1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се биде мајка - биолошка одреденост или избор?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 28 мај 2015.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    ^ Не те навредив, каде ти реков нешто? Бев само иронична на тоа дека сум свирепа јас... воопшто не ја засегнав таа категорија луѓе и јасно ја исклучив. И пак ќе ја повтора темата, Ина многу фина кога еден куп и се зададоа да ја вреѓаат КАКО ЗАСЛУЖУВА ШТО НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДЕЦА... Мислам отворете ја горе-доле ќе ви стане јасно уствари како мислењата се менуваат според потребите и внатрешните пориви и инаети...

    @mackica1 две категории на жени, такви кои природно немаат емпатија во себе и такви кои имаат потиснат страв и МИСЛАТ дека не сакаат да имаат деца, а во суштина е стравот. Тука е дистинкцијата во нештата. Јас зборувам за првите. И тука си реков сама на себе - па што е крива... абе пак ќе речам и психопатот што е крив, ама ете убил луѓе... и тука веројатно некој ќе рече, ајде да го гушкаме, може ќе се промени, не бил гушкан како мал...
    А да знаеш какви се не истражувања постојат, ќе се запрашаш зошто... ама ете, има причина зошто. Особено за мајмуните... И да, истражувања како мажите купуваат пред и после сексот и што најчесто...
    И да, ги користат и за вадење на профил за тоа која категорија на луѓе е адекватна за која професија и зошто. Не знам која е поентата на многу од истражувањата, во теорија - заради развој на вештачка интелигенција. Во Македонија се прават едноставни и обично се насочени за пазар, но тоа што фали...се купува од страна, немаме ние ни толку професионалци, ни па е благодарно за такви големи проекти да се вложуваат толку пари особено за ова подрачје кое го тресат војни на секои 10 години и се менуваат факторите.

    Мислам дека доволно пати се изјаснив по ова прашање, а една од тие кои ти го лајкнала постотот на една друга тема ми посака никогаш да немам деца. Види ја иронијата и женската злоба.
    Се изјаснив и за кои жени мислам и ги исклучив оние кои не можат (тие имам мајчински инстинкт и емпатија, без разлика на тоа што не можат да имаат деца), се изјаснив и дека немам деца, но една од најголемите желби е да се реализирам како мајка, каде што ми тлее и стравот дека можеби ќе немам. И, која поента може да се извади од ова?
    Јас свесно никогаш не би донела одлука да немам деца, никогаш. Сакам деца, свои, туѓи и нема нешто што ме прави посреќна од дете, ама тоа е за затуцани според мнозинството тука. А најсреќна ме прави кога ќе видам мајка која успеала да направи баланс со детето, професијата и мажот, а тука имаме неколку такви, во мојата околина исто така имам неколку такви и ми се пример и модел.Ама нели повторно, тоа е за простакуши.
     
    Последна измена: 29 мај 2015
    На mims-89, Annath, Dennings и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Лилит те изнервирала некоја жена што нема деца и овде се распиша страници и страници за да докажеш дека тие што немаат деца се исфрустрирани и злобни.:D

    Па дистинкција као како оние што сакале деца а немаат по игра на природата или судбината оно се ок а другите не. Па ја би рекла дека тие со годините стануваат и полоши. Најлошо е да имаш желба да се реализираш како мајка а не си ја остварила. Едноставно се таложи гневот и фрустрацијата.. Познавам таква, приородата не и дала. И колку и да е добра и фина со годините е огорчена и сама си вика дека не сака да оди на мекици,крштевки оти е мака и ја потсетува на нејзината судбина. Не е за ништо крива ама некои работи тешко се поднесуваат.. Тежок е тој пат и сосема можам да ја разберам таа фрустрација и гнев.
    А оние кои сами се одлучиле за такво нешто, полесно се носат. Оти сите правиме избори со кои одлучуваме да се носиме.

    Факт е дека ние како луѓе сме минливи и нашата природна цел е да оставиме нешто зад себе. Нема поубаво нешто од оставањето потомство, посебно во зрелите години кога здравје и ќе се радуваме на внуци.

    Некои не ја гледаат таа радост, некои не можат да ја имаат , некои ја имаат оти така сметала околината изнародиле деца а уствари не ни сакале.

    И многу ми е смешно дека гејовите се кул а овие не. Оти модерно да се сакаат хомосексуалците. Абе и едното и другото се против природното, па што сакате зборете:D. Ама па и природата ги створила нив поразлични, што викаш ти некои жени без емпатија, некои со извртена сексуална определба. Дали се злобни или себични не можеме да генерализираме бре. Оти и у "нормалните" не има секакви.
     
    На tessie, imelda, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  3. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    И како ќе знаеш кои се првите а кои другите, значи сите наши ставови играат улога во градењето јавно мислење во едно опшество, логички, затоа што сме дел од тоа јавно мислење а од друга страна има премногу просечни ликови кои немаат свои ставови па се водат по ставовите на други ликови итн. и ти мислиш дека некој деген ќе размислува како тебе дека има и едни и други или две категории на жени или не знам што? Не, туку ќе ги стави сите во исти кош, и после како да не се најде емотивно повредена и обесправена некоја жена која нема деца а била нападната од опшеството дека не е реализирана и дека нема емпатија!? неприфатливо ми е! А што правиме со оние кои имаат деца а немаат емпатија? Реализирани се? Таквите заклучоци треба да се сведуваат на лични впечатоци кон некого, никако на генерализирања.
     
    На Rama, Dust, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    ^ ^Па кога е женски форум... следно ќе се обидам да се објаснам со техника - масло на платно, да се поштедам од куцкање и едуцирање.
    И во нормалните не има секакви, ама ако затвориме еден сегмент, ете ова е...

    И не се секирај, уште минимум 5 страни ќе се испишуваат залудно, јер жени.
    И покрај твојот смешак, ако се зачиташ, ќе сфатиш дека во суштина си го пишала она што и јас само од другиот агол...екхм.

    Значи, Мачкица, аген... се согласувам со делот дека некои не ни треба да бидат мајки (на таа тема, исто ме осудија, па како сум можела, ама еве овде, некои викаат дека уствари некои не ни треба да бидат мајки, како смеам така да пишувам). Кај тие што одлучуваат да бидат мајки, по исклучок може да недостига емпатија, а кај тие што одлучуваат да не бидат мајки, по исклучок (и тоа точна категорија) може да чувствуваат емпатија. И значи повторно доаѓаме до исклучоците што не ме демантираат мене.

    Пак еве, нека напише некоја мајка тука - Дали би се одлучила да нема дете веќе сега откако го добила? Дали се кае што се одлучила да има дете? Дали детето и е обврска? Дали е истата личност од претходно? Што се променило кај неа?
    Кај овие жени сериозно недостига еден сосема цел свет за разбирање и не можете да очекувате дека исто го гледаат светот и луѓето на ист начин како луѓето кои се родители.

    Побогу, мајките вас никогаш не ви рекле за нешто - чекај, ќе имаш деца, па ќе видиш како ќе ги разбираш и тие работи? И не само како одговор за преголемата грижа за вас? Мене ми го рекла и како поминуваа годините и како ми доаѓаше зрелоста и мајчинскиот инстинкт расте, се повеќе станувам мека и со голем распон на толеранција, си викам може се уште не сум мајка, ама вака ли функцинорало ова? Мама на крајот секогаш е во право.
     
    Последна измена: 29 мај 2015
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Јас па мислев мајките баш ќе разберат што мисли Лилит, зашто веќе ја почувствувале љубовта кон и од дете и можат да замислат како би било да се сами.
    Нејсе. Премногу остар првиот пост најверојатно, па се создаде револт.
    Инаку, мислам дека фрустрирани стануваат оние кои одлучиле свесно да немаат дете, но потоа го смениле мислењето, но било веќе касно. И стануваат свесни дека нешто им фали во животот и тоа ги јаде, па оттаму огорченоста. Но оние кои се помирени со својата одлука веројатно си остануваат исти, минус фрустрираноста.
    А себичноста е друга работа. Од која и да е причина да се одлучиш да немаш деца е себично. Зашто се ставаш себеси на прво место, одлучуваш дека ти самиот си најважен.
     
    На tessie, Kiflicka05, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Па во суштина е и така.
    Ама штом има луѓе кои едноставно немаат таква желба значи дека природата ги направила различни. Дали треба ги распнеме? Дали ние го носиме на нашите плеќи нивниот избор? Не сме и во кожа. Можеби и никогаш нема да се покајат како што велите.
    Може ќе се каат и ќе бидат неподносливи а може се и сосема нормални луѓе кои од икс причини се одлучиле да немаат деца. Правило е дека нема правило. Познавам такви жени кои ми се нормални и ок за разговор како и секоја друга која има деца. А дали е тоа добро за нив или не па и не ме засега тоа.
     
    На Mishela и sajonaramucaca им се допаѓа ова.
  7. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    ^ RainBow сигурна си дека во секој случај е себична жената ако одлучила да не раѓа? Сериозно? Жената која на пример свесно размислила и смета дека нема доволно услови да му обезбеди квалитетен живот на детето и да поштеди нечиј живот од страдање според тебе е полоша одлука отколку да има дете кое ќе расте во средина кај што не би можело да се реализира? и ред други примери...
    И сега според тебе пошто јас ја застапувам оваа теза сметаш дека не планирам да имам деца? Епа ете да ти кажам баш планирам да имам...
    Инаку Лилит знам многу добро за какви (наизглед) баналности се прават истражувања, муабетов ми е баш за примерот кој го наведе ти, баш ме интересира кој го извел тоа истражување и колку е тоа точно.
     
    На tessie и okcenzi им се допаѓа ова.
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Искрено мое мислење е дека секој има право на избор. Како и во сите други области.
    Само заради фактот дека природата не направила вакви какви што сме, со можност за репродукција не мислам дека жена што одбрала да нема деца е болна или психички пореметена :^)
    Едноставно не сите жени имаат таква желба. И според мене е многу подобро тие што не сакаат да имаат деца да не раѓаат воопшто од колку подоцна да се каат.
    И како е тоа себично? Да родам дете и да го оставам е себично. Ете и да абортирам е себично. Ама да одлучам да немам деца оти едноставно не сакам мислам дека нема врска со себичност. Сепак детето е огромна одговороност и мислам дека е најчистата љубов на светот, но сфаќам дека не може сите како мене да мислат. Пример јас сум спремна да имам дете и без да најдам сопруг. Многу сакам да имам дете. Ама некој можеби не е спремен на таков чекор. Некој можеби ја изгубил љубовта на животот/сопругот(не мислам на смрт) и решил да нема деца. Сепак љубовта и детето се непосредно поврзани. Не можеме ние да знаеме заради што некоја се одлучила да нема деца и мислам дека не е човечно да му се суди на некоја само заради фактот дека нема деца.
    Одлуката да нема деца не ја прави ни една жена, помалце жена.
     
    На Mikha4, Lolo5, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Кое ниво на ограниченост боже чувајме,жените кои одлучиле да НЕ родат дете биле бесчуствителни.
    Па жено божја на секој во животот не му е цел да стапи во брак и да има деца, и зошто во овај кош ги ставаш само жените кога има вакви и мажи,тоа е личен избор на човекот и незначи дека тие луѓе се бесчуствителни...
    Што да речиме за жените кои останале бремени а притоа без никаква совест одат и абортират,што да речиме за жените кои ќе родат дете и без око да му трепни го остават во дом, или не се грижат за нивните деца воопшто тие чуствителни се дека се отствариле како мајки?wtf. И за какви све грозоморни работи врз деца правени од мајките имаме слушнато насекаде во светот за мене ова е бесчуствителност а не некој кој одлучил да нема деца заради една или друга причина кој никој не ја знае.
    Која е логиката на твоето површинско размислување па и кажување дека тие луѓе( пак ќе спомнам бидејќи има и мажи и жени кои не сакат да остават потомство) се олицтворение на Сатаната мене не ми е јасно и според мене е просто и жално...
     
    На Lolo5, Rama, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Ми фали смајли што рола со очи...

    На секоја поединечно не можам да и објаснувам, доволно ви напишав, верувам дека имате капацитет и да прочитате и да разберете. Ако сепак прочитате и не разберете, онда е на вас, не е на мене, да не речете дека не е објаснето зошто и како.
    Гледам упорно и упорно повторувате едни та исти мислења колку да напишете НЕШТО и да ви се брои.

    Ова станува досадно и глупаво.
    И повторно со мелодрамите - можеби, можеби, можеби... и за тоа ваше можеби 100 пати објаснив, ама нели, жени сте, мора нели да издраматизирате, да се испотресете, да изглумите врвен пацифизам.
     
    На Captain-Omni, Annath, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски

    Мислам дека ти треба да разбериш дека ти си имаш твое мислење, а ние си имаме свои. Не значи дека твоето е точно, а сите останати грешни. Никој ништо не глуми кога веќе си отворила тема тогаш мислам дека имаш „капацитет“ да сфатиш дека секој ќе си го напише своето мислење и секако нема сите да се согласат со тебе.
    Океј ти мислиш дека жените што не сакаат деца се неприодни и им фали нешто психички, јас мислам дека тоа е животна одлука- избор, како и многу останати битни одлуки во животот.
    Јас го почитувам твоето мислење и не се обидувам да те разубедам, немој ни ти.
    И не се карам сериозно. No hard feelings.
     
    На Lolo5, ArmaniCode, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    ^ Не се обидувам да ве разубедам, туку повторувате исти работи кои сум ги објаснила, а сепак вие нели имате свое мислење со кое го осудувате моето без да прочитате. Ако го почитуваш моето мислење како што викаш и сакаш да го почитувам јас твоето, прочитај го моето мислење, како што јас го читам твоето, па може да си мислиме што си сакаме.
     
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Го прочитав твоето мислење убаво. И разбирам што сакаш да кажиш, ама не се согласувам. Толку.
     
    На Lella, Dust, Abrakadabra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Вака, сношти го пишав постот и си легнав, сега гледам дека посебна тема сте отвориле и искрено само првата страна ипол ја прочитав, до вечер ќе прочитам се и ќе одговорам аргумент по аргумент, сега само накратко пошто стварно немам многу време.

    Прво за Лилит, она за Имелда, не мислев неа да ја ставам да ми ја брани тезава или убедувањето или што и да е, туку онака низ читање само имам разбрано (за што искрено се извинувам ако не е точно или ако и е болна темава, последно те спомнувам во контекст на истава) дека е сосема реализирана, омажена жена со солиден брак којашто многу добро знае што сака од животот и од себе си, дека со време, свесно, заедно со сопругот и рационално има одлучено да го направи тој чекор за брак безз деца. Уште еднаш се извинувам од срце ако ме сфати некој погрешно, ја спомнав како прв пример што ми текна. Не треба никој да ми ги брани ставовите.

    Второ, за месец и нешто ќе полнам 28, речиси 10-годишна врска позади себе...но ете, не сметам дека целта на моето постоење се децата. Не дека не ги сакам. Не дека неам почувствувано од ептен блиски каква е болката на некој што е очен да има чедо, но ете не може. Сестра на мајка ми после долги години перипетии во МК, плус далеку од Ск, во ептен мало место, после и јас самата нз колку пари и подароци издавано, едвај успеаја да псовојат девојче кое денес ми е единствено братучетче, прво, и си ја сакам као сестра ми што ја сакам, Повеќе од себе си значи,

    Иам долги години волонтирања во црвени крстови, невладини организации, организации за помош на деца без родители и сл, работата што ја имам веќе 6 год ми е поврзана со тоа на некој начин...ама ете, не сум чула некој да ми каже (или иам разбрано) дека сум не емпатична, себична, кариеристка, емоционален инвалид и сл...Она со машките, знаеме сите мн добри дека кај нас се` уште преовладуваат двојните стандарди, нема што понатаму да се дискутира....

    Почнав да го читам делот со истражувања, теории и сл ама искрено не стигнав цело, ќе надополнам до вечер, се` тоа мене ми е и повеќе од јасно, и јас голем прагматичар, ама не се` во животот, посебно не толку осетливо прашање се става и влегува во одредени шаблони, а нели и од секое правило има исллучок...мада не е темава некое правило као што гледам јас.

    И те разбрав мн добро што ти беше поентата, не навлегуваме впо оние пто сакале ама ради милион различни причини не можеле да се остварат као родители, туку само за Нас, оние што свесно сме одлучиле дека нејќеме по секоја цена да сме родители, барем на наши деца, иако здравствено сме во можност.

    Ја сама си знам најдобро како сум пораснала, што се` сум поминала да стигнам до овде до кај што сум во моментов, исто какоо што најдобро знам што би можела да му пружам на тоа мое неродено дете (уат иф). Не би осудила некој , барем не во наредните 5-10 год да расте на ист сили сличен начин као мојот.Не е ова свет што го сакам за нешто „стварно“ мое. Не би осудила никој на буквално речено животарење, мизерија (и не го мислам ова само за финансиски аспект).
    Мислев порано дека како растам, ќе се предомислам, мислев дека кога ќе ги видам децата на сите околу мене што ги сакам дека нешто ќе се пробуди во мене, и да, се пробудија мн чувства кои на пример ми ја подобрија врската, мојата психичка стабилност и сл работи, но се` уште не побудиле некоја посебна желба и јас да го имам истото, А спрема сите останати, време ми е, нели.
    Ама јас сум јас.
    Можеби некогаш ќе сменам мислење, можеби и јас ќе бидам една од оние со странски донори и сл, можеби само дечко ми/маж ми ќе ми биде доволен, нз, само знам дека и јас и он сме со исти ставови по прашањево од сам старт.

    И не сметам дека поради тоа нешто ми фали. И дефинитивно дека некад во иднина ќе ми предизвикува фрустрации. И знам дека нема ни да доживеам 55 год за да бидам стар мргод као колешка ти Ч)

    И извинете сите што ме сфативте погрешно, не велам дека некој е затуцан и дека ова се балкански стереотипи или нешо нз што, посебно за тебе Лилит, тебе мислам и дека најпрво почнав да те читам на форумот, заедно со оффспринг и пирамида и дафне и не памтам веке, и знам дека сите сте сосем ај да се изразам „напредни“ (извинете на глуп израз, не ми текнува подобар во моментов), знам дека сите сте за живеење вонбрачно, ок е да си разведен и нз што ти др што као демек се ` уште е табу тема кај нас, јас добар дел од сето тоа и го проживеав, ама ова е чисто мое мислење.

    Едноставно, не верувам дека ние сме на овој свет само поради една работа - репродукција., Тоа ми е толкууууу лејм.....

    Ќе продолжам вечер кога ќе сум послободна, иам уште мн работи да кажам да темава и да дочитам, и како што видов уште мн тредови на кои иам одговор, т.е. мое милслење.

    И да, ако некому ставам лајк , ве молам не сфаќајте дека го бранам, ддека влегувам во кланови или нз што, као што е вообичаено да стане на форумов, долги години читам, можеби поретко пишувам, но следам редовно. Не ми треба некој да ме брани Ч)

    И, имам полно омилени членови овде (настрана од реалниов живот што претходно спомнав нели) што се родители и ми се ептен мили, првин нив ги читам при логирање, а се мајки и тоа посветени во периодов само на тоа, Битерсвит на пр, срце ми е, ги следам и девојките во темите за вештачко оплодување и сл работи и со нив тажам и с ерадувам, деновиве стискав палци за кукла21 на пр, тековно на времето на АнгелОдАрх и сл, значи поентата ми е не сум ограничена и не ми смета туѓата среќа и желба за потомство, напротив, сочувствувам со сите нив и како што јас се стремам кон нешто и сум пресреќна кога ќе ми успее, така се надевам дека сите ќе го добијат тоа што најдлабоко го сакаат.

    Ајде мора да одам сега, ссе читаме вечерва подетално.
    Поздрав.
     
    На Lolo5, Annath, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @Dust во една реченица кажала сè... :bow:
    Целата напнатост во дискусијава не е всушност поради самото прашање во насловот, туку произлегува од дрскоста во првиот пост... за која област или тема да се работи, според мене нема нешто полошо од ваква генерализација на цела група луѓе заснована на иритираност од поединечен пример.
    Твој живот, твои амбиции за тоа што значи лично за тебе поимот реализираност во животот - твој избор. Исфрустрирани луѓе ќе имало и ги ќе има и стрејт, и геј, и мажени и немажени, и со деца и без деца на било која возраст. Ниту раѓањето дете те прави автоматски реализирана и исполнета личност полна со емпатија, ниту пак изборот наместо тоа да се посветиш на други амбиции те прави по дифолт себична и бесчувствителна. Се согласувам потполно со претходните постови дека е посебично поради некакви општествени норми да родиш и да не му посветуваш внимание, а уште повеќе со цитираното... Клише или не, мое мислење, и тоа како особа што сака деца и си ги замислува како дел од животот понатака :)

    И Лилит, кога си начнала така комплексна тема и тоа со толку суров генерализирачки тон, мислам дека треба да бидеш подготвена и на контра хејт... и да прифатиш различни мислења без да наметнуваш твој став со реферати, оценувајќи секое спротивно мислење како мелодрама и пацифизам уанаби :)
     
    На Mikha4, Lolo5, ArmaniCode и 17 други им се допаѓа ова.
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    @Lilit жената што те "инспирирала" за постов, со деца или без, пак ќе ти биде олицетворение на сатаната. Не ја барај причината за нејзината лошотија. Да имала деца ќе била сатана со мали сатанчиња :)
    Ако човек од срж е лош немој да мислиш дека децата би побудиле некои емоции или ќе ја омекнат како личност. Она била лоша, а со годините станала уште полоша.
    Повторувај по мене Лилит, вуса, вуса, вусааааа..... помирна ? :*
    Ајт оди љуби некого, го разбранува форумов :hug:
     
    На Dust, glosipgirl, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Аман со тоа дека секој има право на сопствен избор. Демократија нели? Не! Себичност!
    Да ти се плукнам у демократијата од која светот ни отиде у п***у матер.
    Имале право да биле педери, имале право да биле лезбејки, имале право да биле травестити, имале право на абортус, имале право да одлучат да не раѓаат. Секоја своја себичност ја оправдуваат со правото кое произлегува од големата демократија.
     
    На Annath, joy1, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Се согласувам до некаде со твоето мислење НО,замисли некој да те тера со сила да направиш нешто што едноставно не сакаш ама тоа така мора да биди дека така налага општеството и околината и тоа не го бидува со сила убавина не бидува без разлика каков е човекот...
     
    На Mikha4, Lolo5, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    @Lilit, не знам зошто толку острина во првиот пост, требаше уште во истиот да дадеш објаснување за една таква констатација..мислам сите немажени и нереализирани мајки олицетворение на Сатаната.:^) Не можеш да напишеш вакво нешто и да не очекуваш бурни реакции. И нема потреба сега од муабети демек не може да ни се објасни и да се престане со надмудрување, кога отвараш нова тема ваљда логично е да се дискутира нели? И зошто на едни теми сте први кои се бунат кога во недостаток на аргументи се копа по стари мислења за да се докаже нешто, или пак муабетот со научни истражувања...океј тие 2000 жени ке ми бидат репер дека заради нив сите нереализирани мајки се исфрустирани и очајни ајде на клада да ги запалиме ако не.

    И баш некои од вас пред да се омажат или пред да имаат дете помалку или повеќе би се сложиле со ова ама нели сега се просветлени жени што живеат за да родат, куќа, маж и тоа е доволно за да си исполнет нели?

    Секој еден од нас различно гледа на животот и секоја жена во глобала се одлучува да стане мајка затоа што општеството така налага затоа што ако на 40 години не си родила дете кај нас џабе ти е и кариера и среќен брак. Не ви држи вода муабетот ама ич. И јас познавам парови кои што немаат деца кои што се потполно исполнети со својот живот, имаат пријатели со кои се дружат, излегуваат имаат работно место со кое се задоволни, впрочем доколку е ствар на избор и ако се покае една жена што не е мајка во свои 45 години а има толкава желба секогаш има опција да се изреализира во тој поглед, може да посвои. Факт е дека во 50-тите години сите ќе се каеме за нешто, дали заатоа што не сме имале деца. дали затоа што не сме се бореле за да имаме успешна кариера, дали затоа што не сме прошетале доволно, или зошто сме се одлучиле на пример да имаме 3 деца на кои не им било пружено се. Ниедна мајка нема да каже дека се кае зошто родила дете, ама се јавуваат и тука фрустрации во самата жена кога на пример донела на свет дете на кое не му пружила се што заслужува или пак дека баш поради бројот на децата не можела да реализира некои свои цели.

    Муабетов ви е ние жените треба да живееме за тоа да се омажиме и да имаме пород без разлика на се во спротивно животот ни нема смисла. И да конкретно за геј луѓето, смешно е како за нешто имате предрасуди а за нешто друго не. Јас лично немам ни за едното ни за другото. И да најлесно е да се окарактеризирам како влезена во филм дека сум Кери Бредшо или незнам што. Колку и да е клише, ама да 21 век сме до кога вакви затуцани мислења и ограничувања. Во ред е да абортираш и да си го убиеш детето ама не е во ред ако не сакаш да родиш? Па исто му доаѓа, овие првите ми се и полоши каде каде.
    Абортус да, бездетност не. Ај одлучете се.
     
    Последна измена: 29 мај 2015
    На Lolo5, Rama, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Имав професорка на факс немажена и без деца, а толку беше ведра и со младовечки дух. Нема врска исфрустрираноста со немањето деца. Порано имав колешка која сите ги замараше со приказни за мажот и детето и беше многу досадна. Како да е единствена на светот што имс дете. Таа викаше " Аааау жена што не родила, да ја расклопиш внатре катран има сигурно". Не таа си имаше катран во душа затоа што беше мрзлива, а пари се не и стигаа, кредити, алчна, само да озборува. Детето не ја прави жената подобра. Колку мајки има што родиле, ама не се способни ни леб да им обезбедат на децата и тоа е себичност.
     
    На Lolo5, MacaLove, ArmaniCode и 6 други им се допаѓа ова.