1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се биде мајка - биолошка одреденост или избор?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 28 мај 2015.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Лично знам две жени кои се над 45 години, едната го има изгубено мажот во сообраќајка бргу по свадбата и не се премажи бидејќи не сакаше, нема деца, другата не се омажи од икс причини, нема деца ама затоа ги исчува двете внуки. Двете се толку добри личности, толку нежни, паметни, мили и само мрднат во умот би рекол дека се олицетворение на сатаната, "нека е груб ставов и нека вреѓа, ич не ми е гајле, тоа е болен факт". Злобни луѓе има на светов но тие можат да бидат и мајки и немајки. Има и мајки кои посвоиле а не родиле и тоа не ги прави сатанисти.
    Па уште и маж ко маж? Дискриминирачки, мажот ако не сака деца он е фраер и има директен влез во царството на ангелите ама жената е сатана. Бог да чува!
    " пресладок бебе Исусе" некако секташки звучи:^)
     
    На Lolo5, ArmaniCode, Lella и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    ??
    Апсолутно погрешно и воошто не се сложувам со ова.
    Можно ли е кога ќе родиш да станеш наеднаш несебичен, а си себичен по природа ?
    Не ! Јас имав другарка порано, која има сега 5 деца ?? од тројца мажи, а себична била отсекогаш и тоа што родила не ја направило автоматски помалку себична или несебична. Иста е, а децата и служат како кученца и воопшто не е мајчински настроена кон нив, туку се однесува како да ги нашла на улица.
    Една друга другарка исто е никаква мајка. Ги роди 2 зошто немаше избор за абортус поради патријахалното семејство, ама психички многу лабилна и опседната со себе си, а по раѓањето на децата уште повеќе. Децата ја гледаат со жалење затоа нејзината неуротична состојба им влијае на и онака кревка детска психса.

    И сега овие се несебични, така ? Само затоа што имаат деца автоматски се амнестирани од себичноста и не се ставаат себе си пред децата ? Пфффффффффф
     
    На Mikha4, Lolo5, ArmaniCode и 10 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Мајчинскиот инстикт доаѓа откако ке станеш мајка,никогаш пред забременување и многу е мал број на процентот на жени кај кој тој инстинкт затаил,но тоа е друга патологија.Има жени кои после породување добиваат постпородилна траума и болеста оди до таа граница што они несакаат да си го видат свето бебе,го мрзат, но затоа ке кажам,разни болести има на овој свет и не треба секоја болест да ја осудуваме оти никој несака да е болен.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.748
    Допаѓања:
    65.197
    Пол:
    Женски
    Па, за мене некој што има услови и можности за дете, а се одлучува да нема е себичност. И тоа е тоа. Не дека ќе ме разубедите со секакви хипотетички ситуации. Или пак јас вас. Очигледно дека ставовите и мислењата на темава се цврсто зацементирани и тоа е тоа.
    И смешно ми е вака кога читам, на некои теми очите си ги извадивме мајки-немајки, зашто нели, ние немајките не можеме да ги сфатиме мајките, само кога ќе бидеме мајки ќе можеме да влеземе во тој свет и целосно да ги разбереме...
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    Не сакав да пишувам во темата, од причина што членот кој ја започна три пати сам се демантира. Мислел вака, па мислел само на одредена група...и наместо да се извинеше дека не се изразил добро и да напишеше пост во кој ќе прецизираше, тој како владата на секој протест - контрапротест односно реплика.
    Добро е што темата направи токму на овој ден да се присетам на една личност од минатото, особено затоа што не е помеѓу нас. Се работи за пријателка на мајка ми која во младоста била оставена од свршеникот (искрено незнам поради која причина а и не би сакала да шпекулирам).Жената никогаш не се омажи и немаше деца. Иако според кажувањата на мајка ми имала многу додворувачи а и два пати потоа дури ја барале за жена. Навистина беше многу убава жена имаше одлична работна позиција и добра плата. Се што ќе заработеше го делеше со внуците на братот. Ги носеше на одмори им го оставаше клучот од станот за забави, па дури и им го плати факултетот. Јас најмногу се радував на нејзите поклони затоа што секогаш беа современи- од неа го добив својот прв оригинален парфем Магнолиа. Мајка ми кога ќе дојдеше на гости редовно ја караше зошто не си најде некој и зошто ги троши парите на мене, на сестра ми и на внуците кога може да има свое дете. На тоа таа секогаш одговараше: Јас ја имав својата голема љубов, со друг човек несакам да се замислам да имам дете. На тоа мајка ми и велеше дека ете тој продолжил понатаму треба и таа. На тоа таа велеше: Јас сум тажна личност и не сакам на некој друг да ја пренесувам својата тага. ...Дали ја оправдував? Не ... Но неможам да речам дека беше себична личност. Затоа што се правеше за своите внуци. Ги гледаше како втора мајка. Дали беше изфрустрирана ...и тоа не ...таа навистина беше само тажна личност која немала среќа во животот и оставила времето да ја згази уште повеќе. По нејзината смрт нејзините внуци се испокараа за станот. Сите како да чекаа таа да умре за да можат да ги поделат парите. Мајка ми често ќе рече имај си твое дете, зошто никое нема да те сака и цени повеќе од него.
    Затоа реков дека постот е глупав. И стојам зад тоа.
     
    Последна измена: 29 мај 2015
    На Lella, Trnche, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.094
    Абеја, секогаш си надвор од контекстот со цел да ги извртиш работите, во твој стил, браво. Фино што се јави, ти ги памтам некои работи кои ми ги упати токму на оваа тема еднаш одамна. Во принцип не памтам, ама тоа и те како ти го памтам.

    Да, секташки звучи зошто сум во секта каде ја славиме сатаната (дали си ти со сите жено?!), дај да зборуваме за религијата и Македонија вечна тука, може? Оти СЛОБОДОУМНОСТ ПИПЛ! Ама нели ти дарлинг во други проблеми си со мене, одамна, а јас еве не знам како да ти ги решам, а право да ти кажам и не ни сакам.

    А за мажите си пишав во другиот пост.

    Баба Радо, мајчинскиот инстинкт се раѓа многу порано од пред тоа да се стане мајка. Девојчињата што мислиш зошто сакаат да си играат со кукли?

    @Giovanna , да се одбранам? Нема на кого да му се бранам и зошто да се бранам, јас стојам зад секој збор што сум го пишала, ако вие имате проблем со тоа, имајте, воопшто не ми е гајле. Ви пишав се што мислам и го поткрепив затоа што една членка пиша - КАЈ ГО ПИШУВА ТОА, ВО УСТАВОТ? Ете кога веќе сакате да знаете каде го пишува, во ред е сега?

    Да, на страна тоа што некаде го крепи факт, да, мојот став е тој - жена која може да има деца, а не сака за мене е себична жена и не, нема сочувствителност и разбирање како оние кои го имаат мајчинскиот инстинкт. Што е ако не е себичност? Животен избор? Имала среќа што мајка и не го мислела истото па се родила...

    @kolovoz каде сум се демантирала? Посочи ми. Мислењето беше во СДК, развивте дискусија на која побаравте објаснување и го добивте за тебе е демантирање? Не ти се јасни тебе фактите сама со себе, јас мислам дека бев повеќе од јасна, извинете не знаев дека на секое мое сдк морам да дадам огромно објаснување,точно и прецизно за што и како мислам.
    Почнавте со трогателните приказни повторно...
     
    Последна измена: 29 мај 2015
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Секоја тема е за жена и околу неа.
    Јас имам едно прашање за тебе @Lilit
    Кое е твоето размислување за оние мажи 45+ чии што среќата ги напуштила да си формираат семејство?
     
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    девојќињата играа со кукли многу одамна,сега играат на компј.да се учат како прави колачи,како се чува бебе идр.така наречени игри за момички а има игри и за момчиња и ...машкиве што играат фудбал не стануваат сите фудбалери кога ке пораснат.Ке се повторам,откако ке станеш мајка,тогаш се менува цело тело.хормони и тогаш се буди тој инстинкт,кој само треба да го доѓивееш оти неможам да ти го опишам.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.094
    По избор?
    На што се насочиле?
    Биди конкретна со прашањето.

    Јас имам вујко кој остана сам. Човекот е фин и добар, живее затворен живот, тој остана сам затоа што е едноставно срамежлив, не можеше да си најде партнерка од тие причини. И секако и него сега сите му се криви во семејството што имаат деца и жени. Неколку пати се обидовме да му наместиме некоја, ама тој...не знаеше како да се однесува, од друга страна ни па сакаше да работи на себе да се промени. Па како да ти кажам... никој не ти е крив. Сите се трудевме да ти помогнеме, ти не сакаше сам, сега ние не сме криви што имаме живот.

    И ако ти беше поентата да направиш промена на тезите, ќе те замолам уште еднаш прочитај за кој профил на жени зборував. И не ми нижете приказни, ама ете на таа и умрел мажот, оваа ја оставил вереникот, тоа не е аргумент дека тие решиле дека не сакаат децa, не значи дека кај нив отсуствува желбата да имаат деца и отсуствува мајчинскиот инстинкт, туку не знаат како да се справат со загубата.
    Од друга страна се и жените кои можат да имаат деца, сакаат да имаат деца, немаат партнери и немаат среќа во љубовта, но се одлучиле за вештачко оплодување... и имаат и се самохрани мајки... И?
     
    На Annath и Sfera им се допаѓа ова.
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.072
    @Lilit па да се одбраниш во дебата со различен став, тоа и што го правиш, само после неколку поста трпението почна да ти оди во минус. Што ај и до негде разбирам, кој сака да се повторува сто пати и онака скоро се кажавме, не планирам ни јас повеќе да пишувам, но дека овде некој некого треба да образова не мислам, барем не на ваква тема што пламна толку брзо, поради твоето брзоплето напишано мислење во СДК што само ти си го разбра од прва. Останатите те разбраа после „семинарската“.

    Тоа сега што ми го одговори, тоа и те прашав. Да ми дадеш конкретен став, сумиран најкратко што може, а не во еден пост да правиш поделби на вакви и онакви пошто не биле исти, а на крај во некој друг пасус пак да испаднат исти како што беше случајот со цитатот што го поставив.
     
    На mimiiiii и kolovoz им се допаѓа ова.
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Дискусијата е едноставно баналана, бидејќи се работи за избор, а секој има право на тоа. И посебно дека "тие се нерализирани и безчувствителни", карактеристики од првичниот пост што ги препиша на посебна група, се карактеристики што лесно можат да се однесуваат и на жена која родила.
     
    На Lolo5, tessie, Trnche и 7 други им се допаѓа ова.
  12. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    Кога некој чувствува потреба три пати да се објаснува за ставот кој го изнел автоматски значи дека или незнаел како да се изрази или не стои цврсто зад тоа што го пишал. А во твојот случај е второто. Прво генерализираше, па направи една поделба, па направи уште една поделба...што значи автоматски го демантираше првичниот став.А се што требаше да кажеш е...Извинете луѓе не се изразив најдобро што можев. Ама пуста гордост не ти дава да признаеш.
    А трогателните приказни се во секој живот. Тие само се тука за да ти покажат колку е погрешно да се генерализираат сите луѓе заедно.
    Што повеќе јас да очекувам од личност која вака размислува за својот вујко. Срамота...
    Па ти несакаш да го разбереш човекот кој е твоја крв не па некој друг.
     
    Последна измена: 29 мај 2015
    На Lolo5, Rama, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.094
    ^ А ти како знаеш дека во мојот случај е второто? А како тоа автоматски, кој го направил тој автоматизам или твоето мерило? Оу или ова е генерализација?
    Јас мислев дека тука дискутираме аргументирано, а не се ставаме на клади за да ти драга Коловоз ми речеш, дека објаснувањето е демантирање. Онда не си за на форум, еве не знам...
    За мене е самодемантирање нечиј молк, а не објаснувањето, и сега кој е во право, јас или ти и како ќе одлучиме?
    Зошто треба да се извинам? За пост во сдк?
    А тоа ли ви било идејата, да ви се извинам што мислам така? Ох мајко...
    А како требаше да се изразам, требаше да го пишам тоа и потоа огромниот пост за во случај некоја да не ме разбере?
    Малку повеќе си придавате на значење. И да, жените кои можат, а не сакаат да имаат деца (па ниту можат да остварат здрава врска со маж) заради отсуство на мајчински инстинкт се себични и отсуствуваат од емпатија и сочувствителност со останатите, од својата нереализираност почесто и во секој поглед си ги лечат фрустрациите на други и најчесто помлади. И?И после како на друга тема ќе речете како што вика Рејбоу - не знаете, не сте мајки, прво ја правите подеблата за која сте свесни и сами, а потоа ќе демантирате по други теми... ох видете го сега ова... ма прекрасно.

    Кои сме ние? Жени! Знаете што сакате? Поим немаме!

    Е што де? Што се менува во поглед на желбата за имање деца?
    Бракот е избор и општествена категорија, а не природно дадена.
     
    Последна измена: 29 мај 2015
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Оти ја вртиш во круг. Оти ти си решила дека сите такви жени се ѓаволи.

    Нели се трудиме да постанеме општество во кое секој без разлика на неговите избори и определби треба да биде среќен.

    Сакаш да кажеш дека на тие жени нешто им фали, што би рекле фабричка грешка.

    Да не е природно, не се природни ни хомосексуалните врски, точно е.

    Ама тие луѓе се такви, ама не се ни помалку луѓе од нас поради тие причини и не заслужуваат да бидат демонизирани поради тоа.
     
    На Lolo5, ArmaniCode, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  15. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    Па ти не прифаќаш аргумент. Секој аргумент за тебе е само приказна. А всушност се работи за реалност која ти не сакаш да ја признаеш дека постои.
    А мојот молк ... е затоа што магаре ни се води ни се тера. Па го оставаш само да видиш до каде ќе стигне. Ова за жал ти е заслужениот последен одговор од мене.
     
    На Someonespecial, Dust, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Да се собереме ние што немаме деца и сме недозреани и недоделкани и да протестираме пред домот на Лили, чисто ради реда да и ги смириме живците. Да види дека сме иживеани и ние.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    @Lilit секој несреќите што му се случват во животот ги поднесва на различен начин,дали некој поради некоја несреќа одлучил да нема деца ДА можи и тоа да е причина неможи да преболи и да се помири со судбината едноставно,но тоа е премногу тажно за мене а не за критикување...
    Погоре ни кажаја пример каде мажот набргу послем свадбата починал во сообраќајка,господ да не даде таква болка на никој,тоа е преголема загуба и преголема болка,и доколку таја жена се одлучила да остани верна на споменот од мажот кој го имала до крајот на животот јас и симнувам капа таквите ЉУБОВИ денес се мн.ретки и мислам дека треба да се почитува тој избор нејзино право то е то...
    А за девојки кој биле оставени не само послем веридбата туки и непосредно пред свадба,имаме сите барем по еден пример да дајме за таква случка и господ да не даде и таква болка на никој и тоа е загуба,пред мои очи сум гледала личност како пропаѓа со ваква случка и се уништува ти треба мн.време да се опоравиш многу,но сепак во ова случка јас не оправдувам некој точно поради тоа да се реши да нема деца,НО тоа е мое мислење и ЈАС би продолжила со животот и би направила поинаку и ти,но ете има некој кој на најтежок начин го поднесол тоа и неможи да продолжи или несака и со таја одлука едноставо се казнува и самата себе,и ова е мн.тажно...
    Сепак да не забегвам од темата мислам дека позади секоја одлука некој да нема деца не стои само каприц,и себичност,туку за жал стојат и огромни болки и жални судбини...
     
    На Rama, glosipgirl, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ајде бидејќи навистина си тврдоглава и несакаш да си ги исправиш навредливите зборови, објасни како тоа мајка Тереза која ја познава цел свет,како калугерките,како монахините и сите што одбрале целибат во име на Бога се тоа што ти ги нарече а јас несакам да го повторам тоа?
     
    На Lolo5, glosipgirl, Cka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Со кој памет ја ставаш Мајка Тереза, калуѓерките и монахините во ист кош со оние кои не сакаат да раѓаат?
     
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Јас не ја ставам, затоа барам мислење од Лилит каде она ке ја стави.Не ја разбирам само твојата нервоза?
     
    На Lolo5, okcenzi, <3 pleza4e <3 и 2 други им се допаѓа ова.