1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да почнам прва или...?!

Дискусија во 'Сингл' започната од Philosopher, 15 февруари 2011.

  1. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    Бидејки незнам а и немам време многу да разгледувам по фемина решив тука да пишам :)
    Се случи онака на зборување со сестра ми.Си седевме дома и правевме муабет за нејзиниот дечко и онака ми кажа дека имал некој братучет кој бил една или две години поголем од мене. И се така започна ми го покажа на фб,јас го додадов.Кога ме прифати он прв почна да ми пишува ау..
    После некое време случајно ми кажа ајде оди на скајп па правиме муабет а јас цела засрамена кога дигнав само слушав :D сепак прв пат да зборуваме и засрамена :)
    после почнавме секој ден да се слушаме на скајп по 4-5 саати се главевме на скајпот . По цели ноќи не сум спиела само за да правам муабет со него.И сега онака допишувајки се точно еден месец со него почнав да се заљубувам .. :)
    Цело време ми пишува цуци,душо и јас на него со истото му враќам и репивме еден ден да излеземе и тоа случајно јас не бев во училиште.
    Излеговме се шетавме,правевме муабет и така помина тоа. Потоа излеговме околу 10тина дена подоцна,точно на велигден.Ме зеде со неговиот мотор се возевме ,се шетавме и се онака си течеше како подмачкано.Се мувавме и се тоа добро помина. После тоа кога ме остави до дома пошто немаше никој кај мене излегов до другарка ми малку да прошетам. Кога се вратив видов онлајн на мсн,фб,скајп а бидејки дечкото на сестра ми и тој се први братучеди таа ноќ дечкото на сестра ми дојде кај нас на гости и онака сестра ми му збореше дека ми се свиѓал ау..и сестра ми ајде викни го на гости ајде што има врска и тој дојде .Гледавме филм се заебававме онака убаво ни беше . После тоа (другиот ден)се слушнав со него и тој ајде ке се видиме.. ке ти вртам и така неколку пати се ми зборува а никогаш не ми се јавува?Секогаш јас сум таа прва што го прашувам ајде да излеземе, слободен си да дојдеш кај мене на гости ? Некои такви работи и он или е на гости или пак има дома гости или пак спие! и баш оној ден правев со него муабет за оваа тема,пошто мене не ми изгледа сериозен..
    Не сакам да ме заебе од негова страна , се чувствувам заљубена во него.. :(. Не сакам да ме влечка,боље додека е рано да завршиме доколку несака отколку да ме мачи со месеци што се вика!
    Многу ми е страв! Имам зборувано и со моите другарки ама сите едно исто викаат зборувај со него зборувај со него! Да се вратам на муабетот. И како што кажав оној ден му пишав на скајп го прашав далие сериозен во оваа работа зашто стварно се осеќам заљубена во него и се ми е убаво покрај него кога сум!и он ми одговори па јас сум ти верен мислиш ли дека не сум озбилен ау.. И јас му кажав што како секогаш јас ли треба да го молам да излезе,се ли јас да по прашувам, и он ми вика па идам на школо,вратам се легнам спијам, после малку нет и така ми помине целиот ден само викендот останува пред нас .го прашав да не му е само за мување случајно он вика не озбилен сум.само не ја покажува неговата озбилност.. :/и океј ајде нема врска завршивме со тоа и сега овој викенд јас бев на викендица кај мојата другарка 2 дена и онака случајно му завртев да го чујам и он па еве шетам ти кај си и јас му кажав и он ајде еднаш ке дојдеме .Дојде до селото,до викендицата на другарка ми со мотор ,го видов на пола сат и толку ..Вчера бев на журка со ссестра ми и дечко и,и сега пошто сите големи сите во парови ,сестра ми ми вика зошто не го викнеш она ова и јас као па глупо ми е нема врска што сум најмала...пошто знаев дека нема да дојде и се правев као улава.Денеска му пишав ај да се видиме да излеземе он па имам гости неможам она ова ? му викам а после и он како и секогаш ке се договориме ..
    и веќе се изнервирав не му пишувам . а и вчера после журка кога ми пиша му водев инат пошто стварно ме изнервира!пошто немаше никој кај мене дома абе се утепав плачејки и слушајки тажни,љубовни песни
    Сега кажете ми што да правам пошто веќе неможам да издржам.Пошто се јас сум таа првата која започнува со се. У школо сум опседната со него се он ми е и мисливе ,кога легнам прво на него помислам кога станам исто..Се мислам да не му пишувам неколку дена и кога тој ми пише ич да не му одговарам пошто стварно ако
    не знам стварно стра ме фаќа дали дека за прв пат сум толку заљубенаа па ми се вака случува ,одеднаш толку многу се зближив со него :(
     
  2. Invisible

    Invisible Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    33
    Јас би ти препораЧала некое време да не му викас нисто за гледанје,за да не го науЧис така се на готово,остави да видис дали он ке те побара.Гледај да се воздржис,ако видис дека нема фајде откаЧи го ке си најдес друг. :)
     
  3. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    па и јас така мислам ,ама секогаш кога го видам онлајн нешто самото од внатре ме тера..
    Инаку горе се изнапишав многу :)
    Сите ми велат така да го откачам ако не бидува ништо ама се плашам ке го изгубам засекогаш
    до сега никогаш не сум била толку вљубена,а пред него имав 2годишна врска
     
  4. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Јас да ти кажам..и да си ме послушаш... да си почниш прва :) :) :) :) :*
     
  5. lannaaa

    lannaaa Нов член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0

    како што велаат останатите не се замарај приди му, онака ќе започнеш општ муабет,биди тоа што си немој да се правиш нешто што не си и не донесувај избрзани одлуки, размисли двапати пред да кажеш и направиш нешто братучеткати остави ја нема што да ти е глупо затоа што била со него и така ти си го свиѓала од пре тоа.. ти посакувам среќа во тоа :)
     
  6. lannaaa

    lannaaa Нов член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Значи можеби има вакво прашање некаде но и јас сум нова овде па ми треба одговор во најбрз рок.. сега вака пред точно една година излегував со едно момче но не ми беше дечко.. и ние така се гледавме само 2-3 месеци потоа се оддалечивме но јас се заљубив во него и сакав тоа да му го кажам но не дојде ред за тоа.. па сега после цела година јас сеуште сум во контакт со него но така пријателски..и сега сакам нешто повеке со него повторно и како да дојде до тоа,што би можела да направам за повторно да излеземе а без да го уништам пријателството?
    Ве молам ако може некако да ми помогнете, верувајте ќе ми биде мило :)
     
  7. famous-girl

    famous-girl Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    28
    Незнаев на која тема да напишам па еве тука се решив.Има едно момче што како мали се дружевме многу но потоа престанавме.Пред недела дена тој ме додаде на фб и оттогаш јас почнв да се чувствувам некако чудно како пеперутки да имам во стомахот :$ Сега незнам можеби тој и заборавил која сум но јас убаво се сеќавам колку си игравме заедно.Тој сега е во убаво друштво вака од оние попознативе па затоа ми е срам да му пишам прва.Се плашам да не ме исмејуваат неговите другари.Што велите иначе и јас сум активна постојано излегувам се дружам а и не сум за фрлање.(не сум нарцис)Што велите да му пишам ли и ако велите да како да почнам се надевам дека ке ми помогнете бидејќи имам 14 и сум неискусна. :worried: :clap:
     
  8. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Незнам каде беше, на истово мислење, Вики-дете имаше дадено совет.
    Како што кажа Вики, можеш да го побараш за на кафе, демек онака другарски, ако прифати можеби имаш шанса, ако не прифати не сака ништо.. :)

    Јас на 14 години не се замарав дали ќе имам дечко или не, но тоа е твое право.
    Можеш да му пишеш : " Еј се сеќаваш кога си игравме заедно по цели денови? " Па види ја неговата реакција. Со среќа.
     
  9. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Неможам да сватам како во школо на 14 години бе се замарате со дечковци и додворувачи?
    Абе уживајте во детството луѓе имате време за се ева ева ......
    младинава збесна готово :^)
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.305
    Пол:
    Женски
    Точно оти пресериозно работите не можат да се сфатат на 14 години,но сите сме биле на таа возраст и знаеме дека тогаш почнуват да појавуват љубовните симпатии,чувства.Што тоа младината збеснала,дрн дрн.Ние демек само школото си го гледавме на тие години :rofl:
     
    На famous-girl, Pinafan и stojanovskata им се допаѓа ова.
  11. famous-girl

    famous-girl Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    28
    Извинете ама јас не гледам дека имам напишано дека сакам да ми биде дечко.Само сакам да се зближам со него и да се дружиме повеке :) .Иначе сите мои другарки имаат дечко веќе тоа е нормално во 21 век
     
  12. lannaaa

    lannaaa Нов член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Не е нешто глупо и за срамење да му пишеш прва сепак кога сте биле мали сте се дружеле сега тоа ти е прилика да стапиш во контакт повторно и немој да мислиш дека тој не се сеќава на тебе.. секако те паметии и пиши му ќе се потсетите на старите времињна кога сте биле мали и така има можност да дојде до нешто посериозно без разлика на годините.. :)
     
  13. Chica-Linda

    Chica-Linda Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    20
    Девојки да ве замолам да ми дадете некои начини како да се запознаам со некого на улица?Како демек да прашам нешто и слично.Ај идеи ве молам ми треба :)
     
  14. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    И најобично колку е саат можеш да прашаш, ама прашањето е како тој разговор да продолжи. Јас лично не би се осмелила, ептен е наметнувачки. :) Ако збориме баш за на улица. :D
     
  15. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Еми сега малце потешко е. Наметнувачки не да е ептен туку преептен е. Зависи за каков човеч прашуваш. Ако го знаеш од школо, работа или кафич, можеш да го прашаш нешто во врска за тие работи. Но според мене е некако глупаво. :^)
     
  16. Chica-Linda

    Chica-Linda Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    20
    Дечкото го знам многу одамна,не сме се дружеле многу па најверојатно и не се сеќава многу на мене и затоа несакав нешто како во стил-Ејј дечко ја и ти се знаеме,туку најпрво мислев индиректно да прашам како што е примерот со саатот па после веќе друго е.Во секој случај фала,ако ви текне нешто пишете :D
     
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Би почнала прва, ама имам трауми од еден предходен.
    Не се плашам од корпа, бидејќи знам дека нема да ја добијам.
    Туку не сакам да испаднам лесна женска, да помисли кој знае каква сум..
    :|
     
  18. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Не.
    За сите што прашале и планираат да прашаат нешто во врска со тоа . Да сум машко никаков предизвик не би ми била девојка што ќе го направи првиот чекор и повеќе од 90 % од машките со кои сум правела муабет на оваа тема се изјасниле исто како мене . Тоа не значи дека ќе ја одбијат , ама големи се шансите никогаш да не ја сфатат за сериозно . Чест на исклучоци, ама таа работа ич не ми е симпатична мене ...
     
  19. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Што знам, еве јас сум машко и повеќе од пола од девојките со кои сум бил го направиле првиот чекор. И тоа под прв чекор не подразбирам насмевка при eye contact или други суптилни работи.
     
  20. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Во една тема имаш спомнато дека девојките многу брзо ти здосадуваат , така да може тука лежи зајакот :)