Да му помогнеме на Лаки Лееее аман бе веќе.Зарем не може да се најде сторителот и да се казне законски како за убиство или напад брз човек? R.I.P душичке мала ,сега ќе му се смееш на слабоста на овие бездушни манијаци кои неможат да се справат со своите проблеми и неможат да ги расчистат сметките со посилните па удираат на послабите-кутри животинчиња! Еј и да ви кажам,кога сум гневна не викам да му се врати на најмилото, децата или семејството,тие не се криви, зошто да страдаат тие кога татко му или мајка му направила зло ,можеби и родителите на Лакии направиле некое зло па Лаки е сега казнет мислам не е фер така да го исфрламе гневот на некој трет!Вистина е дека тој што го направил ова ќе го боли повеќе кога ќе гледа како страдаат најмилите,ама тие можеби и не се виновни , што мислите,а?Можеби не заслужуваат казна?
Да му помогнеме на Лаки ШТО??ЛАКИ УМРЕ?!!?? Леле срце миличко златце мало почивај во мир, не дочека да имаш сопственик охх леле срце бе. Тој што ти го направил тоа нека те носи на совест до крајот на животот, а него нека му се врати на најмилото , најмилите да ги фрлат во канал, беспомошни, да видат што направил тој...!!! Почивај во мир мило кученце....
Да му помогнеме на Лаки Жалосно Лаки,душа мала,но тоа е,кога нма човечност ни ронка во камените срца на луѓето ,кќе страдаат...Видов пред некој маченце,мало беше,умрено веќе,крзното беше целото во кал,засушено и со пресечена опашка,на сред пат...Оф Господе,памети им го гревот...!
Да му помогнеме на Лаки Е стварно неможам да разберам и да сватам колку луѓето се хумани за животните, ајде малку свтете се сите вие и гледајте за луѓето децата што нависти им треба помош.
Да му помогнеме на Лаки Навистина,има толку бездомни животни,убивани,тепани,што ли не,а ти зборуваш за луѓе бре
Да му помогнеме на Лаки Кутрото куче,жал ми е! Ама постојат и многу други малтретирани животни од страна на човекот,тие животни не го заслужуваат!А луѓето што ги малтретираат најмногу ме нервираат!
Да му помогнеме на Лаки Само во човековата природа е да малтретира намерно друго живо суштество. А кога човек нема милосрдие, не треба да се нарекува човек.
Да му помогнеме на Лаки Искрено, на ваква тема не сакам да прочитам НИЕДЕН коментар дека на животните не треба да им се обрнува внимание покрај толку болни луѓе! Преку глава ми е, ама скроз! Се утепувам од донирање за секој што ќе стигнам, за секој несреќен бебуш, девојка, маж, жена...Уплаќам по жиро сметки и се надевам дека баш моите 100-200 денари ќе направат разлика во нечиј живот...АМА сум се „дрзнала“ да му помогнам и на некое бездомно животно, и затоа сум лицемер и не им помагам на луѓето?! МА ВИ СЕ МОЛАМ!!
Да му помогнеме на Лаки Јас не знам што се буните, кој што сака/на кој сака ќе си ги троши и донира сопствените пари, и финито Чисто се сомневам дека мрчаторите на оваа тема дале денарче за некое болно дете Абе, лажни хуманитарци на секој чекор, само за во црвен крст се, со лајковите на фејсбук
Да му помогнеме на Лаки Не ми се верува, колку злобни луѓе постојат. И тоа е душа и чувствува. Моето кученце се разболе, и во тешки маки живееше долго време, и бидејќи престана да јаде и пие, тешко дишеше, мораше да се одлучиме на успивање. Душа моја беше Душата со болка ми ја наполни, со ноќи ја сонував, како ја галам, како ми простува, што и го направивме тоа. Пред да влеземе, со крупните очи ме гледаше, како да знаеше дека ја чека крајот. Но секако се надевам дека позади планината од болки ја пречека рајот. Ми почина на раце, и до ден денес си носам една тага . Детството ми мина со неа. Откако почина, дворот опусте, отемне. Нема кој да ме пречека, кој да се радува. И се тоа до пред некое време. Кога дојде новово кутренце само. Беше со врвка на главата, било мкнето, цело гревно. Од жал го прибравме и сеуште го чуваме. Сепак ако не го земевме црна ула немаше да му се повиди. Сега се мислам дали е се во ред со него, оти малце поулавено е, да не го тепале по главче. Нема осет кога го караш кога го галиш, се му е исто. Заклучок-навикнато е на прачки и котек. Така што Лаки може бил успиен од болки. Бидејќи само ќе се мачел. Не е тоа проблемот. И мојата мила ќе се умреше од болка ако ние не и ги скратвиме болките и маките. Проблемот е до мачителите. Бездушни. Со животни сум приврзана, и ако видам некое гладно а имам нешто во мене, му потфрлам. Не дека многу ќе му смени, ама барем ќе го наполни стомачето. Секако да не должам, ова ви го кажувам, сакајќи да ви кажам дека Лаки не е ни прв ни последен. Жално е, но уште пожално е што не е САМ. Многу кучиња се тепани, влечени, со кршени коски.. Затоа сакам да се воведе закон, за заштита на учичните и домашните животни. Мислам на оние кои дома ги чуваме. Бидејќи жално е. И тоа чувствува. Сега кога ви пишувам се сеќавам на очињата на мојата мила, која почина, како ме гледаа, знаејќи дека до таму може. Како да ме молеше, да ја оставиме, не за неа, него за НАС. Бидејќи знаеше дека ќе плачеме. Ете таа е мојата непреболена. Најлоша казна за мачителите. Точка..
Да му помогнеме на Лаки Не ми е јасно луѓето како можат да бидат такви.Па и што да е треба да му се помогне,да се донираат пари и да се спаси жоивот.Како ние луѓето имаме душа така имаат и животните.Зар треба само на луѓето да им се помага,а на животните не?!Па и тие се греота.Ако можеме зошто да не им помогнеме на некаков начин.Многу ми е жал што умре Лаки
Да му помогнеме на Лаки леле колку жално уште утре ќе донирам барем јас знам колку е тешко да го изгубиш саканото животно имав црн мачор Лео и 2 год го чував го најдов отруен пред врата и ден денес неможам да го прежалам сите знаат кој го отрул но не ми кажуваат зошто ќе направам скандал
Да му помогнеме на Лаки Не знаев во која тема да го ставам ова, ама оваа ми изгледа ко најсоодветна. Ѕверови Да им се суди ко за човек http://press24.mk/story/dzverski/postoj ... shno-kuche
Да му помогнеме на Лаки Полицијата фати двајца сторители од беровското село Русиново, кои пред три дена крвнички измачувале и убиле куче скитник. Ацко Б.(19) и Александар К. (29) без повод и причина во раните утрински часови најпрвин почнале да го малтретираат кучето. Снежана Санева, портпарол на СВР-Штип изјави дека тие со раце го давеле кучето, потоа со стап го удирале по главата,а откако го усмртиле со лопата, со секира му ја отсекле главата. Телото го влечеле низ селото, а главата ја закачиле на еден столб од оградата од поштата во селото. Во раните утрински часови граѓаните биле згрозени од тоа што го виделе, рече Санева. СВР-Штип поднесе кривична пријава против сторителите за извршено кривично дело измачување животни. Изминатите денови не им биле достапни на полицијата бидејќи како што тврдат биле на сеча на дрва во малешевските планини. Согласно кривичниот законик , за вакви дела предвидена е казна затвор од три години или парична казна од 5 до 360 глоби, а една глоба е во вредност од едно до 5000 евра . Во штипскиот Основен суд досега имаше еден случај за измачување на животно. Средношколецот што го дресираше кучето со мачка како мамец, добил осолободителна пресуда, бидејќи било утврдено дека мачето веќе било мртво. Hека скапат во затвор
Да му помогнеме на Лаки Еден ден затвор нема да видат, ќе платат нешто ситно и ќе бидат пуштени, кај нас за убиство и мачење на животно не се одговара.