее Лаки. Плус таква интервенција се нема правено во Македонија, што е уште еден минус. Поради сите овие негативности операцијата е откажана. После неколку неделна дијагноза во ветеринарната клиника во Скопје Лаки доби отпусна листа, се враќа во Битола каде ќе му биде набавена протеза т.е количка како помагало. И ќе се бара семејство кое ќе го вдоми. Сестра ми го посетила Лаки и кажува дека ги има најубавите очиња на свет. Поглед кој ќе ви го растопи срцето. Душа бе. Се надевам дека ќе му помогне протезата за да може да има колку толку нормален кучешки живот, судбината си поиграла со него, но да не дозволуваме да се повтори и да почнеме конечно ги казнуваме несовесните и бездушни луѓе. На секое повредено живо суштество треба да му се помогне. Еве ви го целото известување од Здружението Мали Херои. Здружение Мали Херои Денес Лаки беше земен од институтот во Скопје и донесен во Битола. Ова е неговата дијагноза. Според стручното мислење на ветеринарите, операција за Лаки би била многу ризична, па нивна препорака е набавка на специјално помагало – количка (протеза). Благодариме на сите што го следеа случајот на Лаки и на хуманите граѓани, фирми и инспекторатот во Општина Скопје што донираа, исто медиумите ТВ Телма и Алфа, нашите истомисленици и колеги здружението Анима Мунди од Скопје , кои се грижеа за Лаки при неговиот престој на клиниката. Донираните средства ќе се искористат за набавка на специјална количка (протеза). Голема Благодарност до проф. Д-р Пламен Тројачанец ,ветеринарните доктори во клиниката за домашни миленици при Универзитетската ветеринарна болница во Скопје. Лаки е моментално згрижен, чека Хумано семејство со Големо срце кое ќе се грижи за него и ќе му пружи постојан дом, Здружението Мали Херои – Битола ќе стои на располагање како припомош и после неговото вдомување. И понатаму ќе Ве известуваме за состојбата на Лаки и уште еднаш од се срце Ви Благодариме за Вашата Хуманост и Поддршка!
Да му помогнеме на Лаки Леле зошто не можело да се направи операција, многу ми е жал . Се надевам дека ќе се најде некој хуман да го вдоми кученцето и се надевам дека ќе помогне колку-толку таа протезата. А тој што му го направил тоа на ноженцата нека го следи се најлошо. Се покажа уште еднаш колку понекогаш сме нечовеци ние луѓето.
Да му помогнеме на Лаки Значи и овие од здружението не ми се јасни!!!! Не е операцијата ризична, туку ОПЕРАЦИЈАТА НЕМА ДА ПОМОГНЕ. Тоа се две различни работи.
Да му помогнеме на Лаки Napisano od ZDRUZENIETO MALI HEROI:За сите оние кои беа и сеуште се заинтересирани за состојбата на Лаки, ние, како здружение осеќаме потреба да бидете известени дека состојбата на Лаки по неговото враќање од Скопје беше влошена. Препораката на ветеринарите во Битола најпрво беше еутаназија, ние сепак не се откажавме со надеж дека Лаки ќе биде опериран го однесовме во ветеринарниот институт во Скопје. Но и нивниот заклучок беше дека не може да се изврши оперативен зафат поради сериозната и стара повреда на `рбетниот мозок, тоа предизвикуваше неконтролирано мокрење и рани на задните нозе поради влечењето. Тоа за нас не беше причина да се откажеме и покрај тоа што дел од ветеринарите советуваа еутаназија, ние одлучивме да порачаме помошно средство (протези) со кои ќе можи Лаки секојдневно да функционира, тоа и го има во отпусната листа од ветеринарот кој го следеше случајот. Но за жал староста на повредата на `рбетниот мозок влијаеше во понатамошното функционирање на кучето, неконтролирани движења и агресија. Животот на кучето се претвори во измачување. Одлуката на здружението беше да се прифати првичниот совет од ветеринарите за негова еутаназија. Од се срце сакаме да искажиме искрена благодарност до оние кои ни дадоа голема поддршка, до сите хумани граѓани, институции и ветеринари. Средствата кои беа донирани за овој случај ќе бидат наменети за помош на други вакви слични ситуации со кои се среќаваме секојдневно, други бездомни животни и доградба на прифатилиштето “Мали Херои” ! RIP убаво кученце..сега си на многу поубаво место од ова!!
Да му помогнеме на Лаки Умре? не можам......... не знам што да кажам......ДА ИМ СЕ ВРАТИ НА НАЈМИЛОТО НА ОНОЈ ШО ГО НАПРАВИ ТОА! НЕ НА НИВ, НА НАЈМИЛОТО ЗА ДА СТРАДААТ УШТЕ ПОВЕЌЕ! ДА ДАДЕ ГОСПОД ДА ИСПОЦРКААТ КАКО ГЛУВЦИ! СЕБИЧЕН И ПРОСТ НАРОД, ГИ МРАЗАМ!
Да му помогнеме на Лаки Ох леле, душичко малечка . Ако е за некоја утеха, нема да се мачи веќе. Божеее, јас уште не можам да поверувам како има таков народ кој повредува невини суштества. Кажав и претходно, со се најлошо да им се врати. Рип кученце, ме боли душата што не можеше да се спасиш .
Да му помогнеме на Лаки Да умри тој што му направил вака на кученцево! Лаки сега си на подобро место, другарче....
Да му помогнеме на Лаки Ако беше Лаки мое кутре и го најдев така повреден, јас ќе ја донесев одлуката да го успијам мирно. А гнев, гневот за овоа злодело не ми се мери! Нека му помогне господ на тој што ќе го видам како прави вакво дело, оти да го знам, ако ми е пред очи, ќе го лежам! Баш пред некој ден отидов во хуманитарен центар за згрижување домашни миленици, и макар што не сум способна да вдомам, донирав храна и ќебиња на центарот, и разгледав кои кутриња и мачиња чекаат фамилија. А знам дека подобро е да не ги гледам, оти секогаш плачам, и пак одам, гледам. За едно куче душата ме заболе, кога му ја прочитав историјата, тепано, со што било тепано не знам ама имаше лузни, раните излечени од страна на добрите луѓе во центарот, ама се гледаше. Не дојде до вратата како другите, да се поздрави, да мавне опаш и да рече мене избери ме дома да ме носиш, туку си седеше во ќоше, а во очите, не преувеличувам, во очите му ја видов најголемата тага што во човек ја немам видено. И сега додека му се сеќавам на очињата срцето ми плаче, море и очите ми плачат, па и тие имаат бре душа како нас. Ако не и поголема, почиста. Да се засрами човечкиот род од толку што е суров некогаш. RIP Лаки, ти го украде монструм правото да живееш и да бидеш сакан од еден газда. Затоа сите ние те сакаме, и нека ни остане на ум, да продолжиме да помагаме на тие душички на кои сеуште можеме да им помогнеме. Кога тие се фрлени на пат, тие немаат баш никој друг да им помогне освен нас.