1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да му помогнеме на малиот Дејан

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од RainBow, 31 мај 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Апел за помош: Седумгодишно дете дишe на цевче, потребни се 1.500 евра за нормално детство

    Малиот Дејан откако бил удрен од автомобил минал пет дена во кома. Откако се разбудил добил стеноза на дишните патишта. Приватната клиника Ре-Медика им дала шанса на родителите дека тој може повторно нормално да дишe, но зафатот чини 100 илјади денари.


    Братска и заштитничка прегратка, добива 7-годишиниот Дејан. Но, тоа не е доволно за да има безгрижно детство, бидејќи ова детенце, 4 години воздухот го вдишува преку цевки, последица од сообраќајна несреќа. Иако братчето Драган е само три години постаро од него, се грижи за него и кога Дејан е на училиште, или со другарчињата, знае сам да му ги чисти канелите, внимава некој да не го удри. Свесен за ризикот по неговиот живот, испраќа молба до хуманите, да помогнат, да се соберат 100 илјади денари, пари потребни за ласерско лекување во приватната клиника Ре-Медика.

    - Ги молам хуманите да помогнат брат ми пак да е здрав, оти е многу ризично, вели Драган Белогазоски, брат на Дејан.

    Солзи и очај кај родителите на Дејан. Болно раскажуваат за кобниот ден кога Дејан бил удрен од автомобил на улица пред неговиот дом. Бил во кома 5 дена, по што добил стеноза на дишните патишта и од тогаш секој ден на нивниот син зависи од врвците и канелите вградени во неговото грло. Сега, приватната клиника им дала шанса нивниот син повторно да дише нормално и тие не сакаат да ја изгубат, но за нив, кои живеат во социјален стан со само 100 евра месечно, тие пари се недостижни.

    - Бевме и во државна, но го нема апаратот мораше да се обратиме во приватна клиника и докторот се нафати да направи повторно интервенција и за тоа ни требаат 100 илјади денари, а ние живееме со 6 илјади. Ќе ги помолам сите хумани луѓе да помогнат на ова дете, оти без воздух не се живее. Да си оди на училиште, детето е добро со паметот и си оди во редовно училиште и ги молам сите хумани луѓе да помогнат за да има детето нормално детство, вели Гоце Белогазоски, татко на Дејан.

    - Поради него ја напуштив работата. Си игра со другарчињата го избегнуваат го закачат, секогаш мора со него некој да има, за да не го убие, да не му се скине врвцата, нешто да не го повредат, оти е ризично, за некого се малку пари за нас се многу, вели мајката Сузана Белогазоска.

    Надежта во хуманоста кај луѓето кај нив е голема. Нé испратија со голема верба дека нивниот син повторно со радост ќе го вдишува животот.

    Даниела Такева


    Сите хумани луѓе може да му помогнат на 7-годишниот Дејан со уплаќање на жиро сметката:

    Бр. на сметка 300057075904187
    Комерцијална банка

    Телефон за контакт со семејството: 071 909 831

    [​IMG]

    Извор: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=3 ... ntId=75836
    Иницијатива на Teddybear.
     
    На devojcence-maleckoo, JuLleE, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Што се случува со малово, се донира ли!?
     
  3. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Што побрзо да оздрави
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Ајде што побрзо да се направи зафатот, за 100 илјади ден. Срамота е да не се соберат!!!
    Помагајте сите колку можете...
     
  5. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Сега како е ?
    Оздраве ли ?