Избор на мајката како и на таткото заедно да се подготват да го прошират семејството. Кога си подготвен е многу убаво прашање кое не можам да го одговорам. Претпоставувам кога мажот и жената ќе си поминат врвни годинки заедно и сами , да се прошетаат по одмори и кафиња и ко ќе стигнат до некоја досада у животот и сакаат нешто повеќе животот ни дава прилика ете и за таков дочек и новост која буди многу чувства и емоции, многу љубов.
Искрено, не можам да се замислам со дете. Сигурно ме читаш на форумот, по 100 пати се повторувам, но навистина ич немам желба за имање свое дете. Толку е едноставно, немам баш никаква потреба од свое дете , немам желба , немам никакви планови за свое дете во иднина , не се гледам со дете до крајот на мојот живот. Не знам зошто вие кои сте станале мајки никако не можете да не сфатите нас кои не сакаме да имаме деца ? Упорно некои од вас кои коментирале повторуваат себичност , а нема тотално никаква врска тоа.И да, верувала или , да ти одговорам на прашањето, можеш да си среќен и без дете. Тоа што не сакаме да имаме деца, не не прави лоши, злобни , искомплексирани личности
Зарем ова е воопшто тема на дискусија? За мене да бидам мајка беше the ultimate goal, ама реално да речаж дека сите жени мора да станат мајки, скраја да е. Баш ќе речам на некои не треба да им се дозволи. Подобро да не раша отколку да роди и да не му се замара. Има жени што си имаат поинакви приоритети во животот, оставете ги да се среќни и да бидат продуктивни членови на општеството. Таман работа да МОРААТ да родат. Никој не победува во таа ситуација.
Илјада луѓе илјада карактери, без разлика дали се родители или не... Приоритетите се различни решила да го живее животот за себе, заради таа одлука не можеш така ригорозно да селектираш. Имам конкретно колешка мажена со деца и една шо не планира да се мажи ни деца да има, абе буквално исти змии се се да те наседнат да те наместат за нешто лошо, така да се е до карактерот не до тоа дал некој решил да има илу да нема деца. Еве јас конкретно имам 27 години и не сакам да имам деца нити им завидувам на другарките што имаат, напротив со тоа шо немам дете осеќам олеснување коа ке помислам кој влог пред се психолошки па и матријален е да имаш дете. Не секој психички е спремен на таа жртва. И не можам да замислам да носам дете во мене, тоа некако ко да не е за мене. Ако во иднина би се одлучила да имаме дете највероватно би посвоила и би го гледала ко сингл родител, пошто не сум фан ни на брак, да му слугувам некому..
Само да знаете дека не се раѓа дете за тоа да ве направи среќна и исполнета. Така само можете да израснете несреќно дете чија улога никогаш не требала да биде да усреќува некого. Мајка се станува кога си среќна како индивидуа, кога веќе имаш среќен брак (не ти треба дете за да "ги решите брачните проблеми") и кога во себе навистина знаеш дека да родиш дете е наредниот чекор за тебе за да ја експандираш таа среќа.
Јас не можам да се грижам за некого 24/7 потребно ми е за мене да се грижи некој Јас не сакам обврски, но од друга страна децата од сестрами јас ги пораснав, ама не сакам некој да е залепен за мене цело време
Ма какви деца, какви бакрачи. Само во Македонија и на Блиски Исток (I guess) кога ќе видат девојка подразбираат идна мајка или веќе мајка.
Една моја другарка од Узбекистан, ја ставија на проект и работеше во една институција концепт на детско село со деца од 2 до 5 години. Биолошки не е мајка. Личен избор да речеме, економски причини, тешко наоѓање асален партнер. Но, како беше посветена на тие деца, буквално ги освои, сите се чудеа како е можно оваа жена да нема свои деца,кога осетот за мајчинство ѝ е посилен од на многу колешки оттаму коишто имаат свои деца. Нема правила.
по мене е право на избор.Не сите жени се гледаат себеси како мајки, и тоа ми е океј.Ако сакаш имај дете, ако неќеш, немај.