јас најпрво кученце мало си зедов,моите не сакаа баш,но после го засакаа премногу, сега големо е,душиче Овие денови уште три мачиња ќе земеме од комшијата.Едвај чекам,колку сум среќна Само не е фер така луѓето кога ги оставаат на улица животните,па до толку ли не им е жал? Толку ли се бесчувствителни?
Кога ја пронајдов сабајле неможеше да стои на нозе , некако ја наткренавме , ја однесовме на ветеринар и заедно успеавме , ова мало суштество преживеа и затоа го доби името Живка. Стара е три месеци . Ве молам доколку некој има двор и можност Да ја чува барем десет дена додека се опорави нека ми пише лп . Јас ќе и купам и храна и се Што е потребно само некој да се согласи да и помогне зошто јас сум студент и немам можност да Ја Чувам во мојот стан .. ве молам помогнете и на оваа мала Душа
bubic.k дали објави и на фб? Дека овде тешко да најдеш некоја да ја земе. На фб има поголеми шанси. А ако не се јави никој за земање, тогаш што ке правиш со неа?
Ќе Ја чувам барем дури и поминат ушињата , многу ја болат, и ставам капки на сабајле жал ми е многу за неа
Ги побара анима нунди за помош? Или овие од спас за животните? греота е да ја навикнеш на тебе и после да ја пуштиш
http://www.change.org/p/stop-euthanasia ... n-romania# Ве молам издвојте неколку минути и потпишете ја петицијава, бесплатно е. Помогнете да престанат тортурите на кучињата во Романија.
Женско куче, старо 9 години. Стерилизирано и прочистено. Бара дом бидејќи газдите од икс причини веќе не сакаат да ја задржат. Доколку не и се најде дом, решиле да ја однесат во Вардариште, па дури и се размислува за еутаназија. Ве молам доколку можете да и пружите привремен дом на оваа душа, исконтактирајте ги сопствениците, или доколку знаете некој кој може да и пружи дом за стално,исто така! Доколку можете да ја задржите макар и една недела, тогаш исконтактирајте ги додека не и се најде постојан дом. Телефон: 070 23 57 23
Во драчево се шета наоколу,бара храна..спие до зградата кај што живеам и давам храна колку што можам но не е доволно,уште малце треба да се окучи,за жал јас неможам да ја згрижам,во стан сум..А ако се окучи тука можно е да и ги убијат кученцата,зошто ненормални комшии имам!Ако може некој привремено да ја згрижи.. Луна се вика.. Паметно кученце,мирно Ако може да споделувате..
ИТНО! Вчерa дентa пронaјдов едно мaченце улично и решив дa си го вдомaм. Притоa, носејќи го домa зaбележaв декa е повредено и тоa многу и цело грбче му е искривено. Нa зaдaдените рaни некој претходно му стaвил aнтибиотскa мaст но тоa е дaлеку од доволно. Денескa го однесов нa ветеринaр и ми рекоa декa имa околу 90% шaнсa се дa е во ред после извршенa оперaцијa од околу 3000-3500 денaри, и секaко после тоa ќе следувa aдеквaтен третмaн. Се соглaсив нa оперaцијa, но ќе ми биде потребнa и нaјминимaлнa пaричнa помош!!! Дa не бидеме игнорaнтни зa живот нa млaдо суштество - кaкво и дa е! Сметка за донација.. 210 501 674 864 517 Maceto e pronajdeno od moja prijatelka
Издвојте пола минута од вашето време и потпишете ја петицијата за стоп на борбата со бикови. http://supportgreens.eu/bullfighting За тие што не живеат во ЕУ, кај полето Country изберете Other и ќе ви даде опција да напишете од која држава сте.
Еве уште една не помалку важна петиција за спас на кучињата во Азија. Овие кучиња се дерат живи за месо. Секој потпис, секое име има значење. https://savedogs.soidog.org/petition
Што забележувате додека шетате ? Ги разгледувате ли убавите градби, паркови, споменици...? Ги гледате ли среќните деца кој што трчаат среќно и слободно низ улиците ? Ги гледате ли птиците далеку од човечкиот дофат, како среќно ја свираат нивната мелодија ? Верувам дека сите сте го виделе тоа. Но, дали сте го виделе тажниот поглед на напуштените кучиња, кој некогаш биле во Вашиот дом?. Дали сте размислиле дека и тие се дел од нашето секојдневие? Дали некогаш сте ги поделиле остатовите од Вашиот оброк ? Да, оние остатоци кои ги фрлате во контејнер или ги чувате со денови додека не се расипат во Вашиот фрижидер. Дали не Ви пречи секојдневно да ја гледате оваа ужасна слика ?. Дали сте размислиле да и помогнете на тие беспомошни кучиња ? Нивниот поглед ништо ли не Ви значи? Нели ја гледате молбата за помош која Ви ја упатуваат секојдневно ? Што треба да сторат тие за да бидат забележани. Друштвото за заштита на животните ,, Фауна ‘’ – Струмица, е создадено пред 2 години, а во текот на тие 2 години, ние, максимално се трудиме и даваме се од себе за да им помогнеме на овие напуштени животни. Но, понекогаш нашите раце се оковани со синџир поради немоќноста од финансиски аспект. Не дозволувајте прашањето за кучињата скитници да остане реторичко. Сторете нешто да го промените тоа. Нема крај на повиците кои доаѓаат за помош, а ние сакаме да помогнеме. Но, потребно ни е и Ваше учество. Да се биде хуман значи да се подари живот Ние, Друштво за заштита на животните ‘’ Фауна ‘’ – Струмица, Ве замолуваме доколку сте во состојба да донирате било каков износ, сторете го тоа на сметка: 300030000136853 Со тоа ќе ја намалиме секојдневната слика на измачуваните, изгладуваните и повредените животни кои се оставени на улица. Доколку не сте во можност да вдомите, барем волонтирајте или донирајте. Види го прикачениот фајл 187086 Види го прикачениот фајл 187082 Види го прикачениот фајл 187084 Види го прикачениот фајл 187085 Види го прикачениот фајл 187083 Види го прикачениот фајл 187082 Види го прикачениот фајл 187083 Види го прикачениот фајл 187084 Види го прикачениот фајл 187085
Ние, Друштво за заштита на животните ‘’ Фауна ‘’ – Струмица, Ве замолуваме доколку сте во состојба да донирате било каков износ, сторете го тоа на сметка: 300030000136853