1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се биде мајка - биолошка одреденост или избор?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 28 мај 2015.

  1. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Па "некој ме тера со сила да направам нешто што не сакам" произлегува токму од големата демократија на која се повикуваат сите кои сакаат да го оправдаат сопствениот избор. Така е најлесно како мало детенце, го сакам тоа и тоа, ама не знам зошто.
    Кажи ми, образложи ми, ако треба и нацртај ми зошто имаш поинакво мислење, зошто од толку жени на светот која се или сакаат еден ден да бидат мајки ТИ се најде да не сакаш:!: Немој да се повикуваш на демократијата и правото на личен избор. Со аргументи, па можеби и ќе убедиш некоја "проста", "старомодна", "патријахална" девојка/жена и таа да го дели твоето мислење. Во што чисто се сомневам:!:
     
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    А и до тема сме стасале, јас дури сега видов :D Нема да читам семинарски и есеи, само ќе речам дека секој нека си ги живее животот онака како што си сака:d:
     
    На HarleyQuinn, tessie и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Чисто еден пример за една помала од мене која остана бремена и тоа го дозна подоцна кога не можеше повеќе да абортира. И вика глупачата - само ми е криво за кариерата!!!

    А кариерата е: блогерка која привремено се сликаше за локалните дискотеки и тоа толку невкусно и грдо изгледаше, ама то е друго.

    Е таквите кои мислат дека по бракот или дете им завршува животот се посебен тип девојки кои очигледно се премногу прости и имаат ограничена способност за мултитаскинг.

    За мене е жена таа што работи, е домаќинка, е успешна и е мајка. А не некоја што цел живот за себе гледа и пак е грда и глупа и плус и несреќна.
     
  4. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Нештата не се секогаш како што ни изгледаат од страна...многу е лесно да се осуди човек...
    Имам примери на жени во околината кои СВЕСНО одлучиле да немаат деца, и неможев да ги разберам се додека не решија да ми се отворат зошто... и јасно ми е зошто другите во околината ги осудуваат како што повеќето од вас ги осудија жените што несакале да имаат деца, на некои жени им е полесно да кажат дека несакаат да имаат дете, отколку цел свет да ја дознае вистината што стои зад таа одлука или некој да ги сожалува.
    Едната од жениве одлучи да нема ни маж, поради одредени причини, решила дека подобро да си го преживее животот сама, затоа што ако се омажи нормално ќе сака дете, ако го добие тоа дете шансите да умрат и она и детето се 100%...и одлучува да се лиши од сето тоа. Тоа си е нејзин избор, некогаш е неподнослива ДА, ама не е нејзина вина што не осетила и не искусила некои работи во животот...како да отчекувам да ме разбере мене што имам маж и чекам дете...а околината ја осудува до ден денес (веќе има 45години) затоа што нормално не ја знае вистината која што се крие зад нејзината причина за живот како самец, никогаш нема ни да ја дознае поради тоа што сме таков народ.
    Примери вакви нажалост имам еден куп околу мене, несакам да ви раскажувам сега нечии истории...

    Ако толку ви е тешко да ги трпите тие луѓе, ако ви се неподносливи, не ве разбираат, немојте да бидете во нивна близина. Има луѓе кои што ќе бидат.
    Има исклучоци да, кои од бес несакаат деца без некои си посебни причини, ама тие се многу малку, ако ние не ги знаеме нивните вистински причини не значи дека ги нема. На крај краева па што се должни на секого да му кажуваат проблеми и животни стории, на некои им е полесно да кажат дека НЕСАКААТ отколку да му даваат отчет на секого.
     
    На Lolo5, tessie, Trnche и 3 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    235.260
    Па не е само на Лилит примерот со госпоѓата, јас посочив три, и познавам уште толку.
    Точно дека лошотијата на човекот не се мери со бројот на децата, ама конкретно зборуваме за овој профил на жени, и на тоа треба да остане дискусијата.
    Некни кога син ми беше болен и кога незнаев што му е, сфатив што значи болка, можеби јас повеќе испаничив, ама се ставив на место да се работеше за нешто посериозно. Самата помисла ме скрши.
    Нема смисла постоењето без дете.
    Мене животот ми се промени, јас се променив. Сета таа љубов што ја имам кон него ме прави човек.
    Маж ќе преболиш, за мајка ќе стиснеш заби, ама за дете не.
    Тоа е целта на постоењето, тој е тој животен успех, реализацијата како родител.
    Успехот на работа, кариера за мене се сосма пролазна работа која да, значи многу, ама не вреди како детето.
    Правото на избор никој не го коментира, зборуваме од аспект на личноста како таква која свесно не сака да има дете. И за тоа има причина, најчесто себичност, страв, и сл, кое баш во периодот после 45 и те како излегува на површина.
    Нема ништо пострашно од самотијата.

    едит:
    Да не биде работата дека целта ми беше да се омажам, само да спомнам паралелно работам на струка, полека се усовршувам во работата и напредувам, се остварувам и во професијата. И пак ќе кажам, не ме исполнува ова толку колку што ме исполнува детето.
    Не се мери ништо во животот и не се пополнува со ништо друго освен со дете.
     
    На НаталиЛили, Annath, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е цел да те разубедам ниту да го сменам твоето мислење,го почитувам твоето ама и ти почитувај го моето просто и едноставно...Неможи зрел човек кои има 30 40 години да не знае зошто не сака да остави потомство сигурно знае и има причина за тоа,НО не е должен на секој да објаснува зошто одлучил да нема деца нормално...Зошто е тоа така и што се случува во нивната глава јас неможам да ти кажам бидејќи една од моите животни желби е еден ден да станам мајка така да не сум компетентна да зборвам за таквата определба...Познавам родители кои живеат за своето семејтво и за тоа да го прошират,познавам такви кои сакат да основат семејство но едноставно не ја нашле другата половина за да се исполнат и на тоа поле за жал, познавам и такви кои се здрави прави веќе се во 30тите но не се чуствуват уште спремни за тоа и си бркат кариери, од секаков профил има луѓе и таман работа јас да ги разубедвам сите или да ги наметнувам моите ставови, или ти твоите секој си го живеј својот живот како мисли дека треба...
     
    На <3 pleza4e <3 и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.245
    Допаѓања:
    124.515
    Не знам зошто лоши квалификации за нечиј избор да нема дете.

    Избори имаме секакви во животот, некој решава да биде едуциран, некој сака да заврши основно и да копа нива. Некој сака да шета низ светот,некој сака дома да седи со маж, дете и свекрва. Некој сака да живее сам и да тера кариера, некој вика дека не сака кариера, сака да сади цвеќиња во двор и да им се восхитува. Некој сака брак, некој не, некој маж сака брак со маж, некоја жена сака брак со жена, и истите посвојуваат или прават бебе, или пак воопшто не го прават тоа. Тоа се нивни одлуки. Тоа е нивни живот. Ако е фрустрација во поодминати години, кога сфатиле дека можеби требало поинаку да изиграат во животот, тогаш тоа е нивна фрустрација, нивни промашен живот, или можеби нивни убав живот.

    Има далеку по исфрустрирани мајки кои зажалиле што направиле некои избори во животот, па мислам дека изборот да станат мајки не ги направило нешто посебно успешни и среќни во други сфери од животот.

    Не мислам дека жената се реализира со моментот на вадењето на плодот од утробата, не мислам дека се сатани луѓето кои не сакале да имаат деца, а особено не мислам дека е во ред маж да не сака дете, ама жена да не сака дете е полошо. Не мислам дека нема чувства жена која решила да нема деца. Имам две такви блиски мои, кои имаат чувства, и за себе и за другите.
    Наше е само да се држиме далеку од болни фрустрации, од луѓе кои утнале некои работи во животот, па за да ја задоволат својата празнина во душата се полнат со тоа што ќе не повредуваат нас.
    Ако не сакале никогаш деца, и на 45 нема да ги сакаат, тоа е нивен став, желба и волја, и нема што да им прави проблеми. Проблем е ако на 45 сфатат дека сакале, ама не биле свесни дека сакаат, па себеси и другите ги малтретираат за нивните погрешни одлуки.

    Да не ме сфатите погрешно, не дека јас не сакам да имам дете, сакам, или пак мислам дека не треба да имаат деца, верувам во тоа дека секој треба да има има дете, ама ако некоја друга не се чувствува кадарна да има дете, подобро да го нема. Многу жени што имале деца можеби е подобро и да ги немале, оти не знаат да ги чуваат, ги малтретираат, лошо воспитуваат, тепаат, и во никој случај ваквите жени не се нешто повеќе од жена со донесена свесно одлука да нема дете.

    Инаку, делот „разведени/немажени“ би го сфатила како „жени без секс“. Не е страшно некоја да е разведена, или немажена, нејзин избор. Ама жена без секс подолго време може да е поисфрустрирана од било која друга, па макар и мажена :) Малку повеќе секс (зборувам за добар секс) многу позитивни работи би донело во однесувањето на жената. Или барем гледано на жените во моја околина.

    Инаку, Лилит, и јас сум се нашла во ситуација да сум малтретирана од жена без брак, дете, и во прв момент и јас имав мислење дека е од тоа, дека нема никој близок и е лоша поради тоа. Нема со кој да дели емоции, дека нема некој на кој ќе мисли и кој ќе го сака. После сфатив дека тоа е оти си е таква жената, не дека е таква оти нема деца, туку дека од време си била зло. Ако тебе те гњави некоја ваква, совршено те разбирам, и знам дека постот беше во сдк, кога човек сака да си пише што си мислел во моментот. И јас понекогаш сум сакала да пишам за една ваква нешто слично :)
     
    Последна измена: 29 мај 2015
    На Lolo5, Captain-Omni, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  8. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Добро посочи три, а познаваш уште толку...зошто си толку сигурна дека ја знаеш вистинската причина која што се крие зад таа одлука?? тоа ми беше муабетот...и јас го мислев ова како тебе се додека не ми беа кажани вистинските причини, и веќе не осудувам никого и верувај не е секогаш себичноста и стравот причина.
    Јас сум го нашла мажот со кој сакам да го поминам остатокот од животот и со кој сакам да имам деца, еве чекам детенце и те разбирам што сакаш да кажеш во делот со децата.
    Мене искрено повеќе не ми се јасни луѓето кои што после 10-15 години неуспешно пробување за дете не се одлучуваат да си посвојат детенце кога веќе сакаат, а животот и годините им проаѓаат.
     
    На Rama, Dust, glosipgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    "Јас знам една жена..."

    Бла, бла, бла. Сите може да извадиме, по барем еден пример, роднини, пријатели, професори, колешки... И што?

    Знам и јас жени кои се исфрустрирани бидејќи на 20 години мислеле дека самотијата е она што им треба, а веќе на 40 жалат за тоа, но од друга страна знам и жени кои во младоста мислеле дека еден куп деца гарантираат среќа, а 20 години подоцна заклучуваат дека џагорот на сопствените деца ги прави нервозни... И првите и вторите можат негативно да влијаат на околината. ама по дифолт првите се бесчувствителни?


    Секоја одлука има своја позадина. Сите уживаме во различни работи. Додека за една жена мајчинството е нејзина животна цел, за друга самотијата е она што прави таа да се чувствува подобро.
    На крајот на краиштата, секоја самостојно донесена одлука е повеќе од исправна, за разлика од онаа која е донесена под притисок на опшеството и околината.
     
    На Lolo5, tessie, ArmaniCode и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.226
    Е сега познавам жена која невенчана живее со партнер и очајно сака дете, ама спонтани има и пак ништо. Е таа е хистерична веќе иако е млада и само избувнува и приметна стана за сите. Деновиве се уверив дека иако се финансиски стабилни и ситуирани, партнерот и се дере за ич ништо и и спушта слушалка. Убаво е кога коцките ќе се наредат на сите полиња, ама не можеме сите да имаме се. Едно е од страна кога го гледаш човек, а друго кога ќе го запознаеш. Сепак колку и да сме несреќни, не треба да изигруваме вештерки.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    235.260
    Ја знам причината, блиски роднини ми се, пораснав со нив, едната самата си викаше дека несака таква обврска, и си велев нејзин живот нејзини правила. И уште стојам зад тоа, ама овде дискутираме за профилот на ваквите особи. Женава е себична,празна, почна да се занимава со смешни работи и овде не мислам на професија, колку да си го пополни секојдневието,да не и е досадно. А со тоа ги малтертира другите. И останатите се слични. Пак ќе кажам право на човек е како ќе живее, коментираме за личноста како таква.
     
    На Sfera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Не е работата дека кога жена ќе роди дете автоматски се реализира, а пред тоа била нереализирана. Зошто одите со такви извртувања? Се работи за мајчински инстинкт, кој е во природата на жената. Се согледува уште од раното детство кога девојчињата играат со кукли. Барем јас така го сфатив муабетот, што зеде погрешен замав во темава зашто почетното мислење е преземено од СДК, претпоставувам било напишано без намера да се навлегува во детали.

    Ако некоја жена свесно решава дека не сака да има дете (поентата е во не сака!), заклучокот е дека кај неа недостасуваат тие основни емоции (кои може да недостасуваат и кај мајки кои не се грижат правилно за децата). Може да се очекува дека ќе биде потешко со таква личност да се постави нормална релација.
    [​IMG]
     
    На mims-89, НаталиЛили, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  13. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Ја разгледав прееска дискусијата, и баш зборевме со мајка ми на темава. Она е моментално во пензија, вдовица, која ме има само мене. Долги години се обидувале моите да имаат дете и на крај во нејзините 40ти успеале да го остварат тоа кога сум се родила, и чувството кое го имале кога за прв пат ме држеле во нивните раце. Мајка ми вели, да имавме и двајцата кариера, пријатели, убав живот, но не ни беше целосен. Татко ми почина пред 5 години, и мајка ми ме има сега само мене. Ми вели не можам ни да замислам живот без тебе, јас сега живеам само за тебе, ти си ми смислата на животот. Што ако денес те немав, немам сопруг, за кого и со кого јас би живеела. Не работам повеќе. Би била потполно осамена.
    За неа да се одлучиш да немаш деца е себично, не може да го разбере тоа. И потполно ја разбирам, исто како што ја разбирам и Лилит, обила преостра во првиот пост, но ја разбирам. Ни јас не можам да си го замислам животот без деца. Сакам многу деца. Но, ве разбирам и сите вас кои не сакате да имате деца, поради било која причина, тоа е ваше право и мислам дека многу жени не ни треба да имаат деца, бидејќи не знаат како да ги одгледаат. Не е секоја родена да биде мајка.
    Но, едно нешто не можам да сфатам. Што би правеле ако се најдете на местото на мојата мајка, и немате деца, немате никој близок. Сте го изгубиле партнерот, повеќе не работите, во пензија сте, која би ви била причината за радост. Тоа никако не можам да го сфатам. Колку и да сте блиски со сестрите, браќата, пријателите, и они имаат свој живот. Се будиш сам, заспиваш сам, јадеш сам. Не знам, не ми е јасно. Сите околу ќе се радуваат на внучиња, родендени, свадби, а вие нема директно да го почувствувате тоа. Јас лично не би имала на што да се радувам.
     
    На НаталиЛили, Annath, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Ќе напишам уште неколку реченици на темава и не сакам повеќе да бидам цитирана...

    Ако жената не требало да биде мајка, Господ немало да и' ја додели таа улога (пред се' би рекла тој благослов):!: Не знаете што пропустате сите вие дами што не сакате да бидете мајки. Џабе ви e Elie Saab фустан, џабе ви се Маноло Бланик чевли, џабе ви е шетање до Малдиви, ако сакате и на месечината качете се, кога најубавото од животот не сте го искусиле. Ама мајчинството не е само земање, туку и давање, тука е и проблемот на тие што не сакаат да бидат мајки. Мајчинството значи пожртвуваност! Жално што од друга страна некоја друга жена посакува да стана мајка, но поради здравствени причини не може.
     
    На Rama, JuLleE, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    :) иако ти е некој блиска роднина не значи дека ја знаеш вистинската причина, кажав погоре на некои жени им е полесно да кажат дека несакаат отколку да даваат отчет секому, жената која што ја ставив како пример ми е тетка, никој незнае за нејзината вистинска причина освен сестра и, мајка и, и внука и(јас)...сите останати роднини и пријатели врска немаат што се дешава и нормално ја осудуваат жената на тоа нејзино несакам и ја оговараат.

    Што се однесува за карактерните особини, себични, празни жени има на секој чекор...зошто само овие ги ставате на тапет...ако таа што ти ја познаваш ја карактеризираш како празна и себична не значи дека сите се празни и себични :) како можеш да кажеш дека останатите се слични??

    Јас познавам многу празни и себични кои имаат деца, па што треба сеа сите што имаат деца да ги ставам во исти кош...немој молим те.:x Утре кога ке ми се роди детето треба некој и мене да ме нарече празна и себична само затоа што познава некоја таква??

    Карактерните особини немаат врска со тоа дали имаш деца или не, тој што е таков таков ке си остане и со дете и без дете, а јас колку што разбрав од мислењата овде повеќето се згрозени од жените поради фактот што несакаат да имаат деца, а не поради нивниот карактер.

    Пак ке кажам, не е убаво да се осудува некој, кога не си му во кожа за да знаеш зошто ја донел таа одлука. Работите не се секогаш така како што изгледаат...и тебе може многу луѓе мислат дека те знаат ама всуштност многу малку те познаваат.
     
    На Lolo5 и Rama им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Постот беше во сдк, а потоа беше пренесен во нова тема, гледам неупатена си, па да ти објаснам, како што нели мора на секоја поединечно да ви се објасни.
    И покрај тоа што беше во сдк очекував дека ќе има вакви реакции. Каде прочита и како сфати дека јас не сум очекувала бурни реакции? Или ми ги прочита мислите и донесе заклучок како што правите со 90 проценти со постовите и темите тука. Побогу женски форум е. Нели, се самите си знаете.

    Зошто се аргументи старите мислења? Ако си слободоумен, си слободумен. А не на една тема ќе кољаш шиптари и ќе бидеш националист, трето дете и не знам веќе што, а тука ќе ми аргументира за затуцаниот Балкан, ја гледаш поврзаноста?

    Па да ти кажам, ако не ви значи многу наука, можам да заклучам зошто у принцип имаме толку со завршен факултет, а сепак никаква држава. Затоа што нели, во Македонија секогаш сме многу повеќе од науката и се знаеме самите, не мора никој и ништо да не просветли дополнително. Само нашето мислење е тоа што се брои.

    Да, исто така на клада да се запалат што вака мислат како мене, како и тие што сакаат да бидат мајки и да не работат, може?

    Јас не сум мажена и немам дете инаку. И веќе ги мешаш работите. И за тоа пишував, има многу фрустрирани жени во брак на кои цацко им е крив зошто животот не им е убаво, по 1000 пат, зборував за МНОГУ ЈАСНА И ДЕФИНИРАНА ГРУПА. Тие таквите се сосема друга група, акутен нејебит, мажот им е крив што го избрале затоа што во одредено време не ни имале храброст да побараат подобар (според нивни критериум) за себе. Како и оние мајки кои непрестано се хвалоспеваат со улогата мајка. Но тоа се други теми на муабет, и да можеме од секоја група да издвоиме некакви.
     
    Последна измена: 29 мај 2015
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Е сега ми е јасно зошто вака размислуваш, младост и неискуство...би сакала кога ќе бидеш во брак неколку години па тогаш да дискутираме за темава.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    ^ А што ќе биде промена бракот?
    Демек нема да сакам да имам деца?
    Не те разбирам што сакаш да кажеш Баба Радо.
    Многу убаво знам што сакам, да не те загрижувам.
     
    На Annath, JuLleE, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    @Lilit да, моето кажано пие вода со твоето пошто не те демантирам во целост, делам дел од твоето мислење.
    Не знам како не ти е јасно што мене ми боде очи во коментарите. Тој дел и баш го цитирав иако ти продолжи после тоа да го дообјаснуваш набрзина кажаното во првиот пост. Нели кажа дека секоја што не се реализирала како мајка според тебе е општо нереализирана и бесчувствителна особа. Е да, навистина потоа ги подели на некои што свесно се одлучиле и на онакви кои природата не им дава, но на крајот на денот и двете се нереализирани по тоа прашање и не знаат како е да имаш свое дете и да правиш секојдневно безброј жртви и откажувања заради него, со еден збор да се ставиш многу пати на второ место. Едно е да имаш желба, друго е да го доживееш тоа и да продолжиш да растеш како личност што ќе почне да има поинакви разбирања за светот околу, иако ова со растењето како личност не е мој став, ваши мислења се.
    Ете ти наведоа и примери за жени што не успеале да создадат потомство,а сакале, па подоцна им испливале сите фрустрации на површина. Но сите ли луѓе без деца се такви? Тоа прашувам од прееска. Те прочитав и за ова, еве ќе те цитирам пак.
    Значи сепак се враќаме на тоа дека нема врска моментот дали ти си одлучил своеволно или природата така сакала, според цитираново ако не си родител ти недостига цел еден свет поради којшто постојано си во судир со оние другите. Според ова барем јас сфаќам дека си емоционално затупен ако не родиш дете. Си застанал и останал во некоја точка и толку, си достигнал некој максимум, од кој не можеш да мрднеш и да чувствуваш онака како и родителите чувствуваат. Знам дека родителската љубов е нешто поинакво, иако сум ја доживеала само како дете ако не како родител, но не верувам дека ако си лишен од неа дека автоматски имаш помала емоционална способност.

    Тие генерализации во темава ме здоболуваат, затоа што колку и да ја вртиме пак со многу коментари се сведува на тоа. Се осудуваат личности што не сакаат да имаат деца и се окарактеризирани како себични, како само тоа да е причина да немаш дете. И да, знам дека и тука ги поделивте на несочувствителни и на онакви што од страв не раѓаат, но нели е повторно себично заради лични стравови да го лишиш раѓањето на сопственото дете ако одиме по таа логика.

    Исто како што и жената одлучува од многу други причини зошто ќе стане мајка, што не мора секогаш да значи способност за сочувствување, ниту пак верувам дека истите тие се само исклучоци како што е наведено во твојот цитат.

    Ете тоа. Па сега дали ќе продолжиш со едукацијата преку техниката масло на платно или резба, стварно не знам. Не знам ни на кој точно се однесува коментарот, ама малку е неубаво и надмено звучи, особено кога сме свесни колку е осетлива темава и никој овде не е малоумен без разлика каков став и да има. Си кажа самоуверено мислење, те нападнаа, одбрани се достоинствено ако имаш волја.
     
    На Trnche, Rama, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ти верувам сега но верувај ми и ти на мене, во бракот многу се менуваме,поинаку размислуваме,затоа реков-живи били па видели.
     
    На <3 pleza4e <3 му/ѝ се допаѓа ова.