1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да им помогнеме на животните

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од RainBow, 4 април 2012.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Јас сум член на Битолското друштво за заштита на животните „Мали Херои“.
    Се трудиме колку шо можиме да му помагаме на бездомните животни и да ги вдомваме. До сега сме успешни, ама како и кај сите средствата се ниски.

    Денес е најдена прекрасната Бела. Така ја крстивме, најдена е на улица буквално маната од автомобил и остаена така. Ветеринар констатира дека има тешки повреди на задните екстремитети, воопшто не ги чувствува и е тотално истрауматизирана од ударот. Потребни се лекарства за неа, и за нејзин транспорт во Скопје кај постручни ветеринари, оти знајме сите дека таму има поќе можности.

    Ве замолвам ако некој има можност да донира некој денар.

    Трансакциона сметка:
    240150002179757 УНИ Банка А.Д. Скопје


    Еве ја Бела, и линк од страната на друштвото на фејсбук доколку сакате да се уверите во точноста на информациите.
    Однапред ви благодарам <3

    https://www.facebook.com/maliheroi
     

    Прикачени фајлови:

    На senza.parole, SV1911 и sofijanoka им се допаѓа ова.
  2. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Би го предложил Др.Марјан Величковски.Се наоѓа во непосредна близина кај гимназијата Корчагин.Докторот е многу фер,па верувам и дека ќе ве прими на почек.Инаку би ве замолил да ми пуштите телефон во порака,за евентуално доколку дојдете во Скопје ќе се обидам да ви помогнам.

    Најдобро ќе биде да се донесе до Скопје,па да се утврди како ќе биде лекувањето и колку финансии ќе бидат потребни и да известите овде.Верувам дека и некој освен мене ќе има желба да донира.

    Ќе ве замолам да ми оставите телефон сега или кога ќе бидете во Скопје и ќе ви помогнам како и со информации и со парични средства.
     
  3. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    ЖАЛ МИ Е!
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Нашиве здруженија се борат, гледам наголемо почнаа со поинтензивна работа, но некако слабо оди...
    Потребни се закони за заштита на животните, или можеби постојат, но ние не знаеме ??? :?: :?:

    И постои ли број каде можат да се пријават луѓе кои малтретираат животни и какви се санкциите ??? :?:
    Или и тоа е ветар во магла ??? :doh:

    Секојдневно сум сведок, посебно кога одам во природа на трчање, како луѓе тепаат, маваат со камења по кучиња, кои мирно си лежат и ништо не им прават !

    За комшиите не сакам ни да зборувам.
    Имам маче, кое си шетка и по дворовиве, само ми го клоцаат и гаѓаат со камења кога не сме надвор. :x
    А, мачево е премирно, ништо не прави, ама тие себе си не се сакаат, не па животни. :swear:
     
    На senza.parole, zalosna и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  5. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Како смеат да маваат на животинче, што им сторило па да го тепаат ахххх бре само мене да ми се погоди некој таков да ми посегне по моите кученца па мислам дека... :x :@
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Пред некоја недела мислам беше, тука во Кичево обесиле мачка :'( Во весник имаше.
    А едниот го познавам! :!: Сакам да го убијам луѓе :devil: :devil: Такви бездушници не заслужуваат живоооооттттттттттт ]:) ;( ;( ;(
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  7. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    За жал Бела погоре, по неколу дена подлегна на повредите... Кривецот не беше најден како и по обичај во вакви случаи.

    Заради вакви работи се револтирам и застанвам на страната на животните целиот мој живот!

    Затоа би сакала да споделам една информација тука...
    Здружението за заштита на животни „МАЛИ ХЕРОИ Битола на ден 1.06. 2014 год. во малата сала во Центарот за култура со почеток од 18ч. ќе одржи јавна трибина во рамките на проектот „Заедно за животните , Заедно за Граѓаните" .

    Настанот е инициран од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди" (Скопје), во соработка со Здруженијата ,,Мали Херои (Битола)", „Гласот за животните" (Велес), „Анималиа" (Охрид), „Animal world" (Струга) и „Втора шанса" (Кочани).

    Секој кој има можност нека дојди мислам дека е крајно време да се подигне свеста на граѓаните во врска со насилството и нехуманиот однос кон животните!!!!!!
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски


    Ах, душичка...Кривецот, секако дека никогаш нема да го најдат, благодарение на ангажираноста на нашава држава, која не се грижи за својот народ, а не пак за кучињата и мачките.Прееска слушнав на тв, во Велес биле отруени кучиња, мачки, а пак градоначалникот на Велес, рекол дека сметале уличните кучиња.Се сомневам дека тоа не е дело на граѓанин, туку на некој кој може и сака да ги тргне уличните кучиња, не можам да разберам, како некој се осудува себе си да направи такво дело, со која душа го прави тоа.Далеку сме од странците, каде казнуваат малтретирање на животни, пред скоро, имаше некаде на нетот објавено за дете кое е осудено на неколку години затвор, само затоа што малтретирало животно, претходно друг човек во една од европскиве земји, не ми текнува во моментот, која, беше осуден, секоја чест, бидејки со таква казна, нека видат, дали уште еднаш ќе кренат рака на животно. Апстракција е тоа кај нас, божем ќе создадеа полиција за заштита на животните и од тоа ништо не бидна.Уствари што и биднало како што треба во нашава држава, па да има позитивно мислење, човека. Поради вакви работи, да му е криво на човек, што е човек.Колкава е бројката на отруени кучиња и мачки во Велес, не знам, се надевам се спасени некои, страшна глетка, лешеви од кучиња на улица, па толку ли се ладнокрвни нашиве, та да не мрднат, да направат нешто, ич се однесуваат како да не ги интересира, па и уште сметале.Свашта, до таму отиде човека, не само кај нас, туку и во светов, да трга се пред себе, се што му стои пред патот, дали човек или животно, а зошто, само затоа што своите проблеми не може да си ги реши, па мора лутната, бесот, гневот, да ги исфрла врз оние кои ниту се должни, ниту пак заслужни за тоа.Катастрофа.
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
     

    Прикачени фајлови:

    На anuskaNESTLE, Ultimate.Shopper, zalosna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Пак јас...

    Сакам ве замолам доколку има некој што сака мило кученце да си го чува да не контактира.

    Приказната за Хана е трагична, но со среќен крај.
    Хана беше удрена од несовесен возач и оставена така.
    Ваквите приказни често се повторуваат.
    Едната нога и беше скршена и беше во Скопје спремна за операција. На крај се испостави дека е силна и
    без операција да се опорави и сега е тотално здрава. Прочистена е од надворешни и внатрешни паразити и е спремна за вдомување! Толку е мила и мирна и игрива и заслужва дом во кој ќе биде сакана!

    Превозот до други градови не е никаков проблем! Само изразете желба.
    Еве ви ја страната од друштвото слободно кој сака верно и мило милениче нека ја побара :inlove:
    https://www.facebook.com/maliheroi?fref=ts
     

    Прикачени фајлови:

    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Najubava09

    Najubava09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    108
    Штета што моите не ми даваат да чувам ништо,ахх кога би можела јас сите би ги зела,срциња се,гревчиња,многуу ми е жал за нив :(
     
  12. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Ех,можност нормално немам дома сите да ги приберам :D
    Ама бар да ги соберат,да ги однесат на некое соодветно место,барем да живеат нормално :doh:
    Искрено,ќе заплачев од приказната,цела се наежив :(
     
  13. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден гледав едно маче на интернет на улица го нашле без очи е а дали го земале со себе па да го однесат некаде незнам.Жално ...

    Моите родители не сакаат мачки кучиња и такви работи така јас кога дојде едно маче до мојот двор се расплакав за да му дадеме да јаде ба така ја натерав мајка ми...Со тек на време мајка ми многу почна да ја сака мачката.Но мачката ни умре пред 1 година :( :( :(
     
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.146
    На повеќето не ни давале родителите, ама се наоѓаат начини, а после некое време ќе видиш дека и твоите ќе се приврзат исто колку и ти. Затоа, вдоми си маче за почеток, не се откажувај.
     
    На eliesaab, Butterfly-Girl, Najubava09 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Blume

    Blume Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Браво за тој/таа што пријави и му го спаси животот на кученцето!!!Сега само да биде добро тоа и да најде нов сопственик!Само напред ,,Мали херои''!!
     
  16. Najubava09

    Najubava09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    108
    Па јас така направив си земав куче,мама и тато мачки мразат,дека повеќе кучиња сакаа,ама ете татко ми не го сакаше кутрето ми го зема и го даде на еден другар.. :(
     
  17. MademoiselleB

    MademoiselleB Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Среќа па моите сакаат животни, затоа и си имаме кутренце веќе 2 години.
    Јас би си вдомила и маче ама не е лесно со маче и куче дома :lol:

    Иначе јас стварно не можам да им го сватам тој болен памет на тие луѓе што малтретираат животни, ама стварно, случајно кога и да видам некое видео каде што малтретираат некое животинче ми се кине срцето, па каде ќе им иде душата на тие луѓе?! :fubar: Ама ете... Не е болест се што боли. :envy:
     
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.146
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    ИТНО !!! Некој ги оставил надвор во кутија на сонце да умрат. Кој сака да им го спаси животот, бар привремено да ги чува, нека пише или нека ми титне/зазвони на 077 698 680
    Се наоѓам во кисела вода, и чувам премногу животни. Мачкава кај мене има 6 мали, и не ги прифаќа овие. ПИШЕТЕ ИТНО ВЕ МОЛАМ ако знаете некој !

    Петар се вика дечкото за контакт. :)
     
  20. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    ако има некој мопс за продавање нека ми пише лп