И јас повеќе го сакав/м Супермен зашто е добар, тој е светлина , a Бетмен сега го нејќам затоа што е билионер и е претставен како да ги решава проблемите додека билионерите се коренот на сите проблеми. Бетмен ми беше поинтересен во детството. За Бетмен се снимени подобри филмови, особено трилогијата на Нолан од која се издвојува The Dark Knight, но мене омилен ми е Бетменот од 1989 и Џек Николсон ми е омилен Џокер, а исто го сакав и Џин Хекман како Лекс Лутор. Лутор е препаметен, кој рече дека не чинеле негативците во Супермен...
Пред неколку дена починал Теренс Стамп кој го глумеше генералот Зод во филмовите од доцни 70-ти, рани 80-ти. R.I.P.
А новион Супермен е цепки. Апсурден филм (да не речам глуп), ама забавен. Отпрвин ми се плачеше по Кристофер Рив и Џин Хекман, но cега ја разбирам високата оценка на имдб. Смеа ме фаќа кога ќе ми текне што гледав.
Пред некое време си помислив дека Бетмен личи како копија на Зоро, само опкружен со напредна технологија, сега изгуглав и креаторите на Бетмен од 1930-те навистина отворено зборувале за тоа дека Зоро, односно Диего де ла Вега и неговото алтер-его им биле инспирација за Брус Вејн. Значи, Бетмен е copycat, уште една причина да се биде за Супермен кој е првиот и оригинален суперхерој со супермоќи. Инаку, овој Зоро ми е многу BDSM некако и се крие во шталите кај сеното, или влегува ноќе во спални соби преку прозорци во жешките летни ноќи.