18-годишниот Филип Михајловски го има скршено седмиот вратен пршлен. За жал, поради оваа несреќа младото момче останало парализирано од градите надолу. Тој издржал тешка операција, но за жло таа не покажала никаков напредок. Филип е упатен во Словенија каде треба да се уплати сума од 24460 евра, која семејството на Филип неможе да ја обезбеди. Се молат сите хумани граѓани кои се во можност да помогнат, да донираат. Броеви за донации за сите хумани граѓани: 077-143-077 VIP 075 143 403 ONE Со секое јавување се донираат 100 денари. Smetka 250-0100002207-37 Naziv FILIP MIHAJLOVSKI-HUMANITARNA Banka SPARCASSE Makedonija AD Skopje Ek.Leptokarija 10001 Спојлер Иницијатор: annii Надополнување: На 13.07.2012г. при скок во вода Филип Михајловски (18 години) го скрши седмиот вратен пршлен, заради што е парализиран од градите надолу. Филип издржа долга и тешка операција, која беше само почеток на долготрајното лекување чија крајна цел е повторно да застане на нозе. По операцијата, следеше рехабилитација во Клиничкиот центар за спинални повреди – Соча во Љубљана, Словенија, а во моментов е на уште поинтензивна програма за рехабилитација во Центарот Гибање, исто така во Љубљана. За овој период Филип покажа огромен напредок . Средствата што се досега собрани преку Вашите донации го овозможуваат лекувањето на Филип во Центарот Гибање и ќе го овозможат почетокот од наредниот чекор. Бидејќи услугите во овие центри и потребните лекови се доста скапи, ние продолжуваме со активности за донации. Во продолжение е хуманитарната сметка на која сè уште можат да се донираат средства, како и броевите за донации . Сите информации за акциите кои ќе организираат со цел собирање на средства кои ќе му овозможат на Филип да го продолжи своето успешно лекување ќе можете да ги следите на оваа страна. Исто така на оваа страна ќе можете да видите и што сè е досега направено со Ваша помош и поддршка како и напредокот кој Филип го покажува. Од срце Ви благодариме што сте со нас! Филип и семејството Денарска сметка: Сметка 250-0100002207-37 Назив FILIP MIHAJLOVSKI-HUMANITARNA Банка SPARKASSE Македонија АД Скопје Ек. Лептокарија 10001 Девизна сметка: Account 4010-02222-00003862 Name of account owner FILIP MIHAJLOVSKI IBAN/SWIFT MK07250102220038621/INSBMK22 Bank SPARKASSE Macedonia AD Skopje Ek. Leptokarija 10001 VIP 077 143 077 T-MOBILE 070 143 109 ONE 075 143 403
Кај мене пак имаше некој проблем со бројот од Вип. Неколку пати пробав - не сакаше, и дури сега можеше да се донира.
Девојки, Не заборавајте да донирате за Филип. Тој верува дека ќе застане на свои нозе и ја мотивира целата фамилија да не губат надеж. Навистина е потребно што побрзо да замине на терапија, затоа што тука, нема ама баш никаков напредок. 070143114 T-Mobile 077-143-077 VIP 075 143 403 ONE Со секое јавување се донираат 100 денари. Smetka 250-0100002207-37 Naziv FILIP MIHAJLOVSKI-HUMANITARNA Banka SPARCASSE Makedonija AD Skopje
Јас во понеделник на школо ќе донирам јас сум задолжена за собирање во нашето одд се надевам дека ќе собереме пари кој што ќе му го подобриме животот
Донирав и мислам дека треба повеќе да се вклучуваме во вакви акции, да ги вклучиме и другите кои не се запознаени, а можат да помогнат. Браво за Kristina.R
Го познавам Филип и се утепавме донирајќи пари од дома. Цело семејство го ангажирав и денес особено ми падна мило што некако сум помогнала. Попладнево многу се израдував кога видов дека има објавено видео на facebook каде се движи, со помош секако. Драго ми е што бележи напредок.
Здраво на сите, прво да ви се заблагодарам на подршката и интересот. На неговата фан страна на фб,таму ги има сите информации за него и за неговиот напредок, кој до сега е одличен.Филип има огромна волја и сила да си го оствари сонот.За среќа рехабилитацијата во Љубљана се покажа како многу успешна.Се што треба за понатака се волја, трпение и финансиски средства. Во моментов правиме многу акции за собирање на финансиски средства, а отворивме и нови броеви за донација.Бидејки сум ептен нова овде би сакала да ми помогнете околу правилата на сајтов т.е. дали можам да ги објавам овде акциите кои ги преземаме ( некои од нив вклучуваат и продажба на уметнички дела и дизајнерска облека, донирани од познати уметници и креатори). Би ви била бескрајно благодарна.
https://www.facebook.com/pages/OD-SRCE- ... 1150562559 Ова е линкот за фан страната ОД СРЦЕ ЗА ФИЛИП Таму ги има сите акции кои ги превземаме за да собереме средства за неговото понатамошно лекување, еве некои од нив https://www.facebook.com/media/set/?set ... 559&type=1 https://www.facebook.com/media/set/?set ... 559&type=1 Отворивме и нови броеви за донација : Телефони за донација: VIP-077-143-077 T-mobile-070-143-109 ONE-075-143-403