1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да му помогнеме на Кристијан Неделковски

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Podarok, 12 мај 2012.

  1. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Да му помогнеме на Кристијан!

    Кристијан Неделковски има 23-години боледува од дилатативна кардиомиопатија, неопходно му е ново срце. Поради влошената здравствена состојба итно мора да му се изврши трансплантација на срце во Берлин. За целосниот третман потребни се 330 000 евра.

    Семејството не е во можност да ги обезбеди потребните средства за трансплантација на срце, придружете се на апелот за помош.
    Се повеќе ослабнува работата на срцето на 23 годишниот Kристијан Неделковски од Скопје. Овој витален орган на ова младо момче функционира само со 25 проценти.

    Итно му е потребна трансплантација на срце за да може да продолжи да живее. Иако многу европски кардиохируршки центри не се согласиле да ја направат оваа комлицирана операција семејството успеало да стапи во контакт со кардиохируршкиот центар во Берлин кои бараат момчето во најскоро време да биде однесено кај нив.

    За да се изврши трансплантацијата на младиот Кристијан му се потребни 330.000 евра. Со 2 конзилијарни мислења од клиниката за кардиологија и од Филип Втори дека во земјава се исцрпени сите можности за лекување на Кристијан семејството во понеделник ќе побара помош од Фондот за здравство за да покрие 80 проценти од трошоците.

    Во меѓувреме сите хумани луѓе можат да помогнат со донирање на следната трансакциона сметка:

    200002378293134, СТОПАНСКА БАНКА НА ИМЕ КРИСТИЈАН НЕДЕЛКОВСКИ,

    Донирајте преку мрежите на:

    VIP 077 143 193
    T-Mobile 070 143 122
    One 075 143 450
    Стопанска банка: 200002378293134


    http://srednoo.mk/%D0%B4%D0%B0-%D0%BC%D ... %B0%D0%BD/
     
  2. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    ајде да му помогнеме,кој е во мознот да донира......бидете хумани
     
    На herera му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Кој е во можност, нека донира! Да му помогнеме на Кристијан.
     
    На herera му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    да, и пишав на Pеин да се отвори темата, и јас донирав :( Mногу ми е жал вака млади деца болни.сега ќе видам уште за некој да донирам, ми остана доста кредит, а јас никаде не трошам, така да подобро за вакви работи да отиде :)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Aбе луѓе од странство како можам да донирам ???
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Mислам преку жиро сметка :) од странски број не знам дали може.
     
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Да ама не сите банки соработуваат со таа од чија шо е сметката :|
    Дај боже да најдам начин, ако случајно знаете некако пишете ми . :)
     
  8. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Доколку жиро сметката е за девизот кој го користите нема проблем... обично сметките кои се приложени се денарски и на таа може да се донира само во денари.
    До жиро сметката би требало да стои дознака за која валута е. Ако веќе не можете така, можете да пратите на име и презиме.
     
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Донирано.. Дај боже да се соберат пари и да помине успешно трансплатацијата. :worried:
     
  10. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Донирано. Искрено солзи на очите ми дојдоа кога се јавив. :(
    Господ нека му помогне
     
  11. Flower20

    Flower20 Нов член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    5
    донирано :)
     
  12. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Готово :)
     
    На herera му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Донирано! Сега го гледав на вестите на Сител, душата ме боли! :( Господ нека му е на помош!
     
  14. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Јас само што дознав за дечково,го видов сега на вести.Очите ми се насолзија,срцево мислам ме заболе...душичка го одбиле зашто операцијата можеби нема да е успешна бог да чува :x 100 по 100 ден.со донации се надевам дека ќе му помогнеме да собере пари и да се лекува.
    Господ да го чува...
     
  15. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Баш ми е жал за Кико.И така е мн,мн добро дете,никогаш не направил ништо лошо,само добри работи.Последен пат го слушнав на вести и искрено заплакав,бидејки Кико не го заслужува ова,но сепак ке се излечи,знам,се молам за него и сите се молиме,знам дека ке ни се исполни желбава! :) :)
     
  16. La.femme

    La.femme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    111
    Дониравме и јас и брат ми. Душата не заболе сите кога го гледавме прилогот на ТВ. Сега останува само да се молиме што поскоро да се собере потребната сума, Кристијан да замине на лекување и да се врати со ново, здраво срце. Господ е голем, нека му помогне.
    Иако можеби не е најсоодветно место тука ама многу се изреволтирав со донацииве. Донираш 100 денари, а операторите ти наплаќаат 118 денари. Мора ли да има 18% данок на донации? Аман бе лоповска државо!!! Аман бе лопови оператори!!! Не ми е за 18 денари, ама да ќарува некој на туѓа тешка мака е многу сурово. Ако веќе сакаат да бидат хумани (државата, операторите) дајте ги и тие 18 денари за лекувањето. Проста математика, ако 10.000 луѓе донирале, тоа се 180.000 денари данок, односно околу 3000 евра. На Кристијан му се сигурно многу попотребни и позначајни отколку на државава лоповска!
     
  17. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Донирано :worried: Кој шо е во можност нека донира, со 100 денари нема ниту да се збогатам ниту да осиромашам, а можам да спасам нечиј живот. Во вакви моменти сфаќам колку треба да сум задоволна со животот и колку многу пари трошиме на непотребни ситници ... :(
     
  18. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Државата не му дава 330.000 евра за трансплантација на срце!!!

    На Кристијан Неделковски од Скопје итно му е потребна трансплантација на срцето за да преживее. Две конзилијарни мислења од Клиниката за кардиологија и од болницата Филип Втори го потврдиле тоа, но државата му го одбила барањето за финансиска помош за операција во Берлин која чини 330 илјади евра.
    http://www.plusinfo.mk/vest/44706/Drzhavata-ne-mu-dava-330000-evra-za-transplantacija-na-srce
    Па добро бе луѓе каде живееме ние....а за споменици,мостови и врби има пари нели?!?! Ми се гади веќе да читам,пу е*ате државата.

    Ајде барем ние да помогнеме колку што можеме за да го спасиме животот на ова младо момче. Донирајте луѓе,помогнете! :(
     
  19. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    71
    Дониравме и јас и брат ми . Да се надеваме дека ќе се излечи ;( ;(
     
  20. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Јас двапати донирам до сега. Понатаму пак. Гревче.Се надевам дека ќе се излечи бидејќи никој не го заслужува ова :(