Има македонски производи за кои сентиментално сум врзана. Ај одмини рафт со грицки во маркет и не купи Стоби Флипс
Настојувам да купувам, но повеќето работи се толку промашени на вкус што ми доаѓа да ги фрлам во корпа. Секако има и такви кои ми се допаѓаат, на пример: А кроасанов не ми се допаѓа:
Јас купувам претежно македонски производи, купувам други освен ако нема во блиските маркети македонски. Ги ценам македонските производи. Наше си е наше.
Како вработена во маркет ќе ви кажам дека алкохол и цигари не смеете да купувате со таа картичка. Ова го кажувам поради сликите од најпрвиот пост.
Незнам дали, сте приметиле дека Витаминка си ги има подобрено производите. Јас тоа го приметив прво на чоколадите за готвење, сега се мнг повкусни. Гиобожавам со палачинки, а исто ми се допѓа и тоа што сега имаат и маслиново масло во понуда.
Мене од македонски производи доста ми се свиѓаат млечните работи. Кисело млеко, пресно, кашкавал, јогурт. Ми се допаѓаат и печурките од наше производство. Витаминка ми е врв. Скоро сите нивни производи ми се допаѓаат, посебно Цевитана. Газоза, Струмка, Вива од сокови. Од благо- слабо наши производи да ми се допаднат. Ама у главно оние на Витаминка ми се океј. Посебно чоко стоби. За чаеви- алкалоид.
Ви го препорачувам, путер од кикирики, јас го купувам од Стокомак и повеќе ми се допаѓа од оној од Кам.
Компанијата „Фаст Пак Трејдинг“, во сопственост на Иванчо Ивановски, основана пред 30 години, врши дистрибуција на над 1.000 различни македонски производи во сите сојузни држави на САД. https://nezavisen.mk/ivancho-ivanovski-30-godini-uvezuva-i-distribuira-makedonski-proizvodi-vo-sad/ https://www.facebook.com/Fastpakstore/