у принцип Супермен, ама ако правиме муабет за у МаЌедонија која сакаш супер моќ имај ја Парите се единствената супермоќ шо значи нешто, така да Бетмен..
Супермен има подобра симболика, a исто така е поколоритен, ако си дете да се радуваш (иако и Бетмен од 60-те е шаренила целиот) Бетмен има повеќе мистерија и пореалистичен тон со купишта луди негативци и многу криминал, општество во распад... гледачите се поврзуваат затоа што препознаваат некои појави околу себе во светот во којшто живеат.
Бетмен ми е некако без самодоверба, зад маска, во црно, навечер лета скришно, се шуња по пештери со лилјаци. Овој другиов носи секси гаќи над хеланка што е доста смело, баш е маче.
Многу е basic супермен, као некој тип што иде у теретана а нема ништо друго интересно за него бетмен е малку мистериозен со маската али тоа не е пошто нема самодоверба, поинтересен е и поинтелигентен.
Супермен го бирам секогаш пред Бетмен. Сите суперхерои се заштитници на луѓето ама Супермен (барем во верзијата со Кристофер Ривс) имаше емпатија како никој друг за оние кои се послаби од него. Поскромен е од Бетмен, ваљда дека растел во скромно семејство. Бетмен е сираче ама со наследено богатство, додека Супермен работи. Супермен е секогаш растргнат меѓу желбата да биде обичен и смртен и да остане со супер моќи и да ги брани луѓето. Башка Супермен ми е првата симпатија од детството