Да спасиме еден живот, потребна е брза реакција! Ајде сите ние, да одвоиме 10 минути од нашето време, за да и помогнеме на Сања Кандиќ од Струмица. Сања Кандиќ имаше операција на слепото црево, но по лекарска грешка состојбата по операцијата и се влошува, со појава на рани низ внатрешниот дел на организмот која може да предизвика појава на сепса. Ситацијата е се поалармантна секој ден. Сања може да биде оперирана во Приватната болница Филип II во Скопје, која операција чини 2.000 евра, но таа и нејзината мајка не можат сами да ја обезбедат потребната сума. Ајде да помогнеме, помошта нас ќе не чини малку, но за Сања ќе значи ЖИВОТ! Сите хумани луѓе можат да и помогнат на Сања со уплата на сума по избор, на трансакциската сметка отворена за таа намена: НЛБ Тутунска Банка, Сања Кандиќ, жиро сметка: 210501616734648 Koнтакт за информации, Жане Манева, мајка на Сања: 078/737-028
Добро бе до толку ли една болница не може да си дозволи една про-боно операција, за едни бедни 2000 евра, што се тие пари за таква болница, за една недела ќе ги вратат...
Лекарска грешка и тие бараат 2000 евра?! Неможам да поверувам значи! Колку се само алчни за пари, а нивна грешка е, ај да се случеше некоја компликација без да погрешат да помислиш, добро , се за здравје, ама вака!!! Ми се гади од такви луге, доктори еј.. неможам да прокоментирам што чувствувам за таквите.