Да и помогнеме на Ели!

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од AngelOfArh, 28 декември 2015.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.848
    Допаѓања:
    48.818
    Пол:
    Женски
    Ели е едно мало девојче кое случајно го запознав на детска клиника лани после Нова година, мило и слатко детуле кое се соочила со многу ретка дијагноза и знае се за нејзината болест. Иако Новата година ќе ја помине во болница во САД да се потрудиме детството потоа да и биде среќно и безгрижно.

    http://www.donacii.mk/baram-pomos/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-eli/
     
    На Svetulkaaaaaa, anel и Artista им се допаѓа ова.
  2. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    2.914
    Пол:
    Женски
    Да донираме за детево :l:

    070/143-111 – Телеком

    077/143-775 – ВИП

    075/143-114 – ОНЕ
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.848
    Допаѓања:
    48.818
    Пол:
    Женски
    Дечки, на Ели ситуацијата е озбилна, на следниов линк ќе прочитате малку повеќе ама реалноста е далеку поозбилна. Да и помогнеме а? Ели е само мало дете кое се нашло во барабанот наречен живот и стварно сака да се врати и да го продолжи животот надвор од детска клиника. Направена е една операција и констатирано е дека е малку поинаку од предвидувањата, за тоа се потребни нови средства, што за болничките трошоци што за продолжениот престој таму, ајде да помогнеме а? Свртев неколку пати, немам кеш да донирам веднаш поголема сума, ама вака преку сметка ќе се потрудам да донирам колку толку. На детево ситуацијата е стварно алармантна, заслужува да се прочита и да се донира.

    Да донираме на:

    070/143-111 – Телеком

    077/143-775 – ВИП

    075/143-114 – ОНЕ

    Девизна сметка Додевска Елена

    IBAN: MK07300307063080823

    BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X

    Комерцијална банка

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/vi...-malata-eli-donirajte-i-spasete-edno-detstvo/
     
    На Svetulkaaaaaa, MiloMalo и blueberry93 им се допаѓа ова.
  4. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    2.914
    Пол:
    Женски
  5. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    1.453
    Пол:
    Женски
    Можиме да спасиме живот еден мал невин живот ајдее сите да докажеме дека сме ЛУЃЕ
    СИТЕ ЗА ЕЛИ!!!!:muscle::muscle::muscle::l::l::l:
     
  6. #Пепи

    #Пепи Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    349
    Пол:
    Женски
    Сите за Ели ... секој денар дониран за слаткото девојче е малку за нас, но многу значаен за нејзе!
    Да бидеме хумани! :l::l::l:
     
  7. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    1.941
    Допаѓања:
    29.030
  8. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    2.914
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На kukla21, Пчела, blueberry93 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    2.914
    Пол:
    Женски
    Колку години има, толку години живее во болнички кревет. Осумгодишната Ели за првпат откако е родена има шанси да се излечи од ретката болест што ѝ го одзеде целото детство – аганглионарен мегаколон. Народски кажано, нејзините црева не работат. Ели е единствен таков случај во Македонија и на Балканот. Статистички, од оваа болест заболува едно на два милиона деца.

    По црните прогнози, следувале операции во три држави. Бидејќи секој час е битка за живот, семејството не можело да бара пари од Фондот за здравствено осигурување(ФЗО). Скапите интервенции и лекарства ги плаќале од свој џеб. Се натрупале кредити врз кредити, долгови што треба да се враќаат. Целосно финансиски исцрпено од долгогодишното лекување дома и во странство, родителите на Ели не се во состојба да победат во последната битка – да го платат престојот на девојчето во болницата во САД, кој непланирано се одолжил по последната операција. Победа што по толку време неизвесност, може конечно да донесе малку светлина во семејството. Големи се шансите Ели да оздрави и да расте како нејзините врсници. Тоа писмено го потврдил докторот од САД, кој гарантирал дека медицината има соодветен одговор за нејзината болест. Фондот одобрил пари за операцијата и за престој до седум дена, колку што првично се очекувало да трае постоперативниот период. Ели е оперирана на 5 јануари годинава.

    Шестчасовната операција завршила добро. Но поради исцрпениот детски организам, докторот препорачал да остане подолго од планираниот датум на 11 јануари, кога требало да излезе.
    Веќе 17 дена девојчето е со таткото во болница на друг континент, без пари. Не се знае до кога ќе останат. Но и откога ќе излезат, според лекарската препорака, треба да останат во САД минимум шест недели надвор од болница, на надгледување. По три месеци од оваа операција, на Ели треба да ѝ се направи уште една помала, за доживотно да ѝ се среди состојбата. Американските лекари гарантирале дека по оваа, завршна операција, Ели ќе може да продолжи да живее како и нејзините врсници. Ели е сама со татко ѝ во САД. Нејзината мајка остана во Скопје, на 3.000 километри далеку од ќерката, бидејќи не можеа да платат уште еден билет. И покрај траумата што е одделена од чедото во тешки моменти, и покрај стравот дали ќе се соберат пари за Ели здрава да се врати дома, мајката не ја напушта оптимизмот дека како и многупати досега, има добри луѓе што сакаат да помогнат.

    - Јас сум уверена дека на крај сѐ ќе заврши добро. Верувам во докторите и во хуманоста меѓу луѓето. По толку години, првпат бараме помош на овој начин, зашто веќе сами не можеме. Ако не продолжи лекувањето, сите напори ќе ни бидат залудни – вели таа.
    Иако болеста ја исцрпува, Ели многу сака да учи. Зад апелот за помош стои девојче кое на осум години знае да чита и да пишува, работи на компјутер и разбира англиски. Најчесто сама се учела од преголема желба да учи. Во ретките денови кога можела да посетува училиште, одела дури и болна, само за да биде со другарчиња. Таа е многу чувствително дете и сакајќи да ја заштитат родителите нема да објавуваат фотографии од неа.
    Еден болнички ден чини 3.400 евра. Засега не се знае колку пари ќе бидат потребни, не станува збор за сума поголема од 60.000 евра


    Извор


    Donate Now

     
  10. Hapburn Audrey

    Hapburn Audrey Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Донирано да му помогнеме на малото девојче да сиима безгрижно детство како и своите другарчиња :)
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.848
    Допаѓања:
    48.818
    Пол:
    Женски
    Vo Sabota site na ploshtrad, miliot Jovanche ke sviri pak za Eli a negovite drugarki ke prodavaat kolaci za da soberat pari za Eli. Ja poznavam Eli I znam kolku nea I e ova vazno. Bitno e deka taa veke se chuvstvuva podobro I da napravime ushte malku za da so dojde doma zdrava I vesela. Nie za Eli!
     
  12. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.120
    Пол:
    Женски
    Донирано..❤❤❤❤Душичка...побрзо да оздраве.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.120
    Пол:
    Женски
    На kukla21, MiloMalo и Winter Lady им се допаѓа ова.
  14. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за душичево
    Јас донирав, па од телефонот на маж ми донирав. Па вртев на мајка ми,татко ми, свекрва ми и они да донираат.
    Многу емотивна личност сум, а посебно сега откако сум мајка, за мали деца срце ми се кине.

    Господ нека е со неа, среќа да ја прати и да ни се врати живо и здраво.
     
    На kukla21 и MiloMalo им се допаѓа ова.
  15. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    2.914
    Пол:
    Женски
    :inlove::inlove::inlove:

    ХУМАНОСТА НА ДЕЛО: Јован и другарчињата повторно собираа пари за малата Ели (ВИДЕО)




    070/143-111 – само за корисниците на Телеком

    077/143-775 – само за корисниците на ВИП

    075/143-114 -само за корисниците на ОНЕ

    Сметка за Ели:

    - Денарска

    300001000024155

    Комерцијална банка

    Елена Додевска

    - Девизна

    Dodevska Elena

    IBAN: MK07300307063080823

    BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X

    KOMERCIJALNA BANKA
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.457
    [​IMG]

    Мали дечиња, големи срца :l::sun::music:
     
    На kukla21, MiloMalo, mimi**** и 3 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.848
    Допаѓања:
    48.818
    Пол:
    Женски
    Ushte sum vo shok, se sobraa za nekolku chasa skoro iljada evra, ete taa e detskata mok. Ne im beshe ladno, ne im beshe teshko, ne im beshe duri ni sram, prodavaa kolachinja, nasmevki i iskreni detski crtezi za eli. Denes nauchivme golema i vazna lekcija, i toa od deca ne postari od 8 godini, da ja zapamtime za navek, oti taka treba da se odnesuvame site. Eli ke se vrati naskoro, ke vozvrati so mnogu nasmevki, ljubov i isto volki dobrini, no dajboze da ne treba veke da sobirame za nikoj pari, da nema potreba od skapi bolnichki lekuvanja. Za Eli od <3
     
    На mimi****, Bozica1980, MiloMalo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    71.225
    Каде е во Америка? Сите имаме пријатели таму, па може и имаме некој во тој град, каде што треба да останат после лекувањето за дополнителен надзор, барем да не плаќаат хотели дополнително. Сигурно има некој таму со една слободна соба.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    2.914
    Пол:
    Женски
    Имаше таква опција, едно македонско семејство во Уса им понудиле престој да не плаќаат ама морала да биде таму ради специјалната исхрана и далечината. Уште една операција има, таа ќе биде за некој месец и после Ели ни се враќа домче :inlove:
     
    На AngelOfArh и blueberry93 им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.848
    Допаѓања:
    48.818
    Пол:
    Женски
    Super objasnilo Malo, osven moralna podrshka i sekako finansiska na broevite i smetkite mnogu ne moze da se napravi. Se nadevam eden den Eli ke se vrati za da se druzi tamu so lugeto a ne za vo bolnica.