Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се држи диета или не?

Дискусија во 'Диети' започната од RainBow, 21 мај 2023.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.972
    Пол:
    Женски
    Имам ред со оброците, не ни грицкам нешто измеѓу, чипсови и смоки нема дома. Искрено сега кога пишувам, мислам дека најголем проблем ми е благото и лебот/белото брашно.
    Не морам некоја огромна рестрикција да правам, или диета не знам каква, не би ни издржала веќе од што ми е смачено. Само овие работи да ги сменам некако, навика си е веќе...
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    7.035
    Пол:
    Машки
    Диета како диета во зависност поради која причина би ја држел некој, дали ради изглед, поради болест, поради нешто сосема друго итн.
    Под вишок килограми се подразбира доколку ИТМ - индексот на телесна маса т.е БМИ е повисок од дозволеното. Има повеќе класи, здрава, прекумерна тежина, дебелина прва класа, втора и трета. Најголем процент на дебелина е забележан кај нас белата раса и затоа нормален БМИ е од 18.5 до 25 мислам беше, исто и калориската вредност е помала на дневно ниво за разлика од народите на Азија каде БМИ стандардите се повисоки и калориската вредност на дневно ниво, тоа се должи ради тоа што ние белата раса повеќе имаме достапност на индустриска, процесирана храна, брза храна, која води кон повисок дневен внес на калории кои водат и до дебелина за разлика од народите на Азија.

    Порано викаа дека мастите се главна причина за гојазност, дека јаглехидратите се потребни за енергија наводно. Меѓутоа времето се смени. Јгх особено белиот шеќер кој е и тивок убиец е главната причина за гојазност. Честото кревање на инсулинот доведува до "шок" на организмот. Телото т.е инсулинот кога ќе внесеме јаглехидрати прво ги полни резервите кои му се потребни на организмот за преку ден, а тоа се основните ткива за функционирање на телото, се што е вишок кога инсулинот ќе ги засити своите потреби, ги претвара во масти и тогаш настанува таложење на сало и прекумерна тежина. Инсулинот е многу интересна работа во човековиот организам, се што ќе каснеме, тој праќа сигнали да се распоредат хранливите нутритиенти во крвотокот.

    Пченицата т.е белиот леб, житарките у н како овесот, компирот, тестенините подеднакво имаат иста функција како и белиот шеќер, на ист начин инсулинот ги третира како и белиот шеќер, го претвора во брзи шеќери, а брзи шеќери значи повишен шеќер во крвта и дебелеење.

    Вежбањето и тренингот се клучен дел за слабеење, но без правилна исхрана е залудно. Пример земаш 1/4 бурек кој има 500-600 калории, 1 чоколадо исто 500-600 калории, башка друга храна која во текот на денот е исто толку калорична. Замислете, за 1/4 бурек ви се потребни 2 часа трчање минимум за да се истрошат тие калории од бурекот. А што правиме со чоколадата и другата храна? Зарем за секоја храна телото ќе го жртвуваме за да ги истрошиме тие вишок калории? Затоа правилната исхрана е многу поважна, битно е што внесуваме. 500 калории од чоколадо и 500 калории од пилешко месо, телото не ги прифаќа исто, со првото се предизвикува "шок", и не се става телото во функција да топи масти. А со второто кое речиси и да нема јгх, телото почнува да ги троши складираните резерви и на тој начин се почнува процесот на топење на масти а со топење на мастите се губи и тежина.

    Многу е битно пред да земете нешто да јадете е да погледнете колку калории има тоа, колку јаглехидрати, заситени масти итн. Дозволен дневен внес на ЈГХ е 40гр на ден, над 40гр телото нема да топи масти, ниту ќе слабее.

    Исто така, за слабеење важно е телото да биде во калориски дефицит. Кога е во дефицит, тогаш почнува да ги троши резервите а не кога е вишок со калории да складира резерви повторно.

    Од лично искуство.
    Јас ослабев 36/37кг за точно временски рок од 1година. Немав дебелина, изгледав сосема нормално, според БМИ припаѓав во прекумерна тежина само, исто како Реин, имав фазла некои килограми. Прво се решив да ослабам за да влезам во нормалниот опсег на БМИ, меѓутоа ете се решив и на повеќе, бидејќи се чувствував полесно и сакав на некој начин да видам како ќе функционира организмот и телото. Моментален БМИ мие 18.9. На почетокот беше тешко, навиките тешко се менуваат, да се откажеш од многу работи е тешко, особено од благото, меѓутоа ако се стекне навика нема да се има проблем, се е до мозокот, зависи како ќе го контролирате мозокот. Кога јадиме благо и убава храна, се крева хормонот за среќа и се повеќе и повеќе не тера да јадеме, а забораваме на фактот од друга страна дека си правиме штета.
    Од јадење на секаква храна, пици, тестенини, леб, благо, сокови, се сведов само на 1оброк во денот е калориски внес од 1200 до 2000 калории дневно, секој ден различно. Од тестенини исфрлив се, од сокови исто, од благо исто. Во точно една година диета имам пробано само 3-4 пати чоколадо итоа во временски рок од 3-4 месеци, еднаш ради нова година, велигден, божиќ и толку. И тоа не ради што сакав, туку радозналост бидејќи беа странски производ, ме интересираше стандардот и квалитетот. Дополнитено до ова цел ми придонесе и вежбањето секако, трошењето на енергијата од конзумираната храна, но сепак, најважно од се е исхраната. Буквално, тоа што ќе си посееш, тоа и ќе жнееш.

    Се соочив со осудуваност секако хаха, зошто толку ригорозна диета. 1 оброк денот и калориски нормален дневен внес. И претходно изгледав таман, можеби повеќе физички покорпулентно, да бев со таа тежина и вежбањево, сега повеќе само ќе врзев на мускулна маса, но сакав да пробам со "атлетско тело" така ќе го наречам, но и сега сум исто, таква мие конструкцијата, пошироки рамења итн, од слабеењево само колковите и бутовите ми се намалија и за разлика од претходно сега многу повеќе ми стои и било која облека.
    Од здравствен карактер, кога ја постигнав целта направив и крвна слика. Во консултации со матичната докторка, рече дека сето е нормално за еден млад итоа доста млад организам.
    Од еден оброк во денот, и тие осуди како дека "ќе се упропастам, леукемија" и разни други глупости, излегоја следниве резултати. За овие резултати, највеќе конзумирам риба особено туна, марула, пилешко, телешко. Замена за лебот го пронајдлв во смоките, реално е смешно хаха, ама мене ми се вкусни а и 95% ми помогнаа тие. Плус еден член на форумов кој е повеќе упатен, ми објасна и за пченкарниот гриз, и пченичниот и дека се доста здрави и корисни, не не дебелее иако е пченичен и има глутен. Јас не го јадам, меѓутоа ете во смокиве го има и тие доста ми помогнаа хаха.

    Крвна слика:
    IMG_20230418_130140.jpg

    Друго, не се опседнувајте со изгледот. Без разлика кој како е изграден, секој си има своја убавина, што ако некој можеби е слаб, мускулест или дебел, кога не поседува внатрешна убавина. Уживајте во животот и не си ставајте комплекс. Ако се решите да слабеете, слабеете прво ради здравје, од здравствен карактер за вие и вашето тело да се чувствуваат добро, не го ставајте надворешното на прво место. Можеби ќе ослабете, ќе изгледате фит, но ако не се одржувате, залудно, организмот е паметна програмирана машина буквално, ќе ви врати. Затоа, трудетесе пред се заради вас и вашето здравје доколку се решите на диета.

    @RainBow вооошто не си ставај комплекси. И +15 не се ништо, провери си ИТМ (БМИ), можеби ти мислиш дека си вишок кг, а БМИ да покаже нормала. Ако си прекумерна тежина, како јас што бев, можеш да ослабиш колку да падниш во нормален БМИ, а ако спаѓаш или било кој спаѓа во гојазност I, II, III класа тогаш мора да ослабите.
     
    Последна измена: 22 мај 2023
    На Gosh и RainBow им се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Да, ете тебе лебот/слатките, мене грицкањето. Или па несвесното внесување плус калории кои исто така можеш да си ги "уштедиш", на пример помалку сокови, кафиња со млеко, шеќери, кримери, или некој калоричен дресинг за салата, алкохол, пржена храна (која можеш да ја печеш). На такви работи престанав да обрнувам внимание и веднаш накачив килажа. Инаку не е тешко или неизводиливо, баш напротив, така се гради навика или им се враќаш на некои добри навики кои си ги имала пред ХУ време (пред да се случи некоја добра/лоша промена во животот).

    Ова не ми звучи здраво воопшто, зошто леб со смоки? Како те најадуваат смоки повеќе од леб? Зошто лебот не го замениш со тонус или со компир/ориз/леб од интегрално брашно и дома се замесува за час.
     
    Последна измена од модератор: 22 мај 2023
    На JoyJoy и RainBow им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.446
    Допаѓања:
    22.623
    Пол:
    Женски
    И јас иам некое кило (10) плус :D, кои ги добив во бременоста и кои уште ми стојат заради недоволната физичка активност. Диети немам држено, порано многу движев и бев фит а јадев што сакав и колку сакав. Сега ќе почнам со диета, односно да не јадам леб де, по благото не сум, ќе гледам да јадам еднаш до двапати дневно максимално додека не се преселам на друго место кај што ќе можам повеќе да движам.
    Инаку мене инспирација за слабеење ми е шопингот, кога ќе видам некои фустани, панталони боди било шо така потесничко одма ми иде желба да ослабам :D
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    7.035
    Пол:
    Машки
    Компирот и оризот, особено оризот е високо јаглехидратен и инсулинот ги разложува во брзи шеќери и исто го крева шеќерот во крвта како и благото. Имам забележано на мене, секогаш после јадење на ориз или оризови галети, сум се чувствувал без енергично, ме фаќало дремка и сон исто како благо да сум јадел. На почеток го конзумирав, сега не толку. За разлика од пченичниот или пченкарниот гриз кој не не дебелее, иако е хидратен ама не и опасен како оризот. Гриз не јадам, смоки да, и бар до сега, немам некоја нус појава како што имав од оризот и лебот.
     
    Последна измена: 22 мај 2023
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    8.902
    Пол:
    Машки
    :rock:
    Peace ✌
     
    На Gosh, marlonbrando69, Abel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.984
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што кога луѓето се одлучуваат на промена на стил сите преминуваат на она "cold turkey" и затоа никогаш не делува.
    Многу е лошо да имаш мислење како: "Готово еве од понеделник ќе сменам се, ќе вежбам 2 саати на ден, нема да јадам благо, нема да јадам леб, и итн."
    Тоа така не оди барем за 90% од луѓето. Ти требало години да се навикнеш и на нездравиот начин на исхрана и да стасаш до таа тежина, ќе ти треба и повеќе време да стекнеш поздрави навики и да ја намалиш тежината.
    Пак ќе речам се е калориски дефицит, но и храната треба да биде богата со витамини и хранливи материи.
    Кога сакате да направите промена, мој совет, се да оди постепено без форсирање, и малце намелете да гледате фитнес инфлуенсерки и како они се хранат што они вежбаат бидејќи корисно е до некаде но можеби нема да ти одговара тебе.
    Може она јаде путер од кикиритки, а ти си алергична на тоа или па едноставно не го сакаш, може она сака да трча на лента а тебе повеќе ти се допаѓа да одиш.
    Потсвеста дека треба да смените навики наеднаш, да изгубите што е можно повеќе кила за краток временски период е она што ве тапка во место и затоа ама баш затоа секогаш ќе има јојо ефект.
    Секогаш пред да тргнете да слабеете седнете и размислете дали сакате да стекнете здрави навики по кои вие лично сметате дека ќе може да ги водите без да се чувствувате мизерно постојано.
    За физичката активност се зависи до вашите цели, и пешачењето е доста ефикасно, за тие што никогаш не вежбале со тежини или слично, како искусна во тој аспект ве советувам да почнете од малку кон повеќе, кога одите во теретана никогаш не кревајте повеќе од колку што можете бидејќи не е место за натпревар и его, туку едноставно да поминете без несакани повреди.
    Како заклучок, диети не, калориски дефицит и поздрава исхрана да.
    Само ве молам пред било што да почнете или доколку имате здравствен проблем консултирајте се со стручно лице пред да почнете да правите било што отколку да прелистувате на интернет.
    Доколку нешто не ви годи не се форсирајте да го правите, пробајте да најдете начин кој ќе биде најповолен за вас и за вашето физичко и ментално здравје.:l:
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.824
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Искрено, БМИ индекс треба сите да си извадите од глава затоа што е навистина bullshit.

    Најбитен е надворешниот изглед и реални очекувања за истиот. Има слаби, здрави девојки кои се 10 кила мад нивниот БМИ. Друго, ако генетски ти е определено 5кг плус да ти стојат во кукови, ќе ти стојат и тоа е. Џабе ќе се бориш против, телото ќе се враќа назад во тој облик. И многу ми е чудно да велите дека се што не е низок БМИ е дебелина и ќе имале повисоки шанси за канцер ако имаат 62кг наместо 56. (facepalm) Диверзитет на тела хелоу.

    Огромно не за диети, веќе имам пишувано во други теми, бла, бла. Дисциплина, да. Но, зависи што значи дисциплина. За мене дисциплина е да имам здрав протеин во секој оброк и зеленчук/овошје. Нездрава дисциплина е да одбегнуваш слатко кога ти се навистина јаде, тоа сите го знаеме.

    Причината за држење на диета е да си неедуциран и да мислиш дека тоа е трајно решение за твојот очај за одредено тело. :D Менување на навики е нешто друго.

    Најдобра исхрана е онаа што е здрава за твоето тело, за твојата психа, новчаник или време. Углавно, нешто што ќе те прави да се осеќаш физички здраво, но нема да те исцрпува психички, финансиски итн. Затоа јас стварно мислам дека треба многу енергија, планирање и прилагодување за менување на навики.

    Јас не би ги премислувала тие 15кг плус ако не ти ептен сметаат на некпк начин. Навистина мислам дека range-от на здрава тежина е поголем од што мислиме. Има девојки што се chubby, а знам дека се здрави и по исхрана и по активност и за мене тоа е нормална тежина искрено.

    А причини за слабеење општо, секакви се валидни. Јас после долго време добив желба да ослабам, најмногу за да ми стои облеката подобро :D и едноставно да изгледам поубаво, пошто веќе долго стагнирам во прекумерна тежина (која не би рекла дека е нормална), за која бев многу трпелива, но веќе долго се хранам балансирано, вежбам, сега веќе неколку месеци работам како келнерка и стојам и шетам по 6-8 сати дневно и н и ш т о.|( Сакам да се обидам да сменам уште нешто во исхраната, но како студент кој работи, не ми е тоа приоритет, искрено и тоа би требало да е океј.

    Така да тоа се причини за слабеење или менување на физички изглед, зголемена самодоверба заради дисциплина, да се чувствуваш силно ако вежбаш тегови, да имаш енергија од разновидна здрава храна итн. И се е тоа океј.

    Но, не диети, no no no.
     
    На sunshinebabe, Gosh, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Agness

    Agness Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    193
    Диета како диета никогаш не сум држела. Едноставно не знам да се придржувам до таков режим каде што се ми е испланирано, што ќе јадам денес за доручек, што за ручек, што за ужина... тоа би значело да готвам специјална храна за мене секој ден и да вложувам дупло повеќе труд за да се прехраниме или да им пресудам на сите дома да се на диета со мене за да не готвам посебно.

    Кога сум сакала да подослабам едноставно престанувам да јадам благо, да грицкам, престанувам да вечерам касно, оброците гледам да ми се не толку обилни и чести, гледам да пешачам повеќе или барем да вежбам, или гледам да постам 16 часа во денот.

    За мене ова било доволно секогаш, среќа до сега не сум имала потреба да симнам голем број на кг, обично станувало збор за 5 - 8 кг.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    7.088
    Од каде тоа дека 40грама јгх на ден е доволно?
    Телото влага во кетоза, ни тоа не е некој прездрав процес.

    Не може да давате совети врз основа на ваши тела и што кај вас функционирало, не секое тело трњба да јаде толку малку хидрати на ден.

    Разговор со нутриционист, доктор, крвна слика (иако и тоа е менлива категорија) целосен опис на дневни активности доволно ќе бидат да се создаде слика за тоа колку калории се потребни.

    И не, не смее да биде ни претежно протеинска, ни претежно јх ни масти.
     
    На sunshinebabe, JoyJoy, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    Со 150+ грама јх дневно, па и повеќе, успешно сум слабеела.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.882
    Допаѓања:
    34.858
    Пол:
    Женски
    Дебелината може да е и од стрес.
     
    На Gosh и JoyJoy им се допаѓа ова.
  13. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    7.035
    Пол:
    Машки
    Јаглехидратите од храната, без разлика дали доаѓаат од леб, грав, ориз, чоколади, грицки, овес, овошја, чист шеќер, во крвта се разложуваат во најпроста форма на шеќер гликоза.
    Диеталните влакна, односно деловите од растенијата и семињата кои не се раствараат во телото, се сметаат за јаглехидрати но немаат калориска вредност. Кога велиме јаглехидрати не мислиме на диеталните влакна.
    Кога велиме јаглехидрати мислиме на шеќери, тие на крај во тоа се претвораат во крвта. Лебот содржи 50% јаглехидрати, оризот 70%, овесот 65%, шеќерот 100% .Според некои организации за заштита на срцево здравје, нормален е дневен внес на додаден шеќер не поголем од 25 грама за жени, 30 за мажи, некои велат и до 50. И велат дека лошото кај додадениот шеќер било тоа што дава калории но не дава есенцијални нутриенти. А дека шеќерот кој природно се наоѓа во храната не се смета за додаден шеќер и не спаѓа во овие 25-30 грама.
    Дали ќе внесеме чиста гликоза, бел шеќер, кафеав шеќер, грав, мед, овес, жито, тестенини… гликозата која се создава од нив во крвта e ИДЕНТИЧНА.
    Велат мозокот функционира на гликоза, мускулите, органите – целото тело зависи од јаглехидрати за енергија. Вистината е дека САМО ЕДЕН вид на клетки во телото МОРААТ да имаат гликоза за да функционираат. Се друго, вклучувајќи го и мозокот не мора да се потпира на гликоза за гориво. Се друго може да ја добива својата енергија од мастите.

    Процесот на искористување масти дава поголема количина на енергија во споредба со процесот на искористување гликоза. Мастите даваат многу постабилна и подолготрајна енергија од гликозата.

    Во целата крв во телото, под нормални услови се содржани околу 4 грама шеќер. Инсулинот и глукагонот работат наизменично за да го одржат ова ниво. Замислете колку многу шеќер мора инсулинот да оттргне кога внесуваме висока количина јаглехидрати. Кога не внесуваме јаглехидрати и шеќери, телото е способно да ја создаде потребната гликоза од мастите и од протеините.

    Вкупен внес на јаглехидрати од 20-40 грама дневно е повеќе од доволен за да се задоволи потребната количина. Во спротивно, се јавуваат други ефректи а кои не може лесно да им се открие причината заради убеденоста во „здравите препораки“.
    Тие толку многу се распространети што преземале физички облик во вишокот сало.
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.629
    Допаѓања:
    39.251
    Пол:
    Женски
    Новиве измислици за тоа како јаглехидрати треба да се јадат минимално се темелат единствено на квази наука и од нутриционисти со диплома од инстаграм.
    Биохемијата е многу покомплексна од една статија за гликоза.
     
    На sunshinebabe, JoyJoy, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    Дали мастите се претвораат во глукоза?

    И масти>АТП дава повеќе енергија да ама поспор процес е и секогаш се втори во план.
    И гес уат, кај активни луѓе се стимулира токму синтезата на ензими за гликолиза.
     
    На JoyJoy и Ajronmen им се допаѓа ова.
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    7.035
    Пол:
    Машки
    Глукагонот има обратни функции од инсулинот, го стимулира црниот дроб да разложува гликоген во гликоза, која ќе се распореди во крвта. Кога е истрошен гликогенот, тогаш ги разложува мастите од исхраната и салото во масни киселини т.е составни делови на мастите за употреба како гориво кое ќе се согори. Ова овозможува слабеење преку намалување на вишокот сало, и го префрла телото на користење масти од исхраната за гориво наместо шеќери. Кога е истрошен гликогенот, тогаш глукагонот претвора минијатурна количина од аминокиселините во гликоза за енергија за едната врста клетки кои работат само на гликоза, а аминокиселините ги зема од внесената храна, не преку разложување на мускулите. До ова ретко доаѓа затоа што сепак не ги исфрламе јаглехидратите во целост, особено ако внесуваме 20-40 гр јаглехидрати денвно.

    Кога телото ги има наполнето своите резерви во мускулите и црниот дроб со гликоген, тогаш при внес на јаглехидрати, гликозата не се претвора во гликоген туку се испраќа во масните ткива и се складира како сало. Ова е резултат на инсулинот. Телото нема да согорува масти се додека има полни резерви гликоген.
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.824
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Yeah, одма оди во канта секое мислење дека одредена нутритивна група треба да се отфрли односно минимално да се јаде.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    Зашо се паѓа у несвес од хипогликемија?
    И стварно одговори ми како сум слабеела со 150-200 грама јх на ден.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.629
    Допаѓања:
    39.251
    Пол:
    Женски
    20-40 гр јалехидрати на ден се премалку, ништо. Можеш да ослабеш ако го намалиш вкупниот внес на храна, не да ја зголемиш разликата меѓу нутриентите на неразумно ниво. Уствари и така ќе ослабеш, извини, ама какво ќе ти биде здравјето понатаму е знак прашалник.

    А и овие процеси што ги напиша се одвиваат најчесто истовремено, на чекаат клетките да внесеме 0, 1 гр. леб за да почнеме со слабеење.
     
    Последна измена: 23 мај 2023
    На JoyJoy, Ajronmen, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    7.035
    Пол:
    Машки
    Можеби таков тие организмот. Еден колега од факс исто сред спиење во текот на ноќта има станувано по благо итоа обилно и пак слаб. Можеби организмот не ги задржува и одма ги троши на некој друг начин јгх. Јас на пример и повеќето луѓе со спор метаболизам што и да се касне се таложи. Обично јгх кога се вишок се претвораат во масти и сало, ама ете кај тебе обратно.

    20-40 се мисли на додаден шеќер или чист бел шеќер, пример чоколада милка во 100гр има 49гр додаден шеќер, плус друга храна, тоа е надграница на обичниот шеќер. Нормално дека 40гр јгх се премалку во ден, буквално и да сакаш да ги избегнеш не можеш зошто нема теоретски шанси а и нема да можеш да функционираш.
    Погрешно ме имате разбрано, 20-40 се мисли на додаден чист бел шеќер од било што,, пример ако јадеш леб, па после чоколадо сето тоа е високо ниво на прости и брзи шеќери а не од јгх пример од пченка која има 70гр на 100гр.

    Јас внесувам нормално ниво, но не преку чист бел шеќер, не преку леб туку преку пченка пример, овошје во нормални граници. Фруктозата спаѓа во спори шеќери, инсулинот исто ќе го третира како и другиот шеќер, меѓутоа овај поспоро се разложува во крвта.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.