1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се биде мајка - биолошка одреденост или избор?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 28 мај 2015.

  1. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Во право е @baba Rada , и тие луѓе ОДЛУЧИЛЕ СВЕСНО да живеат самотен живот и да не раѓаат...зошто тогаш сите други жени ги ставате во исти кош и ги правите олицетворение на сатаната?? Секоја од нив имала причина штом се одлучила на таков чекор.
    @buba4e89 Ако одите на протест јас ке ви донирам и шатори да бидете у мода :D
    :D а јас неможам да ви се придружам пошто чекам бебуш
     
    На Lolo5, okcenzi, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Знаеш зошто се лути...оти ова е шах-мат.
     
    На Lolo5 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Јас навистина не знам што би се кажало на оваа тема.Се кажавте и покажавте.Можам само да се изјаснам јас луничка ,членка на Фемина,не се согласувам со ставот на Лилит дека сите жени кои можат да имаат дете а не сакаат, се себични и олицетворение на Сатаната.Во принцип мразам генерализирање (ако некоја позната нема дете а е злобна и себична,сите се такви,некој не припаѓа на наша вероисповед поради лошотилак треба да се избегнува),некој до неговата вера итн да не набројувам зашто ќе залутам во шума од која не можам да излезам со објаснување.
    Јас еве имам деца,ги сакам повеќе од животот свој.Но се прашувам што ако животот ме однел на друг пат,да завршам некој факултет,да сум нашла работа која буквално е од соништата,да уживам во светот и тој во мене,на сите можни начини,а од друга стана не наидам на човек кој би сакала да биде татко на моето дете,еве свесно останувам на одлуката НЕ САКАМ ДА РОДАМ.Ќе ме направела ли таква одлука олицетворение на Сатаната,да немам сочувство и емоција за ништо и никого.Не би рекла,јас сум таа истата,со таа разлика што сега си ја лупам главата од ѕид за едни проблеми а кога би била онаа другата,за други проблеми.
    Да не навлегуваме во онаа исполнетост на жената,нејзина должност по однос на природата и на Бога,како и она што ќе биде кога ќе направите 50 години.А никој не му гарантира на никого дека родените деца нема да го напуштат при крајот на животот.Никој.
    Верувам дека треба да се живее во сегашноста,зашто вчера поминало а утре уште не се случило.И кој знае што и како ќе се случи.Убедена сум дека секој треба да си живее со својата одлука каква и да е.Денес ,Сакам дете ,нека Бог ми помогне во тоа.Не сакам,тоа е само моја и само моја одлука,која не дозволувам да ја ставате и да ја мерите со некои аршини кои ги поставило општеството и околината.
     
    Последна измена: 29 мај 2015
    На Lolo5, zvecarka, ArmaniCode и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Па, на долго и на широко ти ги изнесе нејзините аргументи зошто е против оние кои се здрави и прави, а без деца. A што уште сакаш од @Lilit да ти нацрта? И на сето тоа ти се правиш многу паметна и одговараш загадочно шах-мат, небаре си ја открила Америка.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.474
    25 имаш?
    И јас немам ни маж,ни деца, како сега да протестирам сама пред својот дом. Појасни ми ги инструкциите за да не утнам нешто.
    Ти очигледно ништо не си сфатила и не си прочитала.

    Абеја ќе ги организира контра-протестите. :D

    Леле Мајка Тереза ја спомнала... гасете интернет за денес, готово.... :bow::rofl:
     
    На mims-89, Dennings, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Не
    Не се правам паметна, напротив тука сме да моабетиме,нешто ново да дознаеме,некои работи ако можеме да ги расчистиме а не да се лутиме и навредуваме,Сакав да се нашалам но извини ако мојот хумор погрешно го свати.Сега објасни ми те молам,изгледа малку потешко ги сфакам работиве,можеби поради годините,но сите тие се жени,прави и здрави но не помислиле на деца.Обиди се да објасниш зошто да не бидат во ист кош?
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Јас сум зафатена пред Собрание, мора да најдете друг водич.:D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Ќе речам за себе... не бев баш наклонета кон деца, значи неам "дар" со деца и генерално не можев да уживам со деца и да се играм со нив и да ги занимавам, можам да кажам дека прилично бев ладна кон нив.
    И јас мислев дека никогаш нема да имам деца и не ги сакав. Додека пример мојата братучетка на сите семејни собири само ги собираше и носаше и се грижеше за сите дојдени деца и уживаше во тоа, јас само бегав од нив. И дури некој да ми го подадеше некое дете да го придржам веднаш им го враќав и заминував. И тоа ме држеше сите овие години, не ми одеше природно некако.

    Е сега и кога се мажив не се омажив поради деца да имам, мада веќе бев отворена за идеја за дека еден ден можеби и ќе имам дете, само чекав(ме) на прав момент.
    Ама ете како и Луничка што кажаа, можеби ако се поинаку наредија коцките можеби ќе донесам поинакви избори, за кои после ќе се каам, а можеби и не бидејќи нема да знам што сум пропуштила, не знам.

    Мислам дека од Бога дано е една жена да има вроден тој мајчин инстинкт.
    Само избор е дали една жена во текот на својот живот ќе го угуши, ќе го негира, ќе го пренасочи на нешто друго, помагање на други луѓе или деца, или ќе посака да има свои биолошки деца.
    И пак сето тоа зависи од нашите моментални одлуки, а одлуките донесуваме врз основа на животните прилики кои ги преживуваме во тој момент.
    Затоа некоја во еден период на животот се откажала од желбата и имањето деца, за потоа да се покае бидејќи во текот на животот не нашла некое друго исполнување, а некоја ете сосема солидно живее и пронаоѓа исполнување во други работи, и полесно или сосема лесно се носи со фактот дека нема свои деца.

    Лилит имаше прашано дали некоја мајка може да се кае за своите деца? Јас одговарам нема шанси!
    Ниту една психички здрава особа ниту една секунда не може да се покае.
    Јас за своето дете и поради своето дете се променив. Најискрено, ако се најдам во ситуација да за некој најблизок треба живот да положам, тоа би без размислување ниту половина секунда било моето дете.
    Таа љубов, пожртвованост, безусловна љубов и простување, не може да се мери ниту со љубовта кон мажот, ниту со љубовта кон некој од најблиското семејство.
    Тоа да го заштитиш, да се бориш, да го свртиш светот наопаку ако треба.

    И да, детето ме смени. Ме омекна во една смисла, во друга ме оснажи.
    Сега сум почуствителна кон другите деца, ме боли и за другите деца кои се болни, кои немаат, кои страдаат и слично. Ја немав искрено таа сочуствителност во мене колку сега откако сум мајка. Зошто љубовта кон своето дете се пренесува и за грижата за другите деца. И секогаш помислувам што и да моево дете минува низ истото? И не, не можам да издржам тоа чувство внатре кое дури боли.
    Затоа ја разбирам Лилит за каква длабочина на емоцијата зборува. И да, верувам дека мајките и тука на форумот разбират за што зборувам.
    Ама би додадела дека ете и маж ми е променет откако има свое дете. И тој самиот е почуствителен и повеќе го боли за другите, посебно деца.

    И да, вистина дека секој има право на избор. Но јас би кажала, ете од моето искуство, дека тие што го направиле таков избор не знаат што пропуштат, бидејќи тоа не се опишува со зборови, колку и да звучи ова како фраза, а е факт.
    Пропуштаат бидејќи не го достигнуваат подлабоко (или повозвишеното) ниво на љубовта, една нова димензија, како да ја наречам, која нема да можат да ја искусат додека немаат дете.
    А љубовта е благородна, самата по себе... Има различни врсти на љубовта, и сите други врсти на љубовта можат да бидат достапни за секоја особа, освен љубовта кон дете.
    Затоа е дури ШТЕТА една жена свесно да се одрекне од истата.
    Затоа се каже дека да бидеш мајка е благослов.
    И затоа обично се вели дека способна жена која свесно направила избор да нејќе дете е себична, бидејќи љубовта кон себе (своите интереси, идеи итн.) ја става на повисоко место од една друга пожртвована љубов, љубов која повеќе дава, а не само прима.
    Мада, и тоа испаѓа само дефиниција, и иако лично јас не можам да ги разберам зошто средени жени свесно го носат тој избор и притоа се одлучни во својот став, што е нормално бидејќи имам дете и веќе мислам поинаку, не можам да ги осудам докрај бидејќи секој си знае за себе, своите можности и спремноста за пожртвованоста.

    Тоа е скоро исто како што јас сметам дека не сум способна да бидам мајка на повеќе од две деца, квалитетна мајка, за да имам живци и трпение и време да им посветам, бидејќи сум свесна за своите можности (а притоа не мислам на материјални), а некоја друга жена ладно може да исчува повеќе деца со ист квалитет бидејќи е пофлексибилна, поорганизирана, поопуштена итн, а некој ќе ја осуди мајка што останала само па на едно дете. И за таквите има осуди од околината, ете себична е нејќе повеќе деца.

    Можеби звучам контрадикторно во својот пост, ама навистина испада дека не е се црно-бело.
     
    Последна измена: 29 мај 2015
    На Lolo5, Heidi, НаталиЛили и 11 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ако ја разглабаме темава ке излеземе дека сите што сме родиле едно или две деца и несакаме повеке деца да рагаме а можеме, сме себични (па и сме на некој начин)Колку од нас рекле-аа фала ама доста ми е,не ке чувам цел живот деца,па треба и јас малку да уживам,па кариера ни е побитна,па немало кој да ни ги чува и триста изговори.Не се раѓа дете тек така и со било кого.сигурно дека тие што несакаат да имаат деца е и поради причината А со кого асален да го направам?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Разговориве ме потсетија на еден муабет кој пред некој ден ми го кажа свекрва ми за некоја жена со босанско потекло. Имала 6-7 деца а биле сиромашни и кога ја прашале зошто толку родила кога е греота нема со што да ги израни, таа одговорила е ако, нека има за овој и за оној свет, во смисла ако некое почине да има замена за него. Ваква жена и 50 да роди никогаш нема да биде вистинска мајка. Ама животот е суров. Ова е само еден пример на мајчинство во најлоша смисла. Која би била опцијата во ваков случај? Биолошка одреденост и избор, очигледно погрешен.
     
    На Lolo5, glosipgirl, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.164
    Допаѓања:
    234.919
    Некои сфатија, некои вадат од контекст муабети, секој чита како што му одговара.
    А всушност тема на муабетот е профил на жена која поради егоистични причини решила да не има деца.
    Јас неможам да сфатам ако имаш можности и услови да имаш дете, да не сакаш да бидеш мајка.
    Еве ги има на форумот, нека ја кажат причината, ама не девојки од 25 години.
    Зборувам за повозрасна група на жени.

    И да, сосема друга тема се они кои поради животни неприлики останале сами, немаат деца.
    Па и примерите што ги споменувате за тетките кои се грижат за своите деца, јас и овие неможам да ги сфатам, всушност можам. Се грижат за внуците, најчесто се сведува на материјално, подароци и слично, ама на крајот од денот мајката е таа што ќе бдее цела вечер врз детето кога гори од температура. Тетката ќе иде и ќе си легне.
    Има разлика меѓу мајка и тетка.
    И таа е таа себичност. Несакаат обврски, секогаш се ставаат себеси на прво место, да има и добри жени помеѓу нив, ама секогаш ама без исклучок тие се себеси стават на прво место.
     
    На НаталиЛили, Annath, MacenceEna и 7 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Подобро според некого себична, одошто со толкав презир и навреди кон поразлични од самиот себе. Нели мајките беа саде љубов и емпатија, не ги занимаше етикетирање и презирање на други толку? Toa и го покажаа дел од мајкиве шо дискутираа тука. Што навистина значи дека не има секакви.
    И пола тема е навреди и етикетирања, јас не знам што сè уште бара тука?

    Инаку, далеку сум од 40ка, ама сепак, ниту генерализирам, ниту ќе генерализирам на темава. Може ќе имам дете за година, пет, десет, или пак нема да имам. Ама начинот, полн со навреди и тешки зборови... или, ај неемпатични се, се може да им се каже.
     
    Последна измена: 29 мај 2015
    На Mikha4, Lolo5, ArmaniCode и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.189
    Жена може да не сака да раѓа, ама од моментот кога ќе го види своето дете, нема шанси да каже, кај го родив, кај се заебав, ќе го вратам назад.
    Ама ако знае дека не го сака, нема да го роди и тоа не значи дека е зло на веков. Подобро да го прави тоа што го сака, отколку да биде несреќна жена која родила дете кое не го сакала, ниту пак сака да му се посвети.
    Ако зборуваме за себичност, мислам дека е премногу себично да родиш дете за на стари години или во случај да ти умре мажот, да имаш со кој да се занимаваш или па да чекаш внуци да те анимираат. Не знам што е себично ако некоја не сака дете. Имањето дете не значи лишување од својот живот, туку збогатување на животот, давање живот на друг, правење семејство.

    Не е себично да немаш дете, себично е да го имаш за да има некој да ти ги брише гомната на стари години или да му се мешаш во животот за да ти е забавно.
     
    На Lolo5, mims-89, Mishela и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Значи ме запрепастија вашите мислења, тотално! Вакви размислувања во најмала рака очекував од маж, ама од жена!? Немам зборови, ми се чини дека е секој коментар одвишен но, знам дека нема да ми биде мирна совеста ако не искоментирам.

    Прво сакам да прашам, дали тоа што сум жена директно ме корелира со мајчинство?
    И дали ако поради тотално небитни причини не ја остварам биолошката функција значи дека сум психички растроена? Всушност, знам во што е проблемот. Проблемот е во тоа што под ова македонско небо сите мора да сме скроени под исти калап. Да завршиме факултет, вработиме, раѓаме! Небаре сме стадо овци кое себе се нарекува граѓани кое мафта со памфлети како е слободно, а угнетено во сопствената срж! Несреќно до бол, со милион комплекси и фрустрации кои се покриваат со наметка, се до моментот додека не му ги припишеме на друг, и тогаш сме ослободени!

    Како друго, дали воопшто помислувате на околностите? Во смисол, што доколку жената не го пронајде својот животен партнер? Дали тоа значи дека нешто и фали, и истовремено мора да остане самохрана мајка како по секоја цена би ја остварила својата функција? И што доколку нема доволно финансиски средства, или битно е пред светот да покаже како кореспондирала на општествените барања?

    Не ни помислувам да почнам околу жените со поинакви желби, идеали и сфаќања. Бидејќи тие се или себични, проститутки, или безчувствителни. Страшно! :x

    За крај само сакам да додадам дека не знам за вас, ама јас сум крајно вознемирана и исплашена од неколкуте прочитани постови овде. Искрено, не помнам некогаш нешто на форумов да ме вознемирило во олкава мера.
     
    Последна измена: 29 мај 2015
    На Mikha4, Konfetka, Lolo5 и 23 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.164
    Допаѓања:
    234.919
    Жени, ајде вака-Има пари, има услови, здрава е, ама не сака деца. За таквите зборуваме. Да тогаш им е убаво ама што правиме после 40-та?
    Повеќето се каат и криви им се сите кои ете да кажеме имаат семејство. Според вас ете ако некој не сака да има деца, што би му била целта во животот?Кариера?Шетање, или чувањето мачки?
    Никој не навредува, реков јас секој има право на избор, ама сеуште мислам дека се себични и дека мислат само на себе.
    Или страв им е, друго не знам.
    И да, сега им е убаво, ама со тек на времето празнината ќе остане и ништо нема да ја поплни. И ете ти ги фрустрациите, се им смета, малтертираат бре.
    Па и читам себично е да очекуваш на стари години да те забавуваат за да не ти е досадно. Очигледно е дека немате деца. Постоењето на самото дете е среќа. И не ти треба друга анимација.
     
    На Annath, MacenceEna и Lilit им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Лезбејките воопшто не мислат на деца,по некое време ке им текне да посвојуваат...е сега во која категорија и тие ке ги ставите а здрави се и прави,ете и финансиски средени?наравоучение,оставете ги жените како сакат така нека прават,не ги осудувајте и етикетирајте а најмалку пак смеат членови од тука кои се уште не се ни во брак и немаат деца.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.164
    Допаѓања:
    234.919
    Јас сум во брак и имам дете.
    Не зборам на памет.
    Кога сме кај лезбејките и тие сакаат деца, посвојуваат, раѓаат, значи природа си е природа.
    Кога веќе ги спомна.
    А ти баба Радо ко едвај си чекала да се зачлениш. Не за друго со искуство ќе не просвлетлеш, оти ние млади појма неаме од животот.
     
    На kjukli и joy1 им се допаѓа ова.
  18. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Што и ако го има сето тоа...ако го нема човекот со кој што сака да го има тоа дете?? или за вас е битно само да има дете со било кој за да се вклопи во општеството??
    Има луѓе кои што се заљубуваат само еднаш во животот и никогаш повеќе, и освен со тој човек со ниеден друг неможе да бидат ниту пак ке посакаат дете со било кого, тие работи си одат едно по друго, и во тој случај џабе ти се и пари, услови, здравје све ти е џабе.
    Некогаш си размислувам...да не сум го запознаела човекот со кој што сум сега во брак и од кој чекам дете, можеби никогаш во животот не би се омажила и не би имала дете, и што тоа ме прави себична?? само затоа што се ценам себеси и несакам да бидам со било кого, што не сум била очајна за брак и деца како некои луѓе што се очајни ?? Таа желба се појави кај мене кога сретнав човек вреден за тоа, а не ради реда.
    Јас сакам дете и го чекам расте во стомакот... ама дете од мажот кој што го сакам, а не било какво дете колку да се рече дека имам дете и готово сум завршила работа...

    Остајте ги луѓето нека си го живеат животот како што сакаат, тоа е нивен избор, вие вашиот сте си го направиле и треба вашата работа да си ја гледате а туѓите избори не се ваш проблем.
     
    На Lolo5, Lella, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Dalida♡

    Dalida♡ Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2015
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    @baba Rada Мајка Тереза од рани години одлучува да живее како калуѓерка и баш поради таа голема љубов кон децата,во земја каде неможе да им се пружи доволна љубов и средства за подобар живот она одлучува да помогне, затоа и е наречена МАЈКА.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Уште прееска ми даде погрешен одговор и си реков не си тупам мозок да ти објаснувам пошо ги прифаќаш аргументите кои само тебе ти одговараат.