1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се биде верник или не?

Дискусија во 'Религија' започната од wildone, 5 август 2012.

  1. wildone

    wildone Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    80
    Потекнувам од доста верничко семејство. Како мала ми биле раскажувани многу приказни за Бога, како тој го создал светот, како тој ја има моќта над сите и над се. Со текот на времето, како растам се повеќе и повеќе се интересирам и дознавам нови информации и тоа факти кои ме насочуваат на сосем спротивната страна. Ме поттикнуваат да мислам дека Господ всушност не го создал светот.Мислам, воопшто не ми е логично некој да создаде се, за само 7 дена. Значи многу пологична ми е научната страна на објаснувањето за настанокот на се, на светот.Воопшто не ми е логично сето тоа, сите тие записи, се во врска со тоа што се случувало тогаш. Исто така не ми е логично што велат дека Господ го создал човека и дека први луѓе биле Адам и Ева. Тие имале деца, нормално. Но тие деца биле двајца синови. Добро, да претпоставиме дека тие имале повеќе потомци. И потоа што? Тие деца биле вклучени во некаков вид на инцест само за да биде овозможено продолжување на потомството на човека? Значи многу пологичен ми е фактот дека наши предци се човеколиките мајмуни и дека до денешниов изглед на човека дошло преку процесот на еволуција.А зборувајќи за Бога.. Дали тој навистина не ’’гледа’’ и ни враќа на нашите постапки или пак сето тоа е само карма? Исто така воопшто постоењето на Господ, дали е вистина, или пак не? Сите овие работи ме прават доста збунета и всушност навистина добро би ми дошло ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ. :?: :)
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    3.940
    Можеби е тука грешката.

    Бог не го создал светот. Светот е последица на нашето отпаѓање од Бога пред бројни милијарди години кога сме биле небесни светлосни битија кои посакале да станат божества.
    Зборот кој во старозавтените списи е употребен за денови на ст.хебрејски е „јом„ но тој збор може да се преведе и со „епохи, раздобја, циклуси“ така да можеби е само до преводот кој би бил поточен ако би гласел дека светот настанал низ 7 циклуси или раздобја.
    Во хиндуистичките списи (Пураните и ведите) има сфаќање дека светот низ бескрајно долги циклуси се создавал и уништувал се содзавал и уништувал - разни вери разни објаснувања.
    Според објавите од Божјиот Дух за денешното време кажано е дека Адам и Ева не биле дословно првите луѓе, туку првите луѓе кои имале потполно материјални тела (а кои постепено настанувале низ тнр. збиднувањето на падот на ангелите) и дека воедно тие биле првите луѓе кои преку сексуални односи почнале да зачнуваат. Но и пред нив и после нив имало луѓе.
    Зошто би ни враќал Бог за било што? Која е неговата сатисфакција или профит од тоа? Ако тоа Бог би имал потреба да го прави тогаш Бог не би бил совршен. Сфаќањето дека Бог им зема за кусур на луѓето потекнува од паганските времиња и истото се инфилтрирало (меѓу останатото) и во старозаветните списи од Библијата, но тоа не одговара на реалноста. Бог не се вмешува во од нас создадениот закон на причина и последица(на истокот наречен карма закон, односон законот на сеење и жнеење како велел Исус). Ние самите си правиме добро или лошо, но за да ова може да се сфати мора да се земе предвид и можноста за повторното раѓање на човечката душа во човечки тела(реинкарнација) и некои други духовни меѓузависности.

    Секој има право да верува или да не верува. Тоа не го засега Господ кој е како Сонцето кое несебично и постојано свети, Сонцето не прашува дали и зошто дел од земјината топка се свртела па сега таму е темница. Тоа си свети независно од другите тела. Наше е да одбереме, сакаме ли живот во сенка или светлина.
     
    На Аliсe, majaa12, Makide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    12.190
    Допаѓања:
    70.241
    Пол:
    Женски
    Науката и тоа како ја оспорува религијата и денес луѓето се повеќе се наклонети кон неа. (кон науката) Некои одат до тој степен да говорат дека религијата е производ на луѓето кои не можеле да ги објаснат појавите па измислиле приказни за Бог и верата. Оние пак што себеси се декларираат како верници, прашање е колку реално се (многу само мислат дека се но не се однесуваат така).
    Јас сум верник, не од тие што животот го имаат баш подредено според Библијата но се трудам да ги следам правилата кои верата ми ги налага и да не отстапам и паднам во грев. Темава е доста дискутабилна, може многу да се пишува, не знам досега како не се развила дискусија. Можеби после мојов пост ќе се активира. :)
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    18.003
    Пол:
    Женски
    Види, секој има право на свој личен избор, дали ќе верува или не.

    Си го споменала настанокот на светот, првите луѓе - за тоа може многу да се дискутира. Зошто едно е ова што го пишува во Стариот Завет, дека Адам бил создаден од земја, а Ева од неговото ребро, за да му биде жена. Меѓутоа, према еврејскиот фолклор, она што е од заветот исфрлено е дека на почетокот од земја биле создадени Адам и Лилит, која требало да му биде жена. Меѓутоа, таа не му се покорувала, и откако еднаш нарочно одбила да биде под него (ова било во контекст на сексуален чин), била протерана, и затоа Ева, втората жена, била направена од Адамовото ребро, за да му се потчинува. Оттогаш Лилит се смета за „мајка на сите демони“ и се смета како злобно суштество кое им претставува опасност на бремени жени, жени на пораѓање и новороденчиња. Со ова само сакам да укажам на тоа дека постојат големи, неразјаснети разлики во учењето на Стариот Завет, во тоа како се настанало и кој бил прв. А, тука треба да се спомене и - што е со другите религии? Секоја има свои учења, своја приказна за како се настанало, и како се треба да биде.

    Јас верувам во постоењето на Бога, светците и ангелите, како православен христијанин ја сакам и почитувам својата религија, но никогаш не на оној фанатичен начин кој верува во секој збор од заветите и посланијата. Науката на големо оспорува дел од религијата, и секако е поткрепено дека станува збор не за настанување од земја и ребро, туку за долга еволуција која не претворила во ова што сме - и јас верувам во тоа, па сепак верувам и дека има нешто над нас. Верувам зошто тоа ми е утеха и прибежиште, некаков вид на сигурност дека по смртта ќе заминеме некаде, дека тоа не е крај, а дотогаш има кој да не гледа одозгора, да ни помага и да не води.

    Се на се, барем од мојов случај, можеш да заклучиш дека можеш слободно да веруваш и во религијата и во науката без едното да се покосува со другото, а среќа и утеха можеш да бараш каде што сакаш.
     
    На Papillon.Papi, Someonespecial, cooll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    12.190
    Допаѓања:
    70.241
    Пол:
    Женски
    Се мислев некое време дали да се отворам во темава... мислам дека треба. Некои можеби ќе ме осудат за нешто, други можеби ќе ги поттикнам да станат подобри, но како и да е, ќе ви станат појасни некои нешта за мене.
    Ќе почнам со моите коментари кои ги пишував до пред една година. Особено тие во категорија Секс. Сум добила прашања како тоа говорам за религијата кога таму имам пишувано се и сешто. Признавам, имам пишувано. Јас не бев вистински верник од своето раѓање или детство. Не, јас долго време не почитував и прекршив многу нешта кои, според Библијата, не смееме да ги прекршиме. Родена сум како православна христијанка, но не живеев според учењата на православието. Прво, затоа што никој не ни ме наведе по тој пат и второ, затоа што ни јас не пројавив интерес за него. Живеев според овој 21 век, го правев она што го прават 99% од луѓето во денешно време. Животот, притоа, ми беше постојано во хаос. Ме снаоѓаа несреќи, секогаш штом дојдеше период на среќа мораше и да помине, среќата не се задржуваше кај мене, како да се задржи среќа кај една таква личност?! Каде што го нема Бог нема ни љубов, ни мир. Себеси се сметав за добра личност и сметав дека е нефер што постојано се соочувам со лоши нешта. Бев огорчена и се прашував зошто Бог ми прави такви работи кога сум добра. А всушност, Бог беше праведен. Јас не бев добра. Имав само добри карактеристики на личност, но лоши каркатеристики на христијанка. Бог само беше упорен со својата намера да ме освести, Бог не ме остави и заборави. Еден ден тоа и се случи, конечно прогледав. За сите грешки се покајав и побарав прошка и ми беше простено. Мојот одговор на прашањето дали да се биде верник е дефинитивно ДА! Мојот живот толку многу се промени на добро... и од ден на ден е се подобро. Имав и свои падови, не беше така лесно да застанам на нозе и да му се спротивставам на злото кое е постојано околу нас и постојано се обидува да не оддели од Бога. И секој ден се зголемува и моето знаење, внатрешниот мир... преубаво е да се биде верник. Штета што тоа многумина не го сфаќаат, на некои дури им смета мојата вера. Зошто? Зошто нас верниците не не прифаќате? Ние на никој ништо лошо не мислиме, нас само би ни било драго ако и на другите им биде вака добро во животот, но без вера, тоа не може... На оној што не е верник не гледам со омраза туку со жал за она што ќе го снајде во животот, но уште повеќе за она што ќе го снајде после животот... Како и да е, секој сам си ја крои својата иднина. Јас сум пример како еден човек може да се промени, пример дека за Бог ништо не е невозможно. И би ми било многу драго ако ова мое искуство има влијание и врз промена на некоја друга личност. Поздрав до сите и секое добро!
     
    На Стефанни27, Таа Сум, Chica.Loca и 2 други им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.566
    Допаѓања:
    9.801
    Пол:
    Машки
    Здраво wildone. Интересни прашања поставуваш и баш ми е мило што се интересираш за овие теми и не пристапуваш кон верата наивно и чисто традиционалистички (што би водело кон слепа вера) како кај повеќето „верници“, туку на верата и пристапуваш со разум, логика, наука итн. Ќе се обидам да одговорам на твоите прашања кои исто така и јас сум ги поставуваш како атеист, но и во моите први чекори во верата (пред 13 години).

    6-те библиски дена на создавањето не мораш да ги толкуваш како буквални 24-часовни дена. Многу е пологично тоа да се 6 периоди на создавање. Зборот „ден“ (на еврејски јом) во Библијата често е користен за долги периоди. На пример Библијата зборува за „денот на жетвата“ кој што не е буквално еден ден, туку цел месец.

    Јас бев атеист 21 година и токму науката ме донесе до вера во Бог. Избриши си го од глава тој мит дека науката е на една страна, а теизмот (верата во Бог) на друга. Тие две страни обично ги наметнуваат натуралистите (атеистите) кои сакаат да си ја присвојат науката на своја страна и да ја оградат од верниците во Бог. Иронијата е во тоа што скоро сите големи научни умови и основоположници на науките биле верници во Бог. А и денес на светот има повеќе научници кои веруваат во Бог. Околу 65% од Нобеловите награди се добиени од христијани, а само 7% се од атеистите и агностиците.
    Прочитај го овој линк за „Науката и верата“.

    Не, нема никаков инцест во Библискиот модел. Прочитај го следниов текст: „Ако Адам и Ева биле единствените луѓе, тогаш како се размножувале нивните деца?
    Исто и ова: „9 аргументи дека Адам и Ева не се мит, туку вистина

    Инцестот е забележан кај животните, а особено кај шимпанзата кои според Дарвин се наши далечни братучеди. Така што инцест проблемот не се избегнува ако некој одлучи да верува повеќе на Дарвиновата приказна, со таа разлика што Библијата има објаснување зошто инцестот не бил проблем во почетокот на човештвото.

    Повели „Научни аргументи за Божјото постоење.“ На оваа статија најмногу време посветив да ја напишам и поткрепам со релевантни извори. Се надевам ќе ти се допадне. Поздрав :)
     
    Последна измена: 26 ноември 2016
    На busavobebe и ❤blueGirl❤ им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    54.092
    Пол:
    Женски
    Одкако знам за себе,верувам во Господ и ќе продолжам се до последниот здив.
    Тоа што сум верник не ме прави автоматски безгрешна,грешна сум и тоа како,но само Господ знае колку се имам молено да ми прости,се трудам да живеам како подобар и посмирен човек,да им помагам на другите и сл,само него му се имам исплачено и доверено за се,кога сум во депресии и проблеми,единствено преку верата наоѓам спас и помош...
    Всушност знам дека,мојот живот без вера и верба би бил празен..
     
    На Таа Сум, Chica.Loca и Orthophill им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    6.915
    Допаѓања:
    10.052
    Инспиративен пост. Значи сепак имаше промени?
     
    На Таа Сум и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    12.190
    Допаѓања:
    70.241
    Пол:
    Женски
    Секако дека има и тоа огромни. Животот на еден верник и еден неверник толку многу се разликува. Јас некогаш и јас сега... тоа е преголема разлика. Сега како Сонце во мене да грее. Ако човек имал лошо минато, никогаш не е доцна да се покае и да се поправи. Бог затоа ни дал можност за покајание, исповед и прошка. Колкаво значење има за Него една исчистена душа...
     
    На Таа Сум, Tanjamm и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. Готичарка

    Готичарка Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    68
    Веднаш ќе ја разрешам твојата дилема
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.