Бетмен, се разбира. Секогаш било некако поинтересно да се следи серија или филм базирана врз случувањата во Готам. Туку, Супермен ме напна и изнервира во vs. The Elite. Повеќе ми се допаѓаат методите на Честер.
Суперман требаше да умре кај финалето кога беше мавнат од експозија појака од 15 сонца. Ама, ете да немаме тажна приказна му дадоа plot armor.
Откако прв пат пишав на темава, почна моето копање во DC стрипови, цртани и филмови. Уште Бетмен ми стој како омилен, во анимираните филмови особено е совршен, онака како што секогаш сум замислувала кога ќе видам сликичка од Бетмен или некој од филмовите, кои за жал - не се добри. Причина поради која не го сакам Супермен е зошто е многу моќен и неможиш да му поставиш доволно голем предизвик кој ќе го реши без проблем. Ама сепак, конкретно во овој филм со Бетмен и Супермен, повеќе ми се допадна Супермен. Беше повеќе рационален, размислуваше, анализираше, беше почовечен, додека Бетмен ми личеше на разгалено дете. Да, знај и друг пат да се однесува како разгалено дете, но ова беше претеризам. Надвор од овој филм, Бетмен ми се допаѓа далеку повеќе, зошто е само човек можи да му биди даден и помал предизвик кој поради можеби ете, лични причини, ќе му биди тежок, па потоа градуирано да има потешки проблеми и слично, додека за Супермен, кој е супермоќен и совршен со една слаба точка - тешко е да решава едноставен и секојдневен проблем. Секогаш најмногу се бори против Лекс и ретко некогаш против некој ептен јак вонземјанин, зошто и други опции и нема баш.
Да си се надоврзам со мислењето претходно. Spoiler: Justice League - филмот Баш како што реков, Супермен го немаше, се депримираше со Луис и кога се навикна да е жив, дур другите цел филм се мачеа да средат таму, овај дојде во два удари среди се. Нема предизвик доволно голем за Супермен да ми биди интересен.