Имелда, жената од линкот само го покажува она што јас го мислев со себичноста. Жената си се става себеси на прво место, не сакала да се откаже од нејзините желби, ама за жал ќе го изгубела маж и инаку. Во случајов притисокот не бил од околината, туку директно од маж и. А да било само од околината не верувам дека ќе го сменела мислењето. И нема зашто. Ваквите жени подобро е да имаат сила и да си останат доследни на себеси, отколку потоа да се најдат во ваква ситуација, да сакаат да остават и маж и дете кое треба да расте знаејќи дека не е сакано од мајката. Јас можам за ваква жена да мислам дека е себична, може било кој да мисли што сака, ама ако е доволно свесна за нејзините желби не треба да и е гајле. И за мене еве мислат оваа нема дете уште, којзнае што е работата, бла бла, притисоци од сите страни и сега што? Никому ништо. Затоа не реагирајте премногу остро, разменуваме само мислења, а не одлуки што ќе сменат нечиј живот.
Ова баш ти се вика Македонска работа - чепкање во туѓи животи ! - Што ве засега дали некоја сака или не сака да биде мајка ??? Јас искрено не сакам да имам деца , само би се омажила со човек кој е спремен да го прифати тоа и Чао Пријатно Јас познавам мн жени кои немаат деца кои од што неможат кои од што несакаат и се прекрасни луѓе исто така има и негативни , познавам и мн лоши мајки кои децата ги тепаат , им викаат , агресивно се однесуваат спрема нив , и така пропаѓа дека тие што немаат се лоши и фрустрирани ... патем не можам да ги сватам некои што родиле и го кажуваат тоа како некој ТРИУМФ , како којзнае што е тоа а повеќето едвај можат да му купат памперси и млеко на детето :/
Прво линкот не го ставив за да поентирам било што, туку затоа што едноставно ми излезе на тајмлајн кога токму е во пламен темава. Чизс... А од линкот на Имелда, исто како и Рејн дојдов до ист заклучок. Баш напротив... не видов ништо позитивно што ќе ме разубеди. Освен што прочитав жена која не знае за баланс, само затоа што сакала да пие чај во кафич и да чита книга, мислам... да баш го потврдува она - себичност. Демек сите жени со деца немаат време за себе и не читаат книги и не пијат кафе на раат? Вознемирена жена и други жени МАЈКИ кои се поддржувачки расположени и емпатични, не е као не поминале и тие нешто со своите деца, ама нели, ја гледаат позитивната страна од крајот од денот. Знаеш, се каам што го имам детево, до чајот и книгата ми е. Не сестро, не сакаш да си ја преземеш одговорноста во своите раце. Ах да, губела и трпение кога малиот не и јадел, па урлала. И убедете ме дека ова не е за на психијатар, туку нели... изборот. Едини начин за да не и излезат слабостите на површина бил - да нема деца, ама ете го добила детето и се кае. А нели, само нејзе така и се погодило, незгодно малку, сите други деца јадат секогаш и што и да им дадеш... Секоја има своја причина зошто одлучила да не сака да има деца, но исто така веројатно и слична е причината како на оваа дама. Себичност, немање контрола, несакање да се излезе од удобна зона, не сака да преземе одговорност и... нели, отсуство на некои битни емоции во животов и хроничен недостаток на грижа за некој друг, освен себе си. Ќе ги исчита сите книги на светот и после? И сите жени кои имаат деца се домаќинки? Сите жени кои имаат деца немаат живот? А ако се сетам дека некој аргументираше тука - постпородилна депресија, па знаеш како е тешко? Епа ајде тогаш нема да сакам да имам деца зошто ќе ме пука анксиозност зошто можеби ќе имам постпородилна депресија. Утре може да излезам на улица и да ми падне клавир на глава, па ајде не излегувам. Или аргументот на Имелда - стравот да не умрат млади да не ги остават деца. Луѓе што е ова освен гледање на лице в лице на стравот и само негативното во целината? Абе страшно е и во авион да качиш, постои веројатност дека ќе падне, ама јбг сега... Страшни се многу работи во животов, ама тоа се вика одговорен човек, а не изваден од памет. ( И да, оваа е таа втора категорија за која зборував, во суштина сакаат да се мајки, но стравовите ги јадат... и кога ќе помине време се каат, но нејсе, нели не ги сакавте категоризациите енд шит) Па дај да се префрлиме во тема анксиозност и да зборуваме за стравовите, може и ќе решиме некој проблем и страв... Јас Имелда не би да те анализирам, но уловив - страшно, страв, болести... би рекла дека си исплашена, а не одлучена, но да не навлегувам, ама морав да си кажам. Некогаш изборот на зборови повеќе кажува од формата во реченицата која им ја даваме, но нејсе. Одбивам да го гледам тешкото во било што, а најмалку во тоа - да бидам мајка и сите некои си страшни работи кои оделе рака под рака со тоа. Апсурдно ми е ова што го испопрочитав. Да, токму тоа е имањето дете - излегување од комфорната зона и да се грижиш за туѓ задник освен за својот. А кој рече дека каките во пелените и потребите на децата се секогаш најфантастичното нешто кое ќе ти се допаѓа и ќе го сакаш, ма просто и да го изручкаш? Ако ги гледаме само негативните работи во имањето дете, секако дека никој од нас нема да сака да има дете. Да, фино изгледа средената куќа, фино ќе изгледа и понатака средената куќа кога ќе имаш 85 години и кога ќе си сама во неа. Би рекла - гет јор шит тугедр. Стравот да не одвоиш делче за твоето делче случајно да не ти зафали нешто како да го дефинираме? Како освен дека се центар на целиот универзум и во нивниот свет нема простор за дете, не пак за други луѓе. Не знам дали се способни воопшто да живеат со папагал, не пак со друго човечко суштество. Ако таа личност нема желба да го сподели животот со друго минијатурно човече полно љубов, како има желба да го дели животот со други човечки суштества? Да има, само затоа што има контрола над тоа колку и како ќе ги гледа во своето секојдневие. Никој не сака да си признае дека е себичен, да се разбереме и не очекувам тука некој да рече - еј себична сум, но исто така знам дека ниту јас, а верувам дека голем дел од тие жени не се на чисто со себе зошто точно не сакаат деца. Не е затоа што едноставно не ги сакаат. Во суштина за тоа се работи - дали ги гледаш убавите работи или ги гледаш негативните работи? Дали бегаш од негативните или одиш кон нив за да го почувствуваш убавото? Не гледам никакво уживање во овие животи освен комфорна зона и тоа е тоа. Лесно е да го редиш животот сам со себе, но оди уреди си го и биди среќен и кога не си сам. Ако за некого децата се проблем, онда за нив се е проблем. Вие викате дека сте истите луѓе исто како и пред вашите деца. Карактерно можеби сте исти, но во поглед на емоциите? Како стоите? Сигурно нешто ново сте почувствувале како никогаш до сега? Зошто сите мајки викаат - раѓањето на детето е нешто кое што не се објаснува? Сите тоа го тврдат, а сега од еднаш за да ја одбранат тезата на една фемина се појавуваат неколку мајки кои викаат - па не, за мене е се исто, јас сум иста. Зборувајте за емоциите жени, не за она што ви излегува од главата за да браните тука тези. На други теми ќе се збори за светоста на детето и како тие што не се мајки не разбираат, за посебната љубов, а тука... ама не, знаеш... Ќе пренесам дел од преписката со Абеја - ми вика, нели помисли на тие жени што не можат да имаат деца? Да, токму на нив помислив и ги исклучив, да, токму заради тоа не разбирам жени кои се здрави и прави и не сакаат да имаат деца, а некои со толку љубов во себе не можат да имаат, и ете зошто ме лутат токму овие. Ај замислете ја борбата на жена подложена на хоромнска терапија, со се трпението додека го чека исходот и кажете ми дека херои се жените кои можат, а не сакаат да имаат деца? И кажете ми како треба јас да го сменам мислењето за тоа? Да, тоа е право на избор, ама секогаш кога правиме избор имаме стратегија како го правиме тоа и верувања според кои го правиме и пак води кон тоа - себичност. Јас ќе го мислам тоа што го мислам и понатака. Не се мешам во ничии јајници. И ајде да иземам се па скромно да заклучам ако ги има и вакви и такви и во обете страни - што побогу прават за да си го подобрат животот? НИШТО! Фрустрирани мајки со деца и погрешни животни избори, тонат заглавени во моментот и не сакаат да мрднат, ко божем некој е должен да ги избави од ситуацијата во која се нашле, ама не општеството е криво со неговиот притисок за нивните избори. Фрустрирани климактерични без деца кои се каат за своите одлуки кога веќе се сами. И обете групи имаат нешто заедничко - не вложуваат во својот личен раст и развој, туку чекаат да им падне од небо и да ги избави некој од ужасот, а до тогаш ќе малтретираат луѓе околу себе си. И да, различно е да си избрал свесно да немаш деца, а можеш, а друго е да не можеш и да се помириш дека едноставно треба да си среќен и дека во животот има други извори на среќа, како мотив нели, да продолжиш. На крајот, јас ги разбирам и можам да сочувствувам само со оние кои ги фаќаат стравови, затоа што тука има многу повеќе под површината и би им помогнала, но само ако свесно признаат дека се работи за страв од имање дете (е прво треба и да го освестат тој дел од себе - стравот, а до таму...има многу) , но не и оние кои навистина не е ниту страв, ниту неможност да се роди дете, туку ете бре - НЕ ЧУВСТВУВААТ НИШТО, тупо, бланко, НИШТО. Не можам да прифатам дека тие се способни да чувствуваат било што повеќе за било кого освен за себе си.
Ednostavno postojat I takvi luge koi ete se odlucile da nemaat deca tuku zivotot da si go posvetat na nesto drugo I ne znam zosto vednas Im se lepi etiketa na sebicni ili bescuvstvitelni? Zosto me mozeme da gi pocituvame odlukite na drugite bez da napagame, generalizirame i osuduvame? Toa e niven zivot I ke si go ziveat kako sakaat. Ste se zaprasale li zosto ste rodile? Ako vo odgovorite gi povtoruvate zborovite "jas" ili "mene", togas vie ste sebicnite. Kolku od vas rodivte za da ima za sto da ziveete, ili da ne ste sami koga ke ostarite, da ima koj da ve cuva na stari godini? E toa e vistinska sebicnist. Ako ne mozete da si ja pronajdete smislata na ziveenjeto, I zosto ste staveni na ovaa planeta, koj e vasiot zivoten pat I vasa cel, togas ni imanjeto dete nema da ve ispolni. Kako sto kaza nekoj pred mene, cel zivot ke bidete opsednati so deteto I na kraj I negoviot zivot ke go zagorcite. I jas imam detence, I tocno e deka promenuva mnogu raboti, razbuduva mnogu cuvstva koi ne ste znaele deka gi imate, no ne ve menuva kako licnost. Losa licnost polna so omraza ke si ostane takva bez razlika Dali rodila dete ili ne. Navistina sakam site da mozat da ja pocuvstvuvaat taa bezrezervna ljubov kon svoe cedo, no ako nekoj resil da nema deca, ja pocituvam nivnata odluka I ne gi narekuvam sebicni. Site sme staveni ovde na ovaa planeta da ispolnime svoja cel koja so tekot na zivotot ja otkrivame I realizirame I taa cel ne ispolnuva kako licnosti. Imanjeto pokolenie e samo del od nasiot zivoten pat, no sekoj ima pravo da odluci dali ke ostavi pokolenie sad sebe.
Малку надвор од темата ама едноставно морав Кој рече дека ние мајките не се радуваме на мочкани и пелени полни каки? Се лажете! Сите мајки кои до 6 месеци ексклузивно ги дојат своите бебиња најмногу се радуваат на мочканите пелени, бидејќи тоа е показател дека бебето успешно цица, а кога детето не излегло по надвор 10 дена, го боли пупето, има гасови и плаче тогаш најпосакувана и главна тема е каканата пелена. Добра ви ноќ!
И да, она за кое најмногу се фаќате, тоа најповеќе ти фали. Гледам некој на некого скокнал, па ете... Да, мојот најголем страв е дека нема да можам да се реализирам како мајка, а некому најголема среќа што свесно одлучил дека нема, а може. И затоа и за ова ќе зборам. И не, детето нема да ми биде продолжение на мојот живот и себереализација низ него, но исто така и мажот. Ако веќе толку сте нели изградени како што викате и отворени, би требало и овој момент да ви биде јасен, колку е важно да се чувствувате цели самите со себе, без дете, без маж, без никој. Ни дете, ни маж нема да ме дефинира која сум. А вие што ја изводенивте темава со љубовта за мажите, опитајте се дали стварно? Може вие си ги сакате, ама фино ви се ставиле во центарот на вашиот свет, ама измеѓу едно брдо зборчиња кои ве издадоа дека нивната љубов према вас е под знак прашалник. Тоа е толку нели напредно. Дете ти е опција, ама маж е константа... Еден и единствен за век и векови...и има да ме сака, со сила ако треба... Језа ми дојде по рбетот, најсериозно. Но ова е дискусија од друг тип... Како тоа напредна си и разбираш некој ако не сака да има деца, а не си напредна да бидеш емоционално независна жена, туку тој еден единствени и превеличествен е твојата половина со која си само целина и никако поинаку? Како тоа не е во ред некоја си таму да сакала повеќе дечки дур го нашла правиот, а ти ете си успеала од прва да се заљубиш и тој еден за цел живот? Ок, ајде да ти честитаме. Прво, и тие што мењаат имаат квака, но и тие што не смениле и се закачиле за еден опсесивно, тој и никој друг, исто така си имаат квака. Ама ете, не, ова НЕ Е ПРАВО НА ИЗБОР НЕЛИ, ТУКУ КУРВАТА МЕЊАЛА ДУР НАШЛА ПРАВ ЗА СЕБЕ... оф муко... Извинете напредни жени, на мојата одлука да станам мајка, нема да влијае дали ќе имам маж во животов. Сакам да ви отворам една друга тема - дали секој сопруг може да биде татко или таткото не мора да биде сопруг? Некои мажи може да бидат супер примерок за татко - од грижата за децата, па до гените кои им ги дале - изглед, интелект и така натака, но лош партнер за вас и супер партнер за вас, но ете некако... за татко и не го бива или не сака да има свои деца? И ова важи во обата правци. Ме замисли после муабет со другарки - баш тоа беше муабетот - често сме сигурни дека ги сакаме како мажи и сме заљубени во нив, но би биле ужасни родители и потоа нели се клима и бракот, настануваат разликите. Веќе знам кој ќе биде исходот на темата, ама нели, напреден форумов, напредни сме што да ви кажам, па веројатно многу слободоумно ќе продискутираме и на темава. Имам другарка на пример што е заљубена во еден дечко со кој гледа иднина како партнер, но не е сигурна дали сака да биде татко на нејзините деца, од друга страна, друг дечко и е идеален за татко на нејзините деца, но не го гледа како партнер. Прво и викав, идејата е во балансот...но потоа ја сфатив практичната страна на нејзината размисла (иако се уште круто стојам на тоа - балансот, а не линијата на помал отпор, ама ако си среќна систа, повели). Па си викам...овој мојов... шлакнат е за шлакнат,ама стварно сакам да биде татко на моите деца вака или онака, убедена сум во тоа, за оној другиот дел е во ред исто така, но да не навлегувам со подробностите. Јагода, тоа го посочив како најмалку симпатичниот дел, иако се имам смеено на бебешка пелена до врат и тоа со пица го прославивме, мислам дека ми ја разбра поентата што сакам да кажам.
Секако дека те сфатив Лилит, сакав само малку да се пошегувам, да ве насмеам, оти многу напната стана темава.
Немој да ги извртуваш работите како тебе ти одговараат... Јас во постот многу јасно кажав дека доколку не би го нашлаа човекот со кој што сакам да го поминам животот би си го живеела животот САМА! Без маж и дете! Подобро среќна сама отколку со било кој! Никаде не реков дека мора да ме сака и со сила ако треба! Исто така никаде не реков дека не сум целина без тој мој единствен и превеличествен! Туку дека планирам остатокот од животот со него да го поминам а не да го трујам детето во иднина!!! Детето не ти паѓа од небо! Детето го ствараш со некого!! За љубовта негова дали треба да се запрашам ич да не ти чуе тебе пошто ние си знаеме што сме поминале заедно и колкава ни е љубовта НЕ МОЈА ТУКУ ЗАЕДНИЧКА!!! Друго...НЕ СУМ СЕ ЗАЉУБИЛА ОД ПРВА-во единствениот што сум го имала, туку сум се заљубила ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ ВО САМО ЕДЕН МАЖ ОД СИТЕ ДЕЧКОВЦИ ШТО СУМ ГИ ИМАЛА!!!!!!! Знаеш зошто? Затоа што знаев точно што барам и не се задоволував со ништо помалку! Не сум била лигав тип на девојка што му се лигави и цмиздри на секој дечко колку го сака и сече вени за него!! Има тоа голема разлика! Ако ти неможеш да ја видиш тури си диоптер! Мислам дека имаш интелегенција за да го сфатиш ова што ти го зборам , барем колку што те имам запознаено во животов, можеби треба да го прочиташ два пати! Некогаш си толку си ограничена личност гледаш само напред како коњите па макар и во ѕид да одиш! Божееееееее........
За твоите избоρи во животот ама баш ич не ми е гајле, ти си ги носиш и избоρите и последиците. Ниту имам намеρа да ти ги κоментиρам, аκо саκаш биди мајκа на 10 деца аκо саκаш не биди воопшто мајκа, твој пρоблем. За мене се луѓе и тие што κе ρешат да немаат деца, и тие што κе ρешат да имаат деца, се додеκа неκој не ме чепκа мене κаκо дотичната особа што ме наρече незρела личност што живее во бајκи!! Ниκого не напаѓам сама ама аκо ми даде повод способна сум очите да му ги исκопам. Κе ве молам веќе да не ме κоментиρате на темава κажав и во пρетходниот пост деκа немав намеρа веќе да пишувам, зошто муабет со луѓе се пρави... а овде толκу нелуѓе што осудуваат туѓи избоρи κаκо тие сите пρоблеми да ги ρешиле во нивниот живот па дρугите стигнаа да ги опρаваат! Поздρав
јас моментално се борам да добијам дете, помислата дека нема да го добијам ме ужаснува, дотолчува, посакувам во тие моменти да не постојам, јас сум најнесреќната личност последниве месеци, години. Но, не ги осудувам тие што не сакаат деца, золва ми е постара од мене, многу подолго во брак и не сака деца, не е спремна вели, она е толку среќна позитивна, исполнета , добра особа, а мене да ме видите како жена која ете сака деца ќе речете оваа намуртен лошотилак. МУабетот ми беше кој како сака нека си прави во животот не мора да се мешаме и да условуваме некој со погрдни зборови само зашто решил да не ствара семејство.
Што се па ти толку потресуваш? Многу ми е интересно кога прочитам секој има право на избор? Ок, тогаш секој има право на избор и во тоа дали ќе осудува или не, така ли? Друго, зар не сфаќате вие што ги напаѓате тие што мислите дека осудуваат, дека и самите осудувате? Така испаѓа нели? И јас не разбирам, во секоја дискусија на форумот, на крај дојде до тоа, јас не ги осудувам, ти ги осудуваш. Добро и јас не ги осудувам затоа што не се замарам со нивниот живот, нивно право (како кампања да водиме со овај слоган) ама можам да имам свое мислење, свидело се тоа некому или не, па макар личело и на осуда. Пример, ете јас останав во шок вчера после твојот таков бесчуствителен ( веќе избришан) одговор на јулие, толку нечовечен што би рекла ти, ама бидејќи ТИ си го кажала и тогаш е во ред. Бидејќи ти не осудуваш и си добра личност. Ништо лично, само ете морав да прокоментирам бидејќи гледам дека баш се застапуваш и потресуваш. Јас ги читам постовите и од "двете страни" и можам да кажам дека ете ми се допадна мислењето пример на имелда, бидејќи сакав да слушнам и нејзино мислење, не дојде да се брани и напаѓа, ми ги прошири видици, има уште постови кои се на место, и кои донесуваат поинаков заклучок. Дај да ги отвориме умовите и да ги дочитуваме постовите, да се обидуваме да го разбереме контекстот на пишаното, а не само завземеме страна и накрај веќе ни постови не се читат, туку погледнеш ник кој го напишал: ахаа овој е на ова "страна" , ќе го лајкнам, ќе се сложам со него, ќе извлечам една реченица и ќе ја поткрепам својата теза..
Мислам дека темава отиде во погрешен правец баш поради почетниот пристап. Да беше првиот пост изменет со некои детали кои беа кажани отпосле, немаше да дојди до толку кавги, бидејќи сите ги погоди највеќе она со сатаната. Освен ако не постојат оправдани причини (болест, неможност, трагедија, немаштија и сл.) навистина е дискутабилно ако сите коцки ти се наредени (и љубов и пари и здравје) да не сакаш дете. А од друга страна па и многу што родиле не се мајки. Од двете страни постојат исклучоци. Ние овде не можеме да се разубедуваме. Оние кои сакаат да родат и родиле не можат да ги разберат другите и обратно. Лично јас сакам деца, буквално сум исчувала внуци, со внука ми која е веќе четврто одделение не можам да се изнагушкам кога ќе одам кај моите, и таа блиску живее. Не знам кој би можел да одолее на бебешко присуство и бебешки мирис, се будат чувства колку и да мислиш дека си камен. Причините за изборот да немаш дете мора да бидат јаки и големи и само во тој случај може да не се навлегува во интимата на тој што направил таков избор. Ама луѓе сме со различни судбини и нема потреба од осудување и мешање на сатана и некои погрдни зборови. Детето како плод на љубов е најубавото нешто, затоа некои не жалат пари за да можат да родат. Тетка ми со големи маки, дадени пари и во поодминати години имаше дете, ама откако се омажи. Сигурно и пред тоа посакувала и брак и дете, но во тој период добро е што немала дете, бидејќи јас знам со какви проблеми се соочуваше. Да не пронајдеше човек со кој влезе во брак и со кој сакаа дете, можеби никогаш немаше да роди и детето ќе останеше само неостварена желба. Но ете, се наредија и нејзините коцки. Затоа почитувајте ги туѓите одлуки за кои можеби некој нема да ви ги објасни причините никогаш а вие ќе го осудите предвреме. Каков ќе биде човек кој избрал да нема дете е индивидуално и не може да се препише за сите. Иако сеуште немам деца, јас имам огромна желба за свое дете и можам слободно да кажам дека чувството да се има дете не може да се опише со зборови. Оној кој свесно и неоправдано го пропушта тој дел од животот мислам дека длабоко се кае, иако не сака да признае. Дури и жени кои немаат животни услови и на кои природата на она кое го работат не им дозволува, имаат желба за дете иако немаат можност да ја реализираат.
Да, се согласувам и баш затоа во одредена етапа во животот се појавува фрустрација. **** Не е мој ставот дека жена која нема дете е одма зло над злото, пошо ги има катили и мајки. Ама дека го сметам за себичност тоа да избереш да немаш дете, а реално имаш можности, го сметам. Може тоа не знам да е колку океј личност, и да помага на други и да собира мачки, ама е себична и се плаши да сака некој повеќе од себе. И јас исто имам страв од нереализирање како мајка, посебно како што денес е потешко и да се забремени. Знам дека ми е рано и дека уште многу ќе треба да поработам на себе пред да се одлучам на таков чекор, ама желба имам. Пак ќе кажам, не значи дека ми фали амбиција. Знам што сакам да бидам и напорно работам на тоа.
It's called having an OWN life. Што треба сега, за да не се биде мета на критика на судиите во општеството, да не ја нарекуваат себична, да земе одма да роди за да не биде трн во очи? Да немој случајно да ја нарекуваат себична, се само да бидат мирни другите, а што ќе и е на неа нејзиниот живот, кога треба да живее како другите рекле. Не е ова дискусија само затоа што некој нешто мисли, бидејќи како што за вкусови не се дискутира, така ни за нечии одлуки во животот не може да се дискутира. Едноставно на кој како му одговара, дали ќе го прифати или не фактот дека не се сите скроени за ист животен распоред. Не е целта разубедување.
Ве читам веќе неколку дена ама немам време да пишам. Горе доле со повеќето се согласувам и на едните и на другите ви држи вода кажаното до некаде ама не можам никако да се сложам за тоа дека тие што решиле да не родат се себични. Некако ми е премногу несфатливо тоа. Себична личност може да се нарече онаа која одлучува да мисли само на своите желби и потреби, а притоа има на кого да посвети дел од своето внимание, време... А личност која нема до себе никој на кого може да се посвети, а одлучува да се посвети на само и само себе тогаш не можете да ја наречете себична, зашто таа и нема со кого да го сподели тоа што го има. Со други зборови, мајка која не е доволно посветена на сопственото дете и гледа само за сопствените потреби, па така наместо да му купи нови патичиња, си купува за себе нова ташна, можете да кажете дека е себична, ама жена која нема деца, може и тоа како да прави што сака, зашто никој друг не зависи од неа. Не можете да кажете дека е себична зашто она не ни има со кого да сподели нешто. Кога треба да го подели тоа што го има, а не го дели тогаш можете да речете дека е себична личност, ама кога нема со кого да сподели зошто да е себична. Може да прави што сака, да купува што сака, да мисли што сака... Исто во други теми имам прочитано од мајкиве. "Ама не знаете каква е таа љубов..." Често се случило во тие теми да има убедувања како е добро да се биде мајка итн. Не можете да убедите никој во нешто што го нема почувствувано, не можете да кажете дека е себичен некој кој не почувствувал потреба да подели, нема ни обврска да сподели. Како јас сега да убедувам некого дека е прекрасно да си во убава врска, да си заљубен, а другата личност има само лоши искуства со врските и нормално дека нема да ме сфати се додека не го почувствува тоа на своја кожа, а може да одлучи и никогаш да не почувствува зашто едноставно не сака. А на 50 години можеби ќе се кае, ама може и јас ќе се каам па што сум одлучила да имам некој до мене... Ако некоја жена има добри финансии и добро здравје, не значи дека мора дете да роди. Можеби сопственото здравје сака да го искористи во некој спорт, финансиите во некоја хуманитарна организација, зошто мора дете да роди? Сите сме различни, не секој живеел во хармонично семејство, не секој во животот имал тоа што посакал, не на секој му цветале ружи... Многу наши случувања влијаат на нашите одлуки. Ништо не доаѓа туку така во животот. Се' си има своја позадина. Ако некоја решила да не раѓа дете, сигурно има причина за тоа. А фрустрации, на ваков или онаков начин, сигурна сум дека повеќето ќе имаме кога ќе подостареме. И секако заради некој погрешен избор во животот. А погрешни избори имаме или ќе имаме сите. Тој погрешен избор може да биде и работно место, може да биде и погрешно образование, фрустрации може од се' да излезат. Не само од жени кои не родиле. Инаку, колку и да звучи клише, секој си знае за себе дали ќе се оствари или нема да се оствари како мајка. Не треба да не' притиска општеството дека мора да родиме. Апсолутно ништо не е задолжително. Секој нека си се носи со сопствениот товар, ако сака тој товар да го става секојдневно на мојот грб тогаш игнор и завршува се'. Ако јас сакам да бидам еден ден мајка и го чувствувам тоа, некоја друга нема такви чувства, зошто, таа си знае. Да дополнам само. Сакам да имам деца, премногу, би ги имала дури мислам и сега да можам, ама само со соодветен партнер. Односно би ги имала само со дечко ми. Пред се' ми е љубовта спрема дечко ми, па потоа желбата за деца. Затоа прво бараме соодветен партнер, па имаме деца, не обратно. Не би сакала да имам деца по секоја цена. Би ги имала само ако сметам дека и двајцата би биле добри родители. Ниту пак би го оставила дечко ми ако не сака, или не дај Боже не може да има деца. Јас пред се' го сакам него, а љубов кон неродени деца не може да има, може да има само желба за деца, не и љубов.
Може да си со некого со години, да не речам скоро декада и да не почуствуваш момент дека сакаш да родиш дете, постојано имаш чуство дека не е прав момент, односно дека нешто фали. Ако дојде тој момент арно, ако не дојде пак арно. Не може, а и не треба некој да се принудува на некоја постапка а најмалку раѓање дете, само поради сваќања на некои луѓе од околината. Можеш да имаш пред себе цели, желби, амбиции во смисол образование, кариера, шетање низ светот па да сметаш дека се додека не се реализираш себе си како личност не треба да родиш дете. И не бидејќи си себичњак, туку бидејќи сметаш дека немаш доволно да дадеш се до моментот кога барем до одредена мера не си самиот оформен како личност и си ја постигнал емотивната и финансиската стабилност. Инаку и јас познавам многу лица кои се во категоријата 40 и без деца по своја желба. После долга врска со стабилен брак од една декада и исполнет живот. Не се исфрустрирани, помагаат на внуците од брат/сестра, се радуваат кога пријателка или комшивка останала бремена и секогаш со задоволство се заигруваат со децата. За мене се далеку од сатана или себичњаци. Истотака познавам и лица кои едноставно немале среќа во љубовта и се без партнер и дете. Успешна кариера, нашетани...од страна стварно да си помислиш дека толку биле фокусирани на својата кариера па сами си стоеле на патот на успехот и во приватниот живот. А не е така. Знам дека патат и посакуваат. Е овие личности се гарант етикетирани како себичњаци бидејќи од страна површното гледање на нештата води само кон тоа. Да се биде мајка е сопствен избор, исто како и абортусот. И како и за секоја друга одлука во животот лицето кое ја донесува си ги сносува евентуалните последици. Нема потреба од осудување. Никого не земаат на душа.
„Контра пост“ Разведени/мажени жени над 45 години и со деца, официјално ги прогласувам за олицетворение на Сатаната. Маж ко маж... ама жена со овој профил во менопауза... Пресладок бебе Исусе... Боже господе, па ако имаат машко дете овие се тие жени што стануваат свекрви. Ако имаат девојче, ова се тие жени што израснале „караконџули“ и „немајки“ (еве де, како мене во моментов). Тие мајки се најчесто оние жени во климакс кои ви се качуваат на глава на работа, на шалтер, во болница, во школо... И мајката може да е нерализирана и безчувствителна жена, нека е крут ставов и нека вреѓа, ич не ми е гајле, тоа е болен факт! Ту бре женчиња, сите сме различни, а исти. Две жени пазар, три жени- Бит пазар. Колку и да се лутам на ова, темава ме демантираше
Да умрев пред да ја прочитам ,,изјавата на годината“ немаше да знам дека себичност е ако не сакаш да родиш дете. Исто немаше да знам дека во очите на оние кои ме познаваат јас сум себична. Зошто? На 34 се омажив на 37 посакав да имам дете, ама не бива. И медицината и Бог до сега не се на моја страна. Луѓето околу ме прашуваат дали има нешто ново, ми даваат совети, а јас едноставно на секој ваков муабет одговарам ,, јас не сакам да родам“. Зошто? Затоа што не сакам да ме сожалуваат, тоа никако ни да сожалувам, ни да ме сожалуваат. И сега откривам дека за некои од нив сум себична, искрено подобро себична отколку да бидам сожалувана. Дали ако Бог не ми се смилува и не ми подари дете ќе бидам несреќна?! НЕ. Научив да ги прифаќам работите кои не може да се променат и дека среќата не зависи од другите луѓе, па ни од сопственото дете. И уште нешто, некој кажа дека некој маж е добар за сопруг, но не и за татко. Јас само ќе кажам нешто што е кажано многу одамна ,, мајка е онаа која ќе го израсне детето, зашто лесно е да се роди, тешко е да се подигне и направи човек“. Толку, и патем животот не е статистика и знае многу често да не демантира и побие.
Сега конечно седнав на кирилица, да кажам некој ред без да бодам очи со азбука од телефон. Темава да, се отвори од нечиј испад, со мислење кое би стоело ок во темата испукајте се. Но се појавија и девојки и жени, едни сакале деца, добиле, други седат на ограда, терти решиле, и јас како една од оние жени именувани нели, веќе осеќам како одговорност да дојдам да објаснам некоја работа од гледна точка на жена која решила да нема деца и останала на тоа. Нема потреба од линкови, ќе стане темава како цитати од библии да убедиме неверници да веруваат или што е идејата не знам од линкови, сите имаме гугл и знаеме сами да пишеме збор два, и кој го мрзи има за читање, ама еве тука сме на темава, ете сме, од сите страни и на кој му е до муабет да правиме муабет. Од модераторите добро прашање се постави. Биолошка одреденост или избор. Едноставен одговор е двете. Не сме мрднале од „мртва точка„ на овоа прашање како прво. Има денес доста жени како мене што ќе излезат и ќе кажат не сакам.Тоа е таа биолошка одреденост. Ама имаме луфта, да го тоа право искористиме како избор. Во постари денови од нашите имало и други жени кои не се гледале како мајки, не сме ние во овоа време некои нови видови од тровење со смоки пореметени, ама друг живот е тоа време, и ќе скокне тогаш жена во калапот а природа мајка ќе си го направи своето. Не раѓа камен и онаа што не сакала деца на прво место. Веројатно, со денешнава медицина, која може да испита многу, постојат и жени кои сакаат, ама дознале носат некој ген, да треба сами да премерат дали ќе ризикуваат. Тука е причината, една нели потенцијална, ако бараме причини, за која се решава дали да се има деца или не. Додека за жената која не сака, причина нема. не сака. И исто толку е безобразно да и некој сугерира причини, или да и бара причина за нејзиниот избор, колку што е безобразно да и се бара причина на онаа што посакала да раѓа. Навистина и не знам која паралела некои луѓе ја бараат во она, некој сака а не може, а друг не сака а може. Тоа е исто да речеш ти храниш врапци а некој умира од глад. И за крај, оти уморна сум од викендов физички и сакам да си легнам па да не филозофирам тука. Жал ми е Лилит што постои жена во твојот живот да има вакво влијание врз тебе, да ти создаде толкав револт. Ако ти олеснува, пукај по мене, не ми пречи. Се надевам ќе најдеш свој начин да се смириш од влијаниево на жената.