Па тоа е барем лесно! Дознај какви интереси има, можете да се најдете во некои кои ви се зеднички. На пример ако е по спортот, можете заедно да возите велосипед, трчате, шетате ..на пример. Или музика, некој концерт или свирка, покани го за друштво. Само полека со начинот на кој ќе му предложиш, да не го уплашиш, велиш повлечен е. Начини има неброено, ако многу ти се допаѓа, превземи нешто ти. Штом е повлечен и срамежлив, направи да му биде пријатно со тебе, па можеби и ќе те изненади, па и тој самиот да ти предложи нешто прв.
веќе некое време ми се допаѓа едно машко се запознавме на работа јас одев еден месец како на пракаса а тој таму работеше. се среќаваме многу пати и правиме муабет ама јас сакам да излеземе на кафе или ако нема женска нешто повеќе ама не знам како да му пристапам како да му пишам на фб прва?
А зошто се плашиш да пристапиш прва, тоа е сосема нормално, биди самоуверена и пиши му, обрати му се најнормално со најобичен разговор, потоа спрема текот и суштината на разговорот коцките сами ќе си се местат, сето тоа е спонтаност ќе видиш. Ако и имате взаемни симпатии еден кон друг, и ако ви "тргне" муабетот во добра насока ќе видиш дека се ќе си дојде на свое место со самата спонтаност, ако можеби не се пронајдете во разговорот дали ти или тој сеедно или пак угледаш индиферентност од негова страна тогаш никому ништо, вреди да пробаш ништо не можеш да изгубиш. Животот сепак е ризик, а храбрите луѓе успеваат.
@sie мила, убаво напиша @vitamina - храбрите луѓе успеваат... За се е така во животот!!! За се треба упорност и борба!!! Па дури и за остварување „врска“!!! Зошто ти да не ги „повлечеш“ прва конците??? Ако не пробаш да воспоставиш контакт преку ФБ, никогаш нема да дознаеш дали можело нешто да се „изроди“ мегу вас двајцата!!! Затоа уште вечерва пиши му... Прво со оние „излитените“ фори, како си, што има ново... Па уз муабет ќе насетиш дали дечкото ќе сака да испиете едно кафе т.е да излезете!!! Ако случајно има девојка уз муабет ќе можеш да откриеш колку е „длабока“ врската!!! Ако е јака и „за сва времена“ културно повлечи се... Има уште илјадници момчиња кои сеуште не си ги запознала...
фала на советиве ама пак не знам како да почнам прва што да му пишам ако не испадни ништо после ќе ми биде срам да го погледнам.
Девојче еве @Val-Dim погоре ти "надробила" како да почнеш, се убаво ти објаснила и ти посочила примери за започнување на еден најобичен разговор, незнам што е тука толку тешко и комплицирано, за да се обидеш со еден најобичен муабет. Ослободи се, тргни го срамот и опушти се, почни да фунционираш сама низ животот, ризикувај и пробувај, бидејки ако секогаш се срамиш и прашуваш за една ваква најмормална и најобична работа, што ти преостанува понатаму кога ќе се соочуваш со вистински проблеми.
Здраво девојкии.Ми треба помошш. Кај мене во клас сега учи едно машко што страшно ми се свигаа.Е сега неколку пати го имам заприметено на некој час како ми гледа и веднаш го врти погледот кога ке запримти дека му се пулам.Од 24 девојчина тој мене ме одбра зааедноо да одам со него до др училница хахах..Е сега и другарка ми ми кажа дека го заприметила дека ми гледа и дека на еден другар нешто спомнувал за мене.Многу не комуницираме да му пишам прва или на училиште нешто да започнам прва јас муабет па да падни тема за изкачање и на кафе да го поканам? Фала )
Можеш да му пишеш на фејсбук нешто во врска со школо , па после да му напраиш муабет шо праиш добар ли си, или па во школо очи во очи исто така . За кафе прво правете муабет некое време, а после тоа ако ептен ти е мерак можеш да го викнеш или па можеш да поекаш он да те викне , со што до негде има можност да те свиѓа и да сака нешто со тебе
@aleksandra7 јас лично преферирам повеќе контакт во живо наспроти фб па ќе ти речам ако забележиш по кој предмет е подобар да му побараш помош или да го прашаш шо имавте за домашно математика, или дали знај од кој автор беше одредена книга или која лекција е за учење. Барем дури си на училиште па особено ако со симпатијата и учите заедно има многу различни теми на кои би можеле да зборате и да -- почни прва. Нема пречка зошто не би почнала, не?
Се согласувам. @aleksandra7 Во живо е многу подобро. Можеш да почнеш најобични муабети, каде излегува, со кого се дружи и тие слични секојдневни муабети. Другото само по себе ќе си тече. Нема потреба од срам и страв, ако не ризикуваш нема ни да добиеш.
му пишав и не ми врати а ја виде пораката сега ќе ми биде срам да го погледнам не дај боже негде да се сретниме
@sie А зошто да ти биде срам? Што е тука срамно? Па побогу не си направила ништо лошо.. Ете си пишала си скршила мраз, бар си пробала да направиш нешто, е сега тој што не ти вратил тоа не треба воопшто да те разочарува, можеби ќе ти врати не знаеш, сплет на околности, спонтаност со текот на времето...но можеби и нема, и да нема не е крај свет, ниту нешто што треба да те растажи. Таков е живот, трчи сопни се...важно е да пробуваш и да ризикуваш ..не се потресувај има уште куп луѓе што ќе запознаеш и вистински ќе се вљубиш.
Нема што да ти биде срам, него треба да му е. Да не ти кажувам мене колку девојки ми немаат одговорено
пред некој ден ми беше роденден и мислев дека нема ни да ми го честита ама сепак на чат на фб ми пиша среќен роденден ама не знам пак како да му дадам до знаење дека ми се допаѓа. скоро секој ден се среќаваме се поздравуваме но ништо повеќе
Здравоо женски. Како што е редот денес се иде преку фб, така и мојава ситуација, го видов една вечер во диско и јас лудата бидеќи го изгубив од видик само што стигнав дома го барав на фб го најдов и почнавме со муабет, ама наеднаш знае да се изгуби го снемува, и по неколку дена (несакам да бидам досадна,напорна,нападна) кога ќе го прашам кај си кај се губиш, се одговара со тоа дека e зафатен со работа, а иначе додека си пишуваме се е океј муабетот си тече нормално, шали смеи, се запознаваме полека полека. И он пишува прв. А целава ситуација трае два месеца. Не знам како понатака, што да правам??? Нема да можам уште долго да се стрпам, сакам да го видам, да се запознаеме во живо.. ахх... i need some advice
Биди малку по стрплива, сето она кое го отпрвин планираш, запознаваш, воочуваш и согледуваш потоа со тек на време и го реализираш. Но, реализациите никогаш не ги избрзувај, дади си време секако, за да отпосле твојата реализација биде пореална и подобра. Можеби дечково го прави сето тоа што погоре то го пишав, па моментално размислува што и како понатаму?! Не значи дека ако не ти пишал еден ден те избегнува бидејки како што и самата ти кажа ти пишува секогаш а меѓутоа и работи, значи според кажаното се има надеж и некоја искра за продолжеток (работата и обврските треба секогаш да ги имаш на ум и да бидеш поразбрана во тој поглед). Затоа не избрзувај пред се со драстични прашања и муабети, води го ова лагано и со трпение за простор на спознавање, пример започни разгобор одоколу околу излегувањето па согледај го неговиот одговор, реагирај полека и од околу, немој директно.
Luge srusena sum.Mojot me narece luda i ne sak dazboruvame a se pozdravuva so majka mi.Namerno za da me ponizi/Pomos ?Sekoj sovet e dobredojden
Eрмоса премногу краток пост за да разглабиме што навистина се случило и да дадеме совет. Пиши малку подетално што се случило и на кој основ зборот "луда" излегол од него. Сметам дека мајка ти сепак ниту е виновна ниту крива за вашата моментална ситуација, па човекот од почит ја поздравил.
Vaka. Ima privlecnost megu nas ili on me nejke bitno otisol kaj majka mi se pozdravil i rekol deka ke dojde vo mk se pozdravil,se razbira so cel da me nervira .Kako da postapam ,veke i jas neznam mu se obrativ i me nareche luda odi leci se .Mnogu me nanervira pa mu kazav deka go mrazam