Долго време ми се допаѓа едно момче од моето школо. Беше порано дечко на една моја братучетка...Така еднаш (пред они да бидат заедно) и кажав на братучетка ми дека го свиѓам...И после некое време тие беа заедно. Сигурна сум дека таа му кажала за мене, дека го свиѓам итн... Од тогаш не престанав да го свиѓам...Нешто ми кажува дека и он ме свиѓа мене На школо сме иста смена...Он е трета година гимназија, јас прва и нон-стоп се гледаме. Секогаш кога го погледнам, онака „случајно“ видам дека он ме гледа и така ми се смешка. а и на фб постојано ми става Likes...на песни само -.- Незнам што да правам... А и ист жанр на музика слушаме Стварно ми треба помош...Ако можете, т.е сакате дајте некој совет. Бај д веј ако постои ваква тема, слободно избришете ја. Фала однапред.
Прво збори со братучетка ти дали ќе и смета да си со него, да не расипеш односи. А што се однесува до дечково, остави сепак на него прв да те викне да излезете и слично, нека се помачи малку, па и две години е постар А во меѓувреме давај му знаци дека ти се свиѓа, ете преку лајкови или не знам што се друго денес се користи
Почни зошто да не, но не биди многу нападна. Станете поблиски пријатели па полека давај му некои знаци
јас мислам дека нема ни што да зборуваш со братучедка ти . ко добро сватив таа знаела дека ти се допаѓа уште од порано т.е пред тие да бидат заедно. дали тогаш таа те праша тебе ? али сепак ти си знаеш како е подобро ова е само мое мислење а за тоа дали да пристапиш прва ... можеш но не премногу нападно. почни со едно здраво онака ,,ненамерно’’ речено па ќе видиш следниот пат како ќе реагира тој
отиди кај него кога ќе го видиш и почни со едно здраво....како си !!!!!! другото ќе си дојде само по себе.....и не се замарај.....нема ништо лошо во тоа да идеш да му кажеш здраво
Се сложувам со Мистери само би додала начекај го на поминување или кога е сам за да ја пробиеш првата бариера па после гајле немаш, мислам дека таа полесно ќе ти биде отколку да му пријдеш кога е со друштво.
На фејсбук боцни го ..ако ти врати имаш шанси. а ако не можеби со никого не се боцка потоа полека здружувај се со него..нема ништо да изгубиш
слободно почни прва, јас за да и го добијам моево сегашно маже почнав прва чекав, чекав а нему никако да му текне, па си реков да не ми го земе некоја друга, јас ке си почнам прва
Почнав прва да му пишувам на едно момче.Започнав со боцкање и откако ми врати почнав да му пишувам. Пишувавме често и во школо сме иста смена се поздравуваме само што се видуваме на поминување само здраво имаме. Пред некое време пишував со него и ми вели дека многу сака комуникација и дружење и дека му се допаѓа да пишува со мене зашто иамме слични размилувања. Дали е тоа начин да ми каже дека сака само другарство со мене зашто мислам дека ако сакаше нешто повеќе ќе го направеше тоа. Сепак се гледаме уште се смешкаме се боцка ме а ништо конкретно...како да го сватам не знам дали да продолжам да се надевам или да се откажам од него ????????
А колку време и се знаете?Некои работи не одат така веднаш,немора да значи дека сака само да ти биде пријател.Мислам дека сака подобро и да те запознае пред да почне нешто со тебе.Гледај на него како забава,како нешто со кое би ти поминало времето.Немој премногу да се надеваш ако излези нешто убаво од тоа добро ако не продолжи си со животот најнормално
Па се знаеме скоро два месеци и се е само на здраво во школо и боцкање и муабета на фб. Мислам дека ако му се свиѓав до сега ќе предложеше барема на кафе да излеземе а не се само на тоа да остане. Фала за советот, но иако сакам да не се замарам сепак се замарам и тоа многу
е па вакаа...и ја имам сличен проблем...веќе неколку недели, се боцкам на фејсбук со еден што стварно ми е интересно типче...и незнам, едноставно, незнам дали да започнам муабет на фб, онака ми личи малце и на дигнат фраер -.- ама нема везе тоа, негоо некако ко...што знам....на фејсбук ми е многу глупаво, незнам можда никогаш и нема да се видиме...незнам едноставно даали да му пишам и ШТО да му пишам...:/ ве молам за помош
^ Оф мори мајко, тој пусти фејсбук. Не‘ осакати! Па ајде, за да тргне негде работава, пиши му во инбокс едно рандом пораче. Ништо посебно, туку нешто од типот ЗДРАВО, КАКО СИ? ТИ ПИШУВАМ ДА ТЕ ПОЗДРАВАМ... или нешто слично
какво боцкање бре мене тоа еднакво на манијак ми е во најголем број од случаевите. Philosopher кога ќе му пишеш затерај ја темата на разговор накај музика, штом веќе исто слушате. Ќе му се допадне што имате ист интерес. Понатака ќе си тече се како што треба да тече. Јас мислам да зборуваш со братучетка ти, ако ништо друго барем никогаш не би можела да ти го плесне тоа во фаца.
Јас често почнувам прва, ама не со секој. На пример ако тие момчињата што на вас ви се допаѓаат се уште несозреани или со блкански менталитет, сигурно ќе се потресат ако и пријдете прва. Се согласувм со Сефора, почни муабет со него за музиката. Ако никако не реагира, па не се замарај веќе со него.
Здраво на сите!!Јас сум нова на форумот.Гледам многу искусни девојки има,па би сакала да добијам некаков совет! Ми се допаѓа едно машко долго време речиси 2 години.Само разменуваме погледи одвреме на време во клуб тој поминува покрај мене само за да се доприме еднаш дури ми ја стави неговата рака на мојата половина ,додека се бакнува со неговата девојка гледа на кај мене , девојкаму ке излезе до некаде тој иди покрај мене ,кога кажав пред него дека сакам некој друг тој некако почна да се нервира и сл. Рутина 2 години.Размислувам дали прва да му пријдам или сепак не? Што мислите има ли некакви чувства за мене??? Фала однапред!
Додека има девојка-Не! Ама сепак разговарај со него во 4 очи и прашај го дали чувствува нешто за тебе, бидејќи допири погледи изгледа дека му се допаѓаш ама како што си му кажала дека сакаш некој друг можеби сака да ти се одмазди на некој начин или се плаши да не остане сам ако ти го сакаш пријди му ама неверства или такви работи немој бидејќи на крај сето тоа лошо завршува ако те сака нека раскине со девојката.
Sunshine555 najprvo sakam da ti se zablagodaram za sovetot. Inaku mnogu mi imat kazuvano deka toj ima nekakvi chuvstva za mene,no sepak stravot e mojata najgolema prechka!!! Inaku nie lichno ne se poznavame!!! Mnogu go sakam!!! Samo koga kazav deka sakam drug namerno go isprovocirav da vidam kako ke reagira!!