1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да му помогнеме на Јован Колоски

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од RainBow, 6 јуни 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Десетгодишниот Јован Колоски од Струга точно една година се наоѓа во кома. Се започнало 13 октомври 2008, кога од обична настинка Јован добил силни грчеви во телото. Веднаш бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје. Неговите родители велат дека по неколку дена ситуацијата драстично му се влошила. Лекарите најпрво кај него констатирале бактерија на вирусен менингитис која кај Јован воопшто и не била најдена. За кратко време промениле неколку дијагнози. Родителите се сомневаат во лекарска грешка.

    „После тоа излезе дека не е менингитис туку менингоенцефалитис. Значи тие едноставно беа како гатачи и си гатаа постојано, ова е, она е. Потоа рекоа дека е туберколозен менингитис го дозираа со најаки лекарства против вирусот кој наводно го имал, а никогаш не беше најден во крвта. Три дена добиваше силнинапади. Многу кратко време ни беше дозволено да го гледаме, но кога го видовме беше друго дете, беше стопен, ликот му беше променет. Тотално беше упропастено детето“ вели мајката на Јован, Мирјана Колоска.

    Родителите биле принудени сами на своја рака да го однесат Јован во Љубљана затоа што овдешните лекари им рекле дека за него нема спас. Таму не нашле ниту една од утврдените дијагнози во Скопје.

    „Ги прашавме зошто се откажувате од нашето дете? Зошто ни велите одете дома, за вашето дете нема повеќе живот, кога и снимките на магнетната резонанца покажаа дека нема дупки, нема рани нема отоци, немаше никакви оштетувања. Неколку пати му правеа ЕКГ, и никогаш до крај не можеа да го завршат. Кога отидовме во Љубљана Јован беше тотално упропастен. Не функционираше штитната жлезда, проширен беше црниот дроб, ензимите беа покачени во црниот дроб, вените исушени, кожичката му се лупеше“ објаснува Мирјана.

    Јован сега е дома под надзор само на родителите, без лекарска грижа. Таткото на Јован за својот син единец постојано раскажува дека Јован бил најомилено дете во класот, љубител на убавата музика, мило дете кое од рана возраст свири хармоника, а кое никогаш претходно не давало знаци на болно дете. Од сосем здраво дете, неговите родители биле на прагот да го изгубат засекогаш.
    [​IMG]

    Во Љубљана останале 3 месеци. Морале да се вратат назад затоа што еднодвен третман во тамошната болница изнесувала 1200 евра. Проблем имале и со Фондот за здравство од каде не сакале да ја исплатат потребната сума пари на болницата во Љубљана. Спас за Јован велат има, но мора да замине на итно лекување во странство. Бараат државата, министерството за здраство, фондот да се заинтересираат за нивниот случај. Лекарите во Љубљана им кажале оти ваков вид на кома е многу редок и во светот биле регистрирани само 6 случаи.

    За целосно да оздрави потребни му се:
    5 х 3000 = 15000 евра за дозите имуноглобулини
    1 х 5000 = 5000 евра за хируршката интервенција
    1 х 2000 = 2000 евра за контрола и вежби во Рехабилитационен центар Соча - Љубљана (физикална, работна терапија и логопед).

    Апел до сите хумани луѓе да помогнат со свои прилози.
    За таа цел од Мобилните компании се доделени следните броеви на кои може да донирате:
    за корисниците на Cosmofon ......... 075-143-401,
    за корисниците на VIP - операторот 077-143-402,


    Исто така за оваа намена се отворени и жиро сметки на име Колоски Димитрија во Стопанска Банка:
    денарска жиро сметка 200001366009767
    девизна жиро сметка MK07200001877047186 EUR iban broj
    MK07200001959628815 AUD iban broj
    MK07200001977704959 USD iban broj
    STOBMK2X-SWIFR COD
    Stopanska Banka AD.Skopje filjala Struga

    На сите хумани луѓе им благодариме за пружената помош и поддршка.

    [​IMG]

    Иницијатор: Marilyn-Monroe
     
    На Hipica, professoressa, nijas-polat и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    А да идат у к*рац ваквите болести што спречуваат (детски) животи да го допрат врвот на својот потенцијал, може!? :@

    Донирано, донирајте и вие!
     
    На kate21 и teddybear им се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Од вип донирав, ама од мобимак ми вика дека целта на акцијата е исполнета а хуманитрната акција со тоа е завршена ... :?:
     
  4. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Донирајте луѓе :(
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.637
    Му посакувам брзо оздравување на Јован и уште долго, долго да ги радува мама и тато.
    Донирано.... од ОНЕ телефоните се во функција
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Се обидов да донирам преку смс на Т-мобиле, на бројот 070-143-102 но ја примив следната порака:

    ’’Не постои таков број за СМС на 143ХХХ’’

    После свртев на бројот и тетката ми го кажа истото како на тедибеар, дека целта е исполнета и акцијата завршена.
     
  7. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    И јас свртив на бројот од т-мобајл, вика дека акцијата е завршена :^)
     
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.637
    Дај боже да е така. Ако акцијата е завршена, некој е сега среќен :)
     
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    И јас свртев на т-мобиле и мене истото ми го рече ќе донирам на жиро сметката утре
     
  10. izaaaaa

    izaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    46
    Донирав на ВИП.Дај му Боже здравје. :(
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Акцијата не е завршена, бројот на т-мобајл доделен за акцијата е исклучен.
    Пред две недели случајот на Јован беше презентиран во емисијата “Дајте ни крилја“, па можеше да се донира тогаш на бројот од фондацијата за неделната акција.
    Останатите броеви, на Оне и Вип функционираат.

    Е-маил за контакт со семејството на Јован: mirjanajovankoloska@hotmail.com
    Facebook профил на мајката на Јован: http://www.facebook.com/profile.php?id=100000552542750

    Јован се мачи со години. Неговите родители патат со години. Неговата мајка само за здравје на синот се моли дење и ноќе. Татко му веќе не личи на оној човек што го знаев, харизматичниот, омилен, забавен мој професор по математика.

    Од се срце се молам за здравје на Јован.
     
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    па добро ако тој број е исклучен има ли друг јас сакам да донерирам незнам каде само броеви на т-мобиле имам а на фб на мајката на јован освен постирани песни друго не видов ништо во врска со јован.
     
  13. lolooo

    lolooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    11
    душичка сега донирав утре пак ќе ставам кр пак ќе донирам ќе ги известам и дргарките се надевам дека ќе оздрави ќе држеме среќа за јован
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    A да им текне и на T мобајл да направат, па највеќе корисници се на T-мобајл! :devil:
    зашто само на вип прават, овие T-мобајл не се фер! :devil: што им е проблемот, зашто не сакаат да помогнат?
     
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Разговарав со мајката на Јован. Ми кажа дека бројот на Т-Мобајл важел до април.
    Им давале на ваквите случаи по еден број за донации со определено време на траење. После тоа истиот број оди на друг случај, без оглед дали е завршена акцијата за донирање.
    :| |(
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Јас сега ја видов темава, повторно треба да оди на терапии или операции? Јас донирав лани. И 2010 и 2009 мислам дека се донираше, јас донирав, имаше и по училиштата и приватното училиште Оксфорд за странски јазици мислам дека имаа направено акција. Исто така лани или оломнани имаше во Струга во киното хуманитарна акција, настапуваа од славните личности од Мк за да се соберат пари. Имаше повеќе акции и за Нова Година. :( Јас мислев оздравел.
    Ќе донирам доколку е можно од Т-мобаел. За греота ;(
     
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Добро, а зошто бројот на т-мобајл е исклучен? :@
    Не можам да донирам и многу ми е жал, не е фер што го исклучиле бројот.
    Се надевам дека ќе се соберат средства за да се спаси Јован...
    А зошто да не се организира и една хуманитарна забава па да се донираат средства? За многу досега болни се организирале..
    И ако има некој нов број од т-мобајл кажате.
     
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Оперирањата се завршени, но терапиите кои ги примал Јован биле скапи, а неопходни.
    Сепак добра вест е што Јован бил подобар, барем мајка му беше задоволна од напредокот на неговата здравствена состојба.
     
    На Ammy.Lee, FortuneTeller.xD, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Броевите за донации повеќе не функционираат, освен жиро-сметките.