Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се држи диета или не?

Дискусија во 'Диети' започната од RainBow, 21 мај 2023.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.629
    Допаѓања:
    39.251
    Пол:
    Женски
    Не те разбираме погрешно туку ти не можеш да се одлучиш за што пишуваш.
     
    На sunshinebabe, JoyJoy, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Тоа е проблемот со "денешниот" човек, проценка на тоа дали навистина ти се јаде и колку, ќе почнеме уште малку и мижечки да јадеме. Опкружени сме со сите можни видови храна и најчесто јадеме многу повеќе отколку што нѝ е потребно, значително повеќе, и количински и во калории. Јадеме пред телевизор, дур сме на телефон, гледаме што повеќе да се набутаме на пауза, или пола ден само на кафе, или мезиња со саати во кафана, или се јаде лапни голтни. Многу несвесно се јаде.

    Кога прекумерно се лачи кортизол, и тоа дебелее, апсолутно да
     
    На JoyJoy, RainBow, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.824
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Да, секако. Многу е битно да јадеме свесно и полека, следејќи ги нашите сигнали за ситост. Јас кога ќе видам околу мене како јадат некои особи, во смисла мајки, тетки и чичковци, се запрепастувам колку се они убедени дека да ти е тешко после јадење е нормално. Да мора од се да се проба, да не останува ништо, пребрзо јадат и одеднаш лежат на кревет од што им е лошо.

    Треба да си баш поврзан со своето тело да знаеш кога желба за слатко е нормална желба за слатко и земаш десерт, а кога јадењето парче торта на полн стомак е навика, стрвост, претерување. А тоа се постигнува со свесно јадење.
     
    На JoyJoy, RainBow и Ajronmen им се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.882
    Допаѓања:
    34.858
    Пол:
    Женски
    Јас од стрес се поправив 4-5 кг, не јадам леб, по благото не сум, за Велигден ги постев сите пости без масло, јадев само салати и пак не ослабнав. Една другарка нон стоп јаде брза храна, благо, 2 деца има, како да нема родено, ни стомак ни ништо, дури преслаба е.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Јадење само салати не е решение, мислам дека може уште повеќе да допринесе кон проблемот. Не јадеме сите на ист начин, секој ден, некогаш повеќе, некогаш помалку, ама ако премногу скратиш и тоа може да има контраефект односно да ти одмогне, наместо да ти помогне.
     
    На JoyJoy, RainbowButterfly, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Не држам диета ама внимавам.
    Причини: Вишокот кг ми влијаат на здравствената состојба (проблеми со зглобовите и дигестивниот систем) плус на психичката состојба (губам на самодоверба и те како).
    Немам градба од типот -пуничка е ама и стои.
    Си го имам врзано во 'крпче" дека ако сега сум крупна (да не речам дебела), во климакс сигурно нема така лесно да ослабам со оглед дека тироидната ја држам под контрола сега за сега, а знам што ме чека понатаму со неа, посебно во тој период.
    Предности (мои лични):
    Освен што се осеќам посигурно и поубаво кога ќе се погледнам во огледало, не гледам причина зошто да си дозволам да го немам тоа чуство.
    Да се погледнеш и да си речеш- Да, вака сакам да изгледам.
    Е сега, не е се перфектно.
    Бидејќи кога бев бремена премногу качив (повеќе од јадење и лежење неголи од примање хормони иако тоа многу придонесе), кожа имам многу.
    У превод - облечена топ, соблечена -така така.
    Јадам премногу периодот пред циклус, тие 2-4 дена, но потоа се враќам во нормала. Гледам да не прејдам 60 кг (170 сум висока) зошто кога ќе прејдам веднаш се осеќам неубаво во главата :D (претеризам е знам ама секој со своите "дијагнози").

    Углавном, кому не му пречи здравствено, кому не му пречи на изглед да има 5-10-15 кг повеќе... Нека ужива и нека не се смара.
    Се до момент ВАМ да ви е пријатно во вашата кожа. Ако не ви е- менувајте. Ако ви е - уживај и пливај.
     
    На JoyJoy, MarijaMi90, Medea. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Ептен не сум стручна за делење совети, ама копнеам по минус 10тина кг.
    Пред некое време ја држев Ун со отстапки (дека неќам правила во животов) симнав 5кг за месец дена. После тоа продолжив со нејадење отколку со држење "диета" и симнав уште 1 кг за некој период.
    Несакам диети подеднакво исто како што сакам да знам што е паметно да јадам. Незнам, најверојатно е до мрзата да истражувам и да креирам healthy рецепти.
    Инаку да, воглавмо не се хранам здраво баш. Сакам навечер да грицнам чипс ако јадат децава, сакам кикиритки, некогаш добивам страшна желба за благо(ретко)
    Како и да е mindeset/ов не ми е програмиран‍️
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.882
    Допаѓања:
    34.858
    Пол:
    Женски
    Знам, и ако не внесуваме доволно витамини може полошо да си направиме.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Не сум држела никогаш диета ,но се трудам да внимавам што јадам , чај пијам без шеќер ,газирани сокови никако ,чипсови грицки избегнувам.Благо може да јадам еднаш до два пати месечно па и тогаш осеќам грижа на совест.
    Воглавно си внимавам на исхраната затоа што многу ми е битно да изгледам убаво и да бидам згодна ,многу ми влијае психички. Исто така и поради здравствени причини ми е важно тоа што внесувам.
    Чипсови порано многу јадев за жал во тинејџерските години ,многу си сакам ама никако нема да си дозволам да јадам такви работи. Се надевам така и ќе остане.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.260
    Никогаш не го сфатив оној момент наречен диета..Е сега можеби некој ќе праша зошто!?Затоа што диета се држи колку недела-две,па еве и месец,се е тоа индивидуално..А што после тоа?Пак на старо?Пак на грицки,бел леб,не толку здрава храна..И повторно се е исто..Подобро здрав lifestyle,друг начин на исхрана,него краткотрајно решение..А секако важна е и физичката активност,без неа ништо.Значи комбинација од добра храна и фитнес е она што му треба на нашето тело.
    Секој што решил да држи диета,ја држи заради физички изглед,што е секако за почит,не само ради здравје(дебелината е болест!),но и сака да се чувствува фит и да се сака себеси повеќе.Само оние што вложуваат во својот изглед,се почитуваат и сакаат себеси,килограмите,заедно со здравјето.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.970
    Пол:
    Женски
    Молам?
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    Не за диета.
    Според мене најбитно е да се знае својот организам и МЕТАБОЛИЗАМ!
    Сите ми се чудат наоколу како јадам се' што постои на светот, а пак сум слаба и крвта и сите испитувања одлични.
    Не можам да солам памет, ама по мој пример е тоа што знам дека метаболизмот ми е екстра брз, ама озбилно. Во тоалет одам неколку пати во денот (звучи смешно, ама јбг). Тоа што ми се јаде во моментот тоа бирам да јадам, ама обавезно салата и по некое овошје.
    А вежбам од средно инаку (со некои кратки паузи), мислам и вежбањето игра голема улога. И генетиката. Оо да! Градбата ми е од мајка ми, таа е исто слаба, а не вежба и јаде исто како мене.
    Сепак ова сум јас и не значи дека кај другите така фунцкионира.
    Според мене, најважни фактори се:
    -Брзината на метаболизмот
    -Генетиката
    А да се одржи здраво и добро тело, потребно е:
    -Умереност во исхраната (јадење почесто по малку)
    -Задолжителен внес на било каква салата уз било каков ручек
    -Вежбање, или макар велосипед возење, пешачење итн.
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Ама така е.
    Не може жена која не се грижи за себе да рече дека се сака себеси.
    пр. да се остава со немиена коса пет дена, небањата, запуштена и ти рече- ама јас се сакам и го сакам своето тело. Не, не го сакаш. Нели телото е нашиот храм. Well, грижи се за него.
     
    На mKdevojce, Directioner005 и Medea. им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.970
    Пол:
    Женски
    Тука ќе навлеземе во друга територија, кој како сфаќа што е вложување во изгледот.
    Можда за нејзе е секогаш да е тип топ нашминкана, дотерана, ништо да не штрчи. Може за друга не е тоа.
    Или еве јас имам вишок, па сега не се сакам. Што нема врска, затоа е друга тема за разглабање сосем, ја имаме Убаво ми е што сум дебела темата и темата за Неуредни девојки.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Да, темава е диета или не.
    Но секако зборот ВЛОГ- ВЛОЖУВАЊЕ во себе може да опфати од физички изглед до козметички третман.
    Како и да е, не е лошо мислењето на членката.

    Енивеј, ова директно за тебе кажано- ако ти не осеќаш потреба да ги симнеш тие неколку кг, ако ти си се допаѓаш во огледало, ако ти се осеќаш пријатно во својата кожа... онда не менувај ништо.
     
    На Directioner005 и Medea. им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.096
    Допаѓања:
    66.970
    Пол:
    Женски
    Не може некој таква генерализација да даде, може само да си каже за себе како се осеќа удобно.
    Океј, ако тебе (не тебе лично) ти е убаво коа си средена супер може на некој друг тоа и не му е толку важно, но тоа секако не значи дека не се сака себе. Може не му е горе на листа на приоритети.
     
    На Gosh, Srckata28 и Калатеа им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Пак ќе речам, зависи како го сфаќаме зборот- вложување во себе.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    667
    Пол:
    Женски
    Ја еве почнав си спуштив апликација за броење калории што ми има во минатото помогнато и според мене ефективна е. :D Не заборавајте вода да пиете пилци.
     
    На truffles му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.310
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислев дека тие што вложуваат во својот умствен развој, тие што се надоградуваат и се развиени во мозокот се почитуваат. :?:
     
    На Калатеа и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  20. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    7.845
    Пол:
    Женски
    Зависи што се подразбира под зборот диета. Диета е режим на исхрана, но многу луѓе го толкуваат како изгладнување. Секој човек најдобро за себе си знае, но онаква "диета" каква што ни сервираат манекенките, само штета се прави на телото. Сепак, му требаат на телото доволно калории за да функционира.

    Секој човек знае како се осеќа во свое тело. Ако таа диета не е претеризам, зошто да не.
     
    На truffles му/ѝ се допаѓа ова.