Донирајте за Јована… Помошта од секого е добредојдена. Малечката Јована која има шест години мора итно да замине на преглед во педијатарска клиника во Љубљана.Со дијагноза епилептична енцефалопатија, состојбата на Јована е видно влошена и добива чести неочекувани епилептични напади. Потребни се 3000 евра за пат и сместување како и за прегледите и испитувањата на педијатарската клиника. Се молат сите хумани граѓани да помогнат за подобрување на состојбата на Јована. Жиро сметка: 210-7000006191-90, нлб тутунска банка,цел на дознака: донации. Донациски број од мрежата на ВИП 077/ 143-177 Донациски број од мрежата на Т Мобиле 070/ 143-123 Семејството на малата Јована Ви се заблагодарува од срце
100 денари Стојне, ти благодарам иако правиме многу малку со тие 100 денари сепак да се потрудиме и да направиме нешто заедно. Јас немам телефон на ВИП или Т-Мобиле па затоа донирам на ж. с-ка. Јована заслужува да има поубаво детство!
Едни фини батковци утре ќе свират за Јована во ГТЦ, да им дадеме многу аплаузи и целиот кусур од шопингот тој ден ќе биде сосема доволно да соберат пари и да ги донираат за Јована. Јас ќе бидам таму да ѕенѕам наместо Илина, она многу ги сака и секогаш кога оди таму игра додека они свират, сега ќе игра тета и се надева дека ќе донесе еден куп тетки со неа за да и помогнеме на Јована https://www.facebook.com/events/335357973321104/