Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се држи диета или не?

Дискусија во 'Диети' започната од RainBow, 21 мај 2023.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.648
    Допаѓања:
    39.384
    Пол:
    Женски
    За муабетот горе. Ако љубовта кон себе ни се сведува на нокти и коса, не ја ни поседуваме.
     
    На Gosh, arontt, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Точно. Јас го разбирам прашањето како ..да се внимава на исхраната или не?
    Секако одговорот е да.
     
  3. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    Оти не и двете? :D
     
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    Двете е идеално, ама ако се бира меѓу двете, тогаш физички изглед не треба да е приоритет. Така беше наведено.
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    7.155
    Ако гледаме натуралистички, баш ако се сакаме себеси не треба нокти да ставаме, ни да се депилираме под пазуви кај што има жлезди, да не си гориме коса со штетни хемикалии… итн:)

    Најмногу страдаме од не толку активен живот, пешачење секој ден, некој спорт, а тоа е затоа што едноставно водиме многу брз живот - посебно тие со деца.

    На крај на ден, покрај работа, маркети, ситни домашни обврски и дете, ми остануваат 2 часа - често преморена за било што екстра активно. Верувам и кај другите е така.

    Во краток временски период да стиснеш неколку хобиња е тешко:D

    Апликација за броење калории ме спасува многу за да не претерам, не со лоша храна, туку и со здрава храна да не претерам калориски (кога веќе знам дека немам кај да ги истрошам).
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    12.126
    Пол:
    Женски
    Не преферирам држење на диета, одење по некои правила, јадење кога не ти се јаде... За здрав начин на живот сум секогаш, но држењето на диета мене барем ми е премногу стресно. Намалување на вишокот килограми е секогаш добредојдено, не само заради изглед туку и од здравствен аспект. Голем дел го прават заради изглед и потоа ставаат повеќе килограми од тоа што претходно биле. Јас да имам вишок килограми ми пречат, кога имав вишок килограми едно 10 повеќе и сакав да намалам, решив да менам начин на исхрана, не држев диета едноставно почнав да јадам помалку и поздраво.
     
    На Akapulka, Anyshka, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Пешачење за мене беше гејмчејнџер. Седам на работа и знаев дека тоа е најголемиот проблем. Се откажав од непотребно буљање у телевизор навечер и целодневно седење по кафиња/кафани и почнав секаде да одам пешки. Пешачам по три саати во денот (надвор од идење до ваму, до таму). Не е лесно, ама па уште е потешко седење по цел ден. За телото, за мозокот, за сѐ.
     
    На Gosh, Victorian, Srckata28 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.352
    Диета што беше спомнато толкувана како гладување имам применувано. Ефекти имало ама краткорочни, на долги стази не затоа што најчесто си ја враќав намалената килажа, а понекогаш и плус накачував од почетната.

    Диета како хигиенско -диететски режим, како нов и постојан начин на здрава исхрана надополнета со редовно вежбање дава долгорочни резултати.
    Откако внимавам каков тип храна јадам, колку време сум физички активна, колку енергија вложувам во бирање здрава храна и правилни намирници и нивно правилно подготвување се осеќам поенергично, а и вагата укажува дека доволно и добро вложувам во себеси и сопственото здравје.
    Иако не ми е толку до вагата, знае и да стои килажата некое време, побитно ми е што поради константната физичка активност телото ми е многу променето.
    Често не е битна бројката туку формата и дали здравствените параметри се во нормала.
    Имам уште за намалување и имам желба да намалам и го ремоделирам телото воглавно преку вежбање, а сакам да вежбам бидејќи ми дава побистар и смирен ум.
     
    На INNERBEAUTY, Gosh, FridaodaMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.487
    Пол:
    Женски
    Ова е тоа што го приметувам во темата за морална поддршка за слабеење, таму жените буквално се тероризираат самите себе, вриштат, пиштат за храна, трпат глад цел ден и мислат дека тоа е единствениот начин да се слабее. Што ми е многу апсурдно. Јас се просветлив откако сфатив дека јадење, нешто што ни треба за живеење, не треба да е стресно, едноставно јадеш.

    И исто така секој втор пост е "Јас последниве 3 месеци се опуштив сега се враќам назад..." Ваљда не мислеле дека на секој роденден до крајот на живот ќе одбиваат парче торта. :?:

    И исто проблемот со диетите, никој кој држи диета, не размислува за што потоа. Океј, стигаш до Х килограми и сега што? Немаш навика за здрав живот, имаш навика да трпиш.

    Мислам дека сме генерално многу неедуциран народ во врска со диети, особено жените пошто меѓу нас владее култура на диети. Мажите сакаат да се билдаат, они обично ќе научат за протеини и што повеќе калории и тоа им е супер. Ние жените учиме за УН диета, немој никако леб, овошје за доручек.. за жал.
     
    На INNERBEAUTY, RainBow, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  10. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    12.126
    Пол:
    Женски
    @Srckata28 не знам дали добро ме прочита, јас не држам диета никогаш, туку се посветов на здрав начин на живот, и ете 10 години ни едно кило немам вратено, за мене диетата е нездраво и стресно за организмот
     
    На Anyshka и sani99 им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.174
    Допаѓања:
    15.491
    Држење на диета значи откажување, повторно почнување, јојо ефект и постојано вртење во истиот тој круг. Сето тоа многу често резултира во појава на нарушувања во исхраната како binge eating и слично. Не прашувајте од каде знам :bug:.
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.623
    Зависи колку килограми имаш вишок. Ако имаш преку 20 килограми вишок, тогаш да, мораш. За здравјето, за тебе, за семејството.
    После одреден период, би ти станало начин на живот, па нема го го гледаш ко диета.

    Ако имаш помалку, тогаш не диета, него некој режим на исхрана каде ем ќе јадеш, ем вкусно, ама и здраво, и ќе ослабнеш со тек на време, и ќе ти стане дел од животот, навика.
    Пример, намали на големина на порција, не јади вештачки грицки и благи, леб со секој оброк, газирани сокови, али и дозволи си да си се почастиш неколку пати неделно.
    Треба баланс у животот.

    Ја као некоја која има-ла, уште не знам на што сум искрено, проблеми со исхраната, од крајност у крајност, цел ми е да ослабнам оти ми мава на психа, али истовремено сакам и да се хранам здраво и да бидам физички активна, за мене,за здравјето. А и плус за да си јадам и што сакам понекогаш, некоја пицичка, бургер, сладолед, а килажата да ми биде одржана.

    Плус, еве утре деца сакам да имам, не сакам лош пример да им дадам дека треба да се јаде се, без да се биде умерен, или па да се тресам над лист марула ко од сало да е, и да не јадам со нив на трпеза.

    Затоа сакам да се хранам здраво, умерено, вкусно, па и мрсно и благо, за да тој начин на живот да е нормален и задоволителен за мене, па утре и за моето семејство.
     
    На Nausicaa, Akapulka, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.487
    Пол:
    Женски
    Yeah... се согласив со тебе. :D
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Машки
    Држење диета е добро ако имате некој здравствен проблем.

    На пример има луѓе со ненормална прекумерна тежина и им треба хитно намалување на килажата како не би скинале конци.
    Патат од проблеми со срце, запушени крвни садови, замастена јетра, дијабетес и тн.
    Секако после диетата ќе мора да се стават на избалансирана исхрана како би ја одржале килажата во нормала.

    Значи ако е хитна ситуација.

    Се друго се решава со или намалување на оброците или промена на исхрана доколку веќе постоечката е нездрава.
    И тоа не треба да го нарекуваме диета.

    Затоа што диета е со рок и се што е со рок ќе заврши и после пак по старо па и полошо во некои ситуации.

    Пробувајте со мали промени.

    Сите викаат да не се јаде бел леб.
    Некој што е растен на бел леб е многу тешко да го исфрли од секојдневна исхрана во ист момент, но може да го намали.
    Па со тек на време да се замени со интегрален ама вистински или воопшто да не се јаде леб.

    Ова со лебот го дадов како пример од лично искуство.
    Затоа што ми е најтешко кога ќе влезам во некоја пекара и ми се јаде некое тесто и толку е мал изборот за интегрални производи тоа е чудо.
    Дури некаде воопшто и нема да се купи.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.